verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Голем „срам“ за голема конструкција

on 1 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

СРАМНО_ Поранешната потпретседателка _ - http___press24.mk_sramno-poraneshn 11

[Рецензија: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров]

 

Тенденциозен и едностран текст кој има цел да ја дискредитира министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски. Оваа куса (дез)информација од само три реченици е пренесена од друг портал, но без директен линк.

СРАМНО_ Поранешната потпретседателка _ - http___press24.mk_sramno-poraneshn

Линк на оригиналниот напис: СРАМНО: Поранешната потпретседателка на СМК не го осуди нападот врз Тодор Петров

Датум и време на објавување: 28.02.2016, 14:54

Датум на рецензирање: 01.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

САМО ДА СЕ ОЦРНИ РЕМЕНСКИ

Во објавата се тврди дека Ременски била потпретседателка на Светскиот македонски конгрес (СМК), но за тоа не се нуди никаков доказ. Можеби таа навистина била во раководството на СМК, меѓутоа, написот мора да даде веродостојна потврда за да можат читателите  да поверуваат. Ние, на пример, пребарувајќи на „Гугл“, не најдовме ниту еден податок дека  Ременски била член на СМК, освен текстови во кои се тврди дека таа била дел од оваа организација.

„Фросина Ременски од СДСМ не го осуди нападот кој се случи вчера кога насилници го претепаа Петров, пишува Курир.“

Се наметнува прашањето: Зошто Ременски би го осудила нападот врз Тодор Петров?

Министерството што таа го води (Министерство за труд и социјална политика), нема никакви  ингеренции  околу спречување (решавање) насилство, тепачки или откривање на вистината.

Ако се алудира на тоа дека таа, наводно, некогаш била потпретседател на СМК, веќе кажавме, тоа не е потврдено. Партијата во која Ременски е еден од потпретседателите, пак, се огласи со соопштение во кое го осуди овој инцидент:

„Со ваквиот неодговорен однос, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ прават штета на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ги потценува граѓаните на Република Македонија. Не поминуваат провидни сценарија. Граѓаните се обединети во борбата против корупцијата, криминалот, обединети се во желбата за промени, за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Република Македонија. СДСМ осудува било каков чин на насилство“, стои во соопштението.

Така што, очигледно е дека некој по секоја цена сакал да види „голем срам“, па ако треба и да го измисли за потребите на една конструкција, како што е оваа пред нас.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести