verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Искривена слика

on 29 - 02 - 2016       

 

Untitle 1

[Рецензија: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести]

 

Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој наместо да информира за протестите на граѓаните против одлуката на Уставниот суд (да ја оцени како основана иницијативата за измени во Законот за помилување), се обидува протестите да ги припише „на СДСМ и на СОРОС“ и со тоа да ја фрли во сенка главната порака од настанот.

Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно сега манипулираат и прават протестиЛинкуван наслов на анализираниот напис: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести    

Датум и време на објавување: 25.02.2016

Датум на рецензирање: 27.02.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А ДА СЕ ПРАША НОВИНАРКАТА?

Уште на самиот почеток од текстот (кој се повикува на друг медиум), исто како и во насловот, се манипулираат читателите дека „СДСМ и СОРОС“  ги организирале протестите пред Уставниот суд. Покрај тоа, написот наведува и дека токму „СОРОС и СДСМ“ се тие кои порано тврделе дека ограничувањето на правото за помилување било противуставно, а сега протестираат. Кога некој тврди вакво нешто, треба да понуди и цврсти докази за тоа. Но, во текстот тоа не е случај.

„Порталот потсетува на текстот каде жестоко се бранеше правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, а кој беше напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ.“

Тука имаме повикување на текст од новинарка за која се тврди дека била член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ. Меѓутоа, во деловите од текстот, пренесени во овој напис, никаде нема став на новинарката, туку изјави од консултирани аналитичари. Понатаму, во овој напис никаде нема цврсти докази за тоа дека новинарката на кој било начин е поврзана со „СОРОС и со СДСМ“, а уште помалку дека е член на некакви структири, какви што се спомнуваат во текстот.

Она што го има во овој напис се само неосновани индиции и напади по секоја цена, без никакви аргументи. Се напаѓа новинарка, се користи нејзин текст, а притоа нема никаде нејзина изјава или став, што е новинарски непрофесионално.

„Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна.“

Во овoј дел од текстот, новинарката се поистоветува со „истите кои манипулираат“, иако не се знае кои се тие конкретно и каква е нивната поврзаност.

Според сето ова, овој текст не е ништо друго освен гола политичка пропаганда и повеќе наликува на партиско соопштение, отколку на новинарски производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести