verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Можен криминал затскриен зад македонштината

on 22 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија I _ - http___zurnal.net_ 11

[Рецензија: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија]

 

Овој текст претставува типична манипулација и истакнување на патриотизмот, обид да се претстават СДСМ и Катица Јанева како државни непријатели, како некои кои ги гонеле големите македонски патриоти.

Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија zurnal.netЛинк на оригиналниот напис: Едмонд Темелко – брана на македонштината во Албанија

Датум и време на објавување: 13.02.2016

Датум на рецензирање: 19.02.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

ПРЕДИЗБОРНА ПОЛИТИЧКА ИГРА

Прво, тоа што е нелогично и што претставува спин е поврзувањето на Зоран Заев со Катица Јанева и нивното заедничко дејствување, односно обидот да се претстави специјалната обвинителка дека работи по диктат на лидерот на СДСМ. Ваквата слика што подолго време се наметнува во дел од медиумите, сега е дополнета и со обвинителката Фатиме Фетаи, која го образложи предметот „Титаник“.

„Дали Зоран Заев, Катица Јанева и Фатиме Фетаи сакаат пак да ги судат Македонците поради љубота кон татковината?“

Каква врска има Зоран Заев со обвинителството и со Катица Јанева? Нивното поврзување е обид да се создаде погрешна слика во јавноста дека Катица Јанева дејствува според она што ќе ѝ го наложи СДСМ. Понатаму, во текстот се наведува дека тие сакале да „ги судат Македонците поради љубовта кон татковината“. Во обвинителниот акт против Едмонд Темелко никаде не е наведено дека тој е осомничен за љубов кон татковината, туку за изборни измами.

Љубовта кон татковината не може да се идентификува со сомневање за кривично дело, а уште помалку тој што е осомничен за кршење на законот може да се крие зад патриотизмот. Токму тоа се прави во овој напис, што е спротивно на новинарските професионални стандарди. Имено, новинарскиот производ не треба да суди и да проценува, туку треба да содржи информации од интерес на јавноста, а читателот самиот ќе донесе процена.

„Тие го уапсија и се обидоа да го притворат градоначалникот на општината Пустец Едмонд Темелко, кој  на албанската политичка сцена стана синоним за отпор во истрајноста и борбата за заштита на правата на Македонците во Албанија.“

Тука повторно се наведува читателската публика на спинот дека Едмонд Темелко бил уапсен поради тоа што е градоначалник на Пустец. Не е спорно дека тој е единствениот македонски градоначалник во Албанија, но тоа во случајов не е предмет на интерес. Специјалното обвинителство не покрена обвинение против него поради тоа, туку поради сомневање за изборни измами. А тоа во текстот не е никаде истакнато, ниту наведено.

Подолу во текстот е наведена опширна биографија за Едмонд Темелко, за да му се посочи на читателот што сè тој има направено во општина Пустец и за да се поентира дека

„Едмонд Темелко е браната на македонштината во Албанија“.

Овој напис има цел да ја нападне специјалната обвинителка и да ја поврзе со лидерот на СДСМ, а од друга страна, да го претстави Темелко како голем патриот. Тоа, пак, повеќе наликува на политичка игра пред избори, отколку на новинарско известување.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести