verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарско „самоутепание“ од заседа

on 23 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_makedonija_vesti_v 11

[Рецензија: Ванхауте впери пиштол во државата]

 

Република Македонија е чудесна земја. Со уште почудесно новинарство. Од Господ дадено за да се пишуваат рецензии за изблиците на непрофесионалност која ги надминува сите граници на возможното. И секогаш изненадува со нови „достигнувања“.

„Сервисот за проверка на фактите“ е сериозен проект, но понекогаш треба да се занимава со многу несериозни новинарски производи за кои постојат сосема соодветни квалификации. Ама заради сериозноста и одговорноста на овој проект и на неговите спроведувачи, сепак нема да ги употребиме. За жал.

Еден таков изблик е овој, што е предмет на оваа рецензија. Пред нас имаме еден случај во кој еден сосема духовита твитер-објава и мачешко „меме“ се целосно извртени и спинувани во потерница. Во хајка против главата на олеснувачот во политичките преговори во нашата земја.

02222016-Kurir-VanHojteЛинк до оригиналниот напис: Ванхауте впери пиштол во државата

Датум и време на објавување: 21.02.2016, 13:54

Датум на рецензирање: 22.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

СПИН – ПОМИЈАРНИК

Оттука натаму, овој текст, кој се нарекува медиумски само затоа што е објавен на интернет-платформа која сака да биде медиум, се претвора во уште еден производ на опристрасеното, исполитизирано, партизирано, хушкачко и недостојно за професијата, „новинарство“.

Но, не можеме да останеме должни за да не го протолкуваме начинот и манипулацијата со која мачката, граѓанинот – стана државата, а пиштолџија стана – белгискиот олеснувач.

За да се направи овој спин – помијарник, се извртува приказната за „меме-мачките“ која стана популарна меѓу граѓаните во Брисел по терористичките напади во Париз, кога беше најавено дека следна мета на терористите е Брисел.

Граѓаните на овој град, за да покажат дека нема да бидат исплашени и ставени во глувчешка дупка, се претворија во мачки кои почнаа да се самоорганизираат и едуцираат за самоодбрана од тероризам, откако нивната влада побара да се воздржат од коментари на социјалните мрежи за да не ги компромитираат акциите на полицијата!? Токму така, граѓаните мачки иронизираа и се потсмеваа на наивното барање на полицијата. Целиот свет така го сфати и така го толкуваше тоа. Ама, некои македонски медиуми не би биле тоа што се ако не ја извртеа таа поента во своја, бесмислена, полза.

Питер Ванхауте е новинар, писател и поранешен член на белгискиот парламент. Освен новинарски текстови, тој е автор на неколку поетски и книги со раскази. Ние се уверивме дека тој лесно сублимира политички феномени во кратки и разбирливи форми. Се разбира, за тој што сака така да ги види и да ги прочита.

Овој текст си впери пиштол сам себеси и си изврши новинарско „самоутепание“ од заседа. Увидот на форензичарите е невозможен зашто се кинат од смеење и не се во можност да си ја извршат работата!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

селективно наведен автор (извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести