verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Пристрасно загадена пропорционалност

on 22 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

02222016-Kurir-Zagaduvanje 11

[Рецензија: Граѓаните знаат кој лаже, а кој работи и на прочистување на воздухот и на проекти за подобар живот]

 

Еден од врвните принципи на новинарствотот е вестите да бидат комплетни и пропорционални. Настојувањето вестите да бидат пропорционални во однос на нивното значење е во основата на трагањето по вистината. Новинарството е како картографијата: тоа создава мапи кои на граѓаните им помагаат успешно да се снаоѓаат во општествените системи. „Дувањето“ на настаните заради сензационализам, потценувањето на другите извори, стереотипизирањето и несоодветниот негативен став, не создаваат веродостојни мапи.

Имаме извештај од седница на Град Скопје на која се расправало за загадувањето на воздухот во главниот град. Една од најболните и најзагорзувачки теми за здравјето на граѓаните.

Но, наместо извештај кој ќе биде комплетен и пропорционален, ние читаме крајно неизбалансиран текст, 90 отсто од текстот е отстапен на советничка од ВМРО-ДПМНЕ, а само еден мал пасус за советник на СДСМ, по кој следува одговорот на советничката. Тоа не е пропоционално. Тука пропорционалноста е „загадена“ од пристрасност. Политичка.

02222016-Kurir-ZagaduvanjeЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните знаат кој лаже, а кој работи и на прочистување на воздухот и на проекти за подобар живот

Датум и време на објавување: 18.02.2016 / 16:48

Датум на рецензирање: 22.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

АПОЛОГЕТИКА

Интересно е дека во целата тирада во одбрана на градоначалникот на Скопје, има само една реченица која говори за неговите мерки за спречување на загадувањето на воздухот во Скопје. Целата останата содржина од овој настап на советничката е апологетика на мерките на Владата кои, на крајот од краиштата, сепак не даваат неопходни резултати. Без разлика на промените на времето, одвреме-навреме, скопјани живеат во еден од петте најзагадени градови во Европа.

Она што понатаму останува како законска обврска на градоначалникот,  произлегува од Законот за квалитет на амбиентниот воздух – членот 26, кој утврдува кој е одговорен да донесе програма за намалување на загадувањето и за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух:

„Планот за квалитет на воздух од ставот  на овој член ги подготвува градоначалникот на општината и градоначалникот на градот Скопје во соработка со органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина за период од пет години.“

Ова требало да се знае при известувњето од седницата. Белким, во тој случај, текстот ќе бил многу повеќе врамнотежен и неутрален, зашто дистанцата од политичките елити (Член 14 од Кодексот на новинарите) е суштински услов на новинарството, основа за новинарската веродостојност. Независноста на духот и на мислата, заедно со новинарската позиција на неутралност, се водечките принципи на професионалното новинарството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Селективно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести