verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест ли е, партиско соопштение ли е?

on 24 - 02 - 2016       

 

http___press24.mk_zoshto-sdsm-bega-od-izbori 11

 [Рецензија: Зошто СДСМ бега од избори?]

 

Четивото што го рецензираме е со симптоми на подвоена личност – се претставува и си верува дека е вест, а всушност е партиски билтен.

Користејќи го речиси истиот јазик како и една од партиите за кои се зборува во текстот, направена е повреда на етичките правила за непристрасност при известување за политички натпревар во предизборен период. Освен тоа, го нема ни основниот услов – втора страна, чии ставови ниту ги има во текстот, ниту е направен обид да се побараат.

Ако, пак, се сакало да се прикаже како анализа или коментар, тоа требало јасно да биде назначено, а не да се објавува како вест.

 11111Линк до оригиналниот напис: Зошто СДСМ бега од избори?

Датум и време на објавување: 22.02.2016, 13:28 

Датум на рецензирање: 23.02.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

РАЗДВОЈУВАЊЕ НА НОВИНАРСТВОТО ОД ПАРТИЈАТА

Текстот има сериозни проблеми од апсект на новинарските стандарди. Најлесно за објаснување е ако метаформично кажеме дека преку него се покажува симптом на синдром на подвоена личност. Ем е напис во медиум, ем е партиско соопштение! Како поинаку да се објаснат употребените формулации кои како буквално да се препишани од интернет-страницата на владејачката партија:

„Евентуалното одложување на изборите е посакувана цел за СДСМ поради нивниот страв од народот. Свесни дека ја немаат поддршката од граѓаните и дека на изборите ќе доживеат нов пораз, што покажуваат и анкетите, на СДСМ единствено му остана да го спроведува своето деструктивно сценарио и земјата да ја воведе во уште подлабока криза“.

Еве како ова изгледа на веб-страницата на ВМРО-ДПМНЕ во нивното соопштение за истиот проблем:

„Точно е само дека не постои подготвеност на СДСМ да излезе на избори, затоа што е свесна дека ќе ги загуби бидејќи ја нема поддршката од народот. Точно е и дека заради тој страв СДСМ сака пролонгирање на кризата и СДСМ е подготвена на се за да го направи тоа“. (соопштение на ВМРО-ДПМНЕ 22.02.2016)

 Како аргумент дека опозицијата бега од избори се користи истражувањето на јавното мислење на извесна агенција кое покажува голема предност на владејачката партија. Но, тоа секако не го оправдува пристапот во кој текстот како да си се поистоветува со ВМРО-ДПМНЕ или, поточно, како да е пишуван во ВМРО-ДПМНЕ.

Изненадува, нормално непријатно, исклучително високиот степен на самоидентификација со владејачката партија, што е класична пристрасност, забранета со сите кодекси за новинарски стандарди. Во текстот не се користи никаква, ама баш никаква новинарска алатка за оградување од типот на „владејачката партија“, „наши извори“, „дипломати“, итн… туку се „пука“ со сиот арсенал, како политичкиот судир меѓу власта и опозицијата да е нешто во кое треба да се заземе „братска“ страна.

 

НЕРАЗБИРЛИВО И НЕПРОФЕСИОНАЛНО

Еве уште еден пример кој укажува на тоа дека станува збор за текст што не може да се третира како новинарско четиво:

„Свесен од недовербата која ја ужива кај граѓаните, Заев продолжува со кризата поради која страда економијата. Со спроведување на неговото црно сценарио Заев посакува освен политичка и економска криза која би резултирала со помалку вработувања, застој во земјоделието, во индустриското производство и со сите проекти од кои граѓаните имаат корист“.

Кој го вели ова? Медиумот, партијата, изворот, колумнистот… Целосна конфузија.

А каде е втората страна? Што станува со овој задолжителен стандард? Го нема. Тенденциозно, уште во насловот се прашува „Зошто СДСМ бега од избори“, а никому не му текнало или не се сакало да се сврти еден телефонски број и да се обезбеди потврда на таа теза или одговор на прашањето дали навистина се бега од избори. Ако ништо друго, можело барем да се наведе официјалниот став на опозицијата повторен десетици пати во изминатите денови.

Без дилема станува збор за нарачан текст, што се гледа и од фактот дека се размножува и на други слични медиуми. Понудениот напис не успеал да одговори на низа професионални предизвици, меѓу кои еден од клучните е непристрасноста во известувањето и дистанцата од политичките субјекти.

„Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти“, се вели во член 14 од Кодексот на новинари.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

делумно

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести