Рецензии

На „отстрел“ и претседателот на ДИК

на 24. 02. 2016 | |

 

[Рецензија:Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ]

  Кој не мисли како власта, тој е против власта. Така би можел да се дефинира трендот да се омаловажат, навредат, дисквалификуваат, поединци и институции чија работа не им е по волја на експонентите на власта. Овојпат на дневен ред дојдоа ДИК и нејзиниот претседател, Александар Чичаковски.
Линк до оригиналниот напис: Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: б21.02.2016, 16:09 Датум на рецензирање: 23.02.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ИСКРИВУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

Прилогот отвора битка против претседателот на Државната изборна комисја и во име на владејачката партијата го повикува на одговорност затоа што не удоволил на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да свика седница на ДИК, а тоа

Вест ли е, партиско соопштение ли е?

на 24. 02. 2016 | |
 

 [Рецензија: Зошто СДСМ бега од избори?]

  Четивото што го рецензираме е со симптоми на подвоена личност – се претставува и си верува дека е вест, а всушност е партиски билтен. Користејќи го речиси истиот јазик како и една од партиите за кои се зборува во текстот, направена е повреда на етичките правила за непристрасност при известување за политички натпревар во предизборен период. Освен тоа, го нема ни основниот услов – втора страна, чии ставови ниту ги има во текстот, ниту е направен обид да се побараат. Ако, пак, се сакало да се прикаже како анализа или коментар, тоа требало јасно да биде назначено, а не да се објавува како вест.  Линк до оригиналниот напис: Зошто СДСМ бега од

Бараме затворска казна – ние сме „допрен глас од јавноста“

на 24. 02. 2016 | |
 

 

[Рецензија: ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА КАТИЦА И ОЛИВЕР: Противправно лишување од слобода и пет години затворска казна за одговорните!]

Конкретниот „информативен“ портал испорача текст што не е чиста небулоза или говор на омраза. Сепак, тоа не значи дека понудениот материјал е професионален и издржан според професионалните стандарди. Далеку од тоа, но едноставно заслужува да се нотира. Во текстот што го рецензираме има два три етички проблеми – нема извор, се мешаат факти со коментари и во еден дел написот се нуди да послужи како „допрен глас“ до правосудните органи.  Линк до оригиналниот напис: ЗАТВОРСКИ КАЗНИ ЗА КАТИЦА И ОЛИВЕР: Противправно лишување од слобода и пет години затворска казна за одговорните! Датум и време на објавување: 20.02.2016 Датум на рецензирање:

Етичкиот кодекс на МРТ како „тоалетна хартија“

на 24. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Средба на лидерската четворка]

  Вечерниот ТВ-дневник на националната телевизија на 21 февруари го повреди сопствениот кодекс, Етичкиот кодект на МРТ. Во екот на расправата за медиумските реформи, МРТ ги подготви и ги испромовира професионалните и етички стандарди на вработените во јавниот медиумски сервис, од кои поголем дел се однесуваат на новинарите и на нивната работа. Но, еве, не поминаа ниту цели два месеци, а беа прекршени најмалку два значајни члена од нивниот кодекс. Телевизијата сокри факт. Односно, неточно информираа дека на 21 февруари на лидерската средба биле присутни сите четворица претседатели на најголемите политички партии во земјата. Премолче дека на таа средба не беше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Линк до оригиналниот напис: Средба на лидерската четворка Датум и време

Неуверлива објава

на 24. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара”]

  На овој текст тешко може да му се верува. Во него нема видеозапис кој може да ги убеди читателите дека  Заев и Шекеринска навистина ја напуштиле манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“, како што се тврди уште во насловот на текстот. Ниту, пак, се посочуваат цврсти докази  дека тоа го направиле демонстративно, затоа што, наводно, не им се допаднале скечевите на Сашко Коцев. Линк до оригиналниот напис: На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија „Бубамара” Датум и време на објавување: 19.02.2016, 14:23 Датум на рецензирање: 22.02.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТУКА НЕШТО НЕ ШТИМА

Овој  текст е

Новинарско „самоутепание“ од заседа

на 23. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Ванхауте впери пиштол во државата]

  Република Македонија е чудесна земја. Со уште почудесно новинарство. Од Господ дадено за да се пишуваат рецензии за изблиците на непрофесионалност која ги надминува сите граници на возможното. И секогаш изненадува со нови „достигнувања“. „Сервисот за проверка на фактите“ е сериозен проект, но понекогаш треба да се занимава со многу несериозни новинарски производи за кои постојат сосема соодветни квалификации. Ама заради сериозноста и одговорноста на овој проект и на неговите спроведувачи, сепак нема да ги употребиме. За жал. Еден таков изблик е овој, што е предмет на оваа рецензија. Пред нас имаме еден случај во кој еден сосема духовита твитер-објава и мачешко „меме“ се целосно извртени и спинувани во потерница. Во хајка против

Манипулативно „мјаукање“

на 23. 02. 2016 | | sq
 

[Рецензија: ВИДЕО: Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието]

  Написот, кој е целосно едностран, е посиромашен за ставот на пратеничката Софија Куновска и за нејзината верзија на случувањето. Нема изјава од ниту еден друг присутен член на седницата на Kомисијата за образование, кој може да потврди или да негира дали вакво нешто се случило. Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието Датум и време на објавување: 19.02.2016, 20:01 Датум на рецензирање: 22.02.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

КАДЕ СЕ ГЛЕДА ДЕКА КУНОВСКА „МЈАУКА“?

Текстот, што е предмет на анализа, изнесува тврдење дека пратеничката на СДСМ „мјаукала и го плазела јазикот“ за време на собраниската Комисија за образование

Пристрасно загадена пропорционалност

на 22. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Граѓаните знаат кој лаже, а кој работи и на прочистување на воздухот и на проекти за подобар живот]

  Еден од врвните принципи на новинарствотот е вестите да бидат комплетни и пропорционални. Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. „Дувањето“ на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи. Имаме извештај од седница на Град Скопје на која се расправало за загадувањето на воздухот во главниот град. Една од најболните и најзагорзувачки теми за здравјето на граѓаните. Но, наместо извештај кој ќе

Можен криминал затскриен зад македонштината

на 22. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија]

  Овој текст претставува типична манипулација и истакнување на патриотизмот, обид да се претстават СДСМ и Катица Јанева како државни непријатели, како некои кои ги гонеле големите македонски патриоти. Линк на оригиналниот напис: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија Датум и време на објавување: 13.02.2016 Датум на рецензирање: 19.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ПРЕДИЗБОРНА ПОЛИТИЧКА ИГРА

Прво, тоа што е нелогично и што претставува спин е поврзувањето на Зоран Заев со Катица Јанева и нивното заедничко дејствување, односно обидот да се претстави специјалната обвинителка дека работи по диктат на лидерот на СДСМ. Ваквата слика што подолго време се наметнува во дел од медиумите, сега е дополнета и со обвинителката

Насловна страница со еднострана вистина

на 22. 02. 2016 | | sq

[Рецензија: Јанева не е надлежна за случаите „Маѓар телеком“ и „Верушевски“]

  Веста што е предмет на оцена осамнала на насловната страница. Тоа, секако, претпоставува поголема одговорност во однос на содржината што треба да го поткрепи изборот, за она што треба да ги привлече консументите уште со приодот кон киоскот за весници. Убава слика, привлечен наслов, ама и комплетна вест! Го имаме ли тоа?
Линк до оригиналниот напис:  Јанева не е надлежна за случаите „Маѓар телеком“ и „Верушевски“ Датум и време на објавување: 17.02.2016, 16:43 Датум на рецензирање: 18.02.206 Рецензент: Љубомир Костовски  

А СТАВОТ НА ВТОРАТА СТРАНА?

„…случајот “Маѓар телеком”, потоа за случајот во кој поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски беше осуден на три