Рецензии

Стопати повторена лага се „продава“ како вистина

на 2. 03. 2016 | |

[Рецензија:ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел]

  Написот не се занимава со вистинската тема што произлегува од настанот, кој може да се толкува и како провокација во населбата Бутел да се предизвика сегрегација по верска основа, туку тенденциозно анализира две издвоени реакции на двајца новинари на социјалните мрежи, кои имат спротивно мислење од заговорниците на изградбата на крст во населбата Бутел во Скопје. Правена во тој дух, оваа објава ги етикетира и ги дискредитира „избарните“ личности, само поради тоа што не го делат гледиштето дека етничкиот простор треба да се обележува со верски симболи. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: СДСМ и СОРОС против изградба на крстот во Бутел Датум и време на објавување: 27.02.2016, 18:33 Датум

Текстот „удира“ патриотски!

на 2. 03. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Изборите на 5-ти јуни се референдум на граѓаните за иднината на државата]

  Текстот „удира“ на национална основа и претстојниот датум за избори – 5 јуни – го доведува во корелација со рефендумот за самостојност на државата, кој се случи на 8 септември 1991 година. Два настана кои, имајќи ги предвид историските и политички околности, никако не можат да се поврзат. На референдумот во 1991 година се одлучуваше за суверенитетот и за независноста на Македонија.  На 5 јуни годинава, пак, граѓаните ќе гласаат за свои претставници во парламентот – (народни избраници, пратеници), предложени на кандидатски листи  од политички партии, коалиции или од група избирачи. Тоа е сосема различно. Тоа што, пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во своето 

Да се повторува до „смрт“ и оттаде неа

на 2. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Заев со притисок врз Јанева за неаргументирани истраги со цел оцрнување на личности од ВМРО-ДПМНЕ]

  Една од најчесто употребуваните техники на пропагандата е повторувањето. Некои зборови, обвинувања, етикети, дискредитации, процеси…, треба доволно често да се повторуваат за да станат „вистина“, односно да го инфицираат слушниот апарат на граѓаните за да отрпне на сензитивноста и на потребата да се посомнева. Не, нема потреба да се сомневате. Ние можеме да ве „убедиме“ во тоа! Имињата и зборовите употребени во медиумската содржина што ја рецензираме се најупотребуваните и најчесто повторуваните во последните два-три месеци во дел од медиумите. Оние блиски до владините политики. Контекстот во кој се ставени зборовите „Заев“, „Јанева“, „Специјално јавно обвинителство“, „наредба“… е, всушност, приказната дека специјалната јавна

Со намера да се критикува, се забораваат фактите

на 1. 03. 2016 | | sq

Напис: Мола Сула го нарекува Груевски диктатор откако го „благослови“

Претседателот на ИВЗ во Македонија, Сулејман Реџепи, вели дека муслиманите од Балканот кои се борат во Сирија претставуваат опасност. Тој го смета поранешниот премиер Груевски за диктатор, пренесува „Телеграф“. Реџепи ова го изјавил во еден разговор со новинар од балканската мрежа БИРН, одржан во неговата канцеларија во Општина Чаир во Скопје. Познат и како колумнист, Сулејман Реџепи вели дека често е критикуван, но тој постојано пишува колумни само во свое име како интелектуалец и како граѓанин на оваа држава. Понатаму, Реџепи говори за мрежата БИРН дека не може да гарантира дека нема криминалци и терористи кај муслиманите, но самата религија не може да се идентификува со реалностите на поединците што

Две слики, голема манипулација

на 1. 03. 2016 | | sq
   

[Рецензија: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ]

  Веста која е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува од каде медиумот е сигурен дека натписите ги поставувале млади луѓе, а не луѓе од партиски штабови? Линк на оригиналниот напис: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување: 27.02.2016 Датум на рецензирање: 01.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ЧИТАТЕЛОТ Е ВО ПРАВО

Прашањето на нашиот читател е на место и тоа говори за манипулацијата со оваа вест. „Денеска во Скопје се појавија пароли со кои младите даваат јасна порака. „Младите се со ВМРО-ДПМНЕ“ пишува на големите платна каде е испишана пораката.“ Прво, во текстот не е посочено каде точно се

Голем „срам“ за голема конструкција

на 1. 03. 2016 | | sq
   

[Рецензија: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров]

  Тенденциозен и едностран текст кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Оваа куса (дез)информација од само три реченици е пренесена од друг портал, но без директен линк. Линк на оригиналниот напис: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров Датум и време на објавување: 28.02.2016, 14:54 Датум на рецензирање: 01.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

САМО ДА СЕ ОЦРНИ РЕМЕНСКИ

Во објавата се тврди дека Ременски била потпретседателка на Светскиот македонски конгрес (СМК), но за тоа не се нуди никаков доказ. Можеби таа навистина била во раководството на СМК, меѓутоа, написот мора да даде

Обландирана партиска пропаганда

на 1. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Агресија и деструкција: Притисоците врз Судот се стил на однесување на СДСМ низ годините]

  Текст со формула 3Н+3П, или невистинито, необјективно, непрофесионално и пристрасно, површно, паушално. Ова е информативен кошмар. Линк до оригиналниот напис: Агресија и деструкција: Притисоците врз Судот се стил на однесување на СДСМ низ годините Датум и време на објавување: 26.02.2016,   15:27 Датум на рецензирање: 29.02.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

3Н + 3П

 Неразбирлива, а воедно и неподнослива е леснотијата со која надвор од сите стандарди на професијата, се пласираат текстови како овој, „обландирајќи“ ги за јавноста како демек информативни. За жал, во нив информацијата е последното нешто за сметка на пропагандата од типот „Илјада пати повторена лага станува вистина“. Намерата е, на некоректен начин,

„Кукавичките јајца“ на подведувачот

на 29. 02. 2016 | | sq

 

[Рецензија: Дудинка: Шурата на Латас ја сексал Катица Јанева]

  Улогата на медиумите во демократските општества не е да им ја олеснува работата на владите, туку да им ја отежнува со тоа што постојано ќе бидат будни и ќе ги следат и оценуваат нивното извршување на задачите и на обврските. Медиумите, исто така, постојано треба да ги потсетуваат властите дека имаат огромна одговорност правично да ги практикуваат привилегиите за управување со државните ресурси бидејќи за тоа добиле мандат од граѓаните кои ги поседуваат тие ресурси. Оваа, една од многубројните, дефиниции за улогата на медиумите, е применлива само во реално демократски држави. Нашата, пак, според многу извештаи, од кои најиндикативен е оној на Рајнхард Прибе, не е функционална демократска држава.

Јави се Спасовски или јави се Зврлевски?

на 29. 02. 2016 | |
 

 

[Рецензија: МВР се уште не ги уапсило напаѓачите на Тодор Петров, допрва ќе се утврдуваат квалификациите]

Прашањето на легалноста и на целисходноста на подигнувањето на два објекти во северниот дел на Скопје – двоглавиот орел и големиот крст – на вестите што се емитуваа во саботата, 27 февруари, бргу се претворија во наводна дилема: кој го претепал претседателот на Светскиот македонски конгрес и кога сторителите на делото ќе бидат уапсени. Експресната замена на основната дилема за ова општество – зошто владејачките партии пред секои избори предизвикуваат заострување на меѓуетничките односи – се замагли со поплавата од вести од една кафеанска пресметка во која настрадал еден од актерите на настанот. Во една од вестите за овој настан, која потоа

Искривена слика

на 29. 02. 2016 | | en
 

[Рецензија: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести]

  Ова е еден крајно манипулативен и спинерски текст, кој наместо да информира за протестите на граѓаните против одлуката на Уставниот суд (да ја оцени како основана иницијативата за измени во Законот за помилување), се обидува протестите да ги припише „на СДСМ и на СОРОС“ и со тоа да ја фрли во сенка главната порака од настанот. Линкуван наслов на анализираниот напис: Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно, сега манипулираат и прават протести     Датум и време на објавување: 25.02.2016 Датум на рецензирање: 27.02.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

А ДА СЕ ПРАША