verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулативно „мјаукање“

on 23 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ВИДЕО_ Куновска мјаукаше на комисијат_ - http___netpress.com.mk_video-kunov 11

 

[Рецензија: ВИДЕО: Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието]

 

Написот, кој е целосно едностран, е посиромашен за ставот на пратеничката Софија Куновска и за нејзината верзија на случувањето. Нема изјава од ниту еден друг присутен член на седницата на Kомисијата за образование, кој може да потврди или да негира дали вакво нешто се случило.

ВИДЕО Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието NetPress NetPressЛинк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Куновска мјаукаше на комисијата за универзитетот „Дамјан Груев“ во Собранието

Датум и време на објавување: 19.02.2016, 20:01

Датум на рецензирање: 22.02.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

КАДЕ СЕ ГЛЕДА ДЕКА КУНОВСКА „МЈАУКА“?

Текстот, што е предмет на анализа, изнесува тврдење дека пратеничката на СДСМ „мјаукала и го плазела јазикот“ за време на собраниската Комисија за образование која расправа за законот за универзитетот „Дамјан Груев“.

Притоа во текстот е закачена видеоснимка која има цел „навидум“ да го докаже ова тврдење, но, всушност, не покажува ништо друго освен гласните забелешки на претседателката на Комисијата, Олга Најденовска, дека пратеничката Куновска „мјаука“.

Но, во видеозаписот не може да се слушне наводното „мјаукање“ на Куновска, ниту, пак, има кадар во кој може да се забележи дека таа го „плази јазикот“.

Во завршниот дел на оваа медиумска објава се забележуваат коментаторски елементи, па дури и осуда на Куновска за нешто што не знаеме дали навистина го направила, со што се наведува читателот да добие негативно мислење за пратеничката. Згора на сè, се коментира за културата и за домашното воспитување на Куновска.

„И после неколкуте апели од страна на претседавачот до пратеничката Куновска да се воздржи од мјаукање, ваквиот специфичен начин на анимален парламентаризам очигледно беше посилен од нормативите за културно однесување и домашно воспитување, па работата на комисијата која дискутира еден многу важен и сериозен Закон за универзитет прекина поради мјаукањето на Куновска.“

Па, бидејќи во написот нема никаква потврда за „настанот“, се става акцент на забелешката на претседателката на Комисијата. Нејзините зборови се претставуваат како апсолутно точни и  потоа со нив се манипулира, за читателот да оформи негативен став кон Куновска.

Вистински новинарски производ, секогаш мора да ја вклучи и втората – засегнатата страна. Релевантна новинарска содржина не смее да се базира само на едно тврдење, без притоа да се обиде да дознае што навистина се случило. За еден напис да биде објективен и неутрален, треба да ја истражи реалната ситуација, а не само слепо да ѝ верува на едната страна, уште повеќе ако постои соменж дека целата приказна е инспирирана од некој политички центар.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести