На „отстрел“ и претседателот на ДИК
Објавено во Рецензии
on 24 - 02 - 2016 Автор: Александар Писарев
[Рецензија:Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ]
Кој не мисли како власта, тој е против власта. Така би можел да се дефинира трендот да се омаловажат, навредат, дисквалификуваат, поединци и институции чија работа не им е по волја на експонентите на власта. Овојпат на дневен ред дојдоа ДИК и нејзиниот претседател, Александар Чичаковски.
Линк до оригиналниот напис: Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ
Датум и време на објавување: б21.02.2016, 16:09
Датум на рецензирање: 23.02.2016
Рецензент: Александар Писарев
ИСКРИВУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ
Прилогот отвора битка против претседателот на Државната изборна комисја и во име на владејачката партијата го повикува на одговорност затоа што не удоволил на барањето на ВМРО-ДПМНЕ да свика седница на ДИК, а тоа го истакнува и во насловот: „Чичаковски недостапен за одговор на прашањето на ВМРО-ДПМНЕ“.
„Десетици телефонски повици и неколку СМС пораки не беа доволни претседателот на ДИК да одговори дали и кога ќе ја закаже седницата на Државната Изборна Комисија која утринава ја побара владејачката партија?“
Ова е или елементарно непознавање на законската процедура или намерно искривување на фактите. Се прави манипулација за да се внесе забуна меѓу грѓаните, да се дискредитира и да се омаловажи претседателот на ДИК и да се обвини дека намерно не одговара на прозивката и не закажува седницата на ДИК, иако тоа го побарала ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е сериозна манипулација. Со Изборниот закон, (глава 8. Член 26) единствениот кој има право да побара седница на ДИК е нејзиниот претседател или член, доколку има поддршка од сите членови на комисијата, а не политичка партија. Исто така, претседателот на ДИК, за својата работа одговара и дава отчет исклучиво пред Собранието на Република Македонија, кое го избрало, а не на политичките партии.
СОМНИТЕЛНИ ИЗВОРИ
Повикувајќи се на информации од неименувани извори (други членови на ДИК), прилогот заклучува дека Чичаковски требало да работи и во недела. Изворот е на стаклени нозе, а како, кога и колку треба да работат членовите на ДИК и нејзиниот претседател можело да се провери од посигурен извор овде.
Целата содржина на прилогот, понатаму оперира со невистина. Повикувајќе се, наводно, на „уставот и законите“ , на „експетите“… се констира дека ДИК и нејзиниот претседател не се надлежни да оценуват дали има услови за одржување на изборите. А бидејќи тоа го прават, написот заклучува дека првиот човек на ДИК треба да си поднесе оставка.
„Чичаковски и ДИК не се тие кои треба да оценуваат дали треба да има услови за избори. Единствената задача на ДИК е да ги спроведе изборите тогаш кога собранието ќе ги закаже. Доколку ДИК нема капацитет да одговори на задачата добиена од собранието токму нејзиниот претседател е тој кој треба да си поднесе оставка.“
Содржината на четивото и понатму оперира со невистина и со конструкции, за на јавноста да ѝ сервира наводни „докази“ за поврзаност и на оваа инститција и на нејзините први луге со „Сорос“ и со опозицискиот лидер Зоран Заев и СДСМ, а чија единствена цел, пак, е да побегне од граѓаните и нивната оценка на изборите.
Поради невистината што ја пласира, но и поради елементарното непознавање или сокривање на фактите и несигурни извори, ова четиво комплетно отстапува од основните начела на објективното новинарство и не ги почитува етичките принципи на професијата што произлегуват од Кодексот на новинарите на Македонија.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
нема
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови