verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Кукавичките јајца“ на подведувачот

on 29 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

KATICA 1

 

[Рецензија: Дудинка: Шурата на Латас ја сексал Катица Јанева]

 

Улогата на медиумите во демократските општества не е да им ја олеснува работата на владите, туку да им ја отежнува со тоа што постојано ќе бидат будни и ќе ги следат и оценуваат нивното извршување на задачите и на обврските. Медиумите, исто така, постојано треба да ги потсетуваат властите дека имаат огромна одговорност правично да ги практикуваат привилегиите за управување со државните ресурси бидејќи за тоа добиле мандат од граѓаните кои ги поседуваат тие ресурси.

Оваа, една од многубројните, дефиниции за улогата на медиумите, е применлива само во реално демократски држави.

Нашата, пак, според многу извештаи, од кои најиндикативен е оној на Рајнхард Прибе, не е функционална демократска држава. Во овој извештај посебно место има состојбата со медиумите. Следствено на тоа, улогата во такво, заробено, општество е сосема обратна. Кога би имале можност, следбениците на една таква држава вака би ги дефинирале медиумите: Медиумите треба целосно да им веруваат на властите. Можат слободно да спијат во длабок сон и нема потреба да ја потсетуваат власта за одговорноста што ја презела кога добила мандат да управува со општествените ресурси!

Овој, малку подолг вовед за оваа рецензија беше неопходен за да ги препознаете принципите според кои се раководи содржината што ја рецензираме.

Она што е уште поинтересно е што содржината е составена од наслов, една реченица и еден линк до една друга содржина, која не е новинарство и која овде не вреди да се споменува.

Дудинка_ Шурата на Латас ја сексал Ка_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_dЛинк до оригиналниот напис: Дудинка: Шурата на Латас ја сексал Катица Јанева

Датум и време на објавување: 27.02.2016 / 14:00

Датум на рецензирање: 29.02.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

КЛЕВЕТНИЧКА ПЕРВЕРЗИЈА И „ЧИСТИ“ РАЦЕ

Кога ќе видите што ви се нуди во насловот и во едната воведна реченица, имате чувство како да сте соочени со своевидно „медиумско подведување“, односно како некој да ви нуди медиумска перверзија.

Перверзија има и во постапката на подведување на оваа медиумска содржина. Избран е мангупски начин сопствените раце да  останат „чисти“, така што ако се напише наслов и ако се објави линк до клеветничката перверзија, кабаетот ќе биде префрлен на линкуваната содржина.

Постапката личи на онаа навика на кукавицата да подметнува јајца и таа кукавичка навика е од помош за оваа рецензија, за да го извлечеме насловот за неа.

Како и да е, ако се вратиме на перверзијата, има една стара мудрост која вели дека кога си играш со фекалии, самиот ќе засмрдиш на нив. И навистина, во една метафорична смисла, доволни биле само наслов, една реченица и линк, за оваа медиумска содржина на засмрди на клевета, навреда, понижување…

Со оглед на тоа дека целта на оваа медиумска агресија е првиот човек на една посебна институција, како што е Специјалното јавно обвинителство, намерата на оваа постапка станува сосема јасна и ја потврдува дефиницијата за улогата на медиумите во заробените општества.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести