verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обландирана партиска пропаганда

on 1 - 03 - 2016       

 

download 11

[Рецензија: Агресија и деструкција: Притисоците врз Судот се стил на однесување на СДСМ низ годините]

 

Текст со формула 3Н+3П, или невистинито, необјективно, непрофесионално и пристрасно, површно, паушално. Ова е информативен кошмар.

11111Линк до оригиналниот напис: Агресија и деструкција: Притисоците врз Судот се стил на однесување на СДСМ низ годините

Датум и време на објавување: 26.02.2016,   15:27

Датум на рецензирање: 29.02.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

3Н + 3П

 Неразбирлива, а воедно и неподнослива е леснотијата со која надвор од сите стандарди на професијата, се пласираат текстови како овој, „обландирајќи“ ги за јавноста како демек информативни. За жал, во нив информацијата е последното нешто за сметка на пропагандата од типот „Илјада пати повторена лага станува вистина“. Намерата е, на некоректен начин, не само да се направи споредба, туку и да се изедначат актуелните собири на неколку невладини здруженија пред Уставниот суд и партиските протести на опозицијата во изминатите години.

Ајде малку со факти. Денешните собири, колку и некому му да се чини поинаку, се организирани од граѓански асоцијации кои, ако во моменот имаат слични позиции со тие на опозицијата, не ги прави дека се т.н. сдсмовски инсталации.

Понатаму, СДСМ, навистина, неколкупати протестирал пред судовите како реакција на апсењето или отворањето постапки против видни членови на партијата, како, на пример, поранешен лидер и премиер. Тие собири, како што покажуваат текстови од пред неколку години, биле тензични, се одвивале во наелектризирана атмосфера, со одредени инциденти, ама сепак не биле, како што ни се тврди во овој напис, агресивни и деструктивни.

„Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екслидерот, и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови…“ (Курир, 26.02.2016)

 

„Нема притвор за Бучковски“(Вест, 04.08.2007)

 

„Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска.Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.“ (Курир, 26.02.2016)

 

„МАСОВЕН ПРОТЕСТ ПОРАДИ АПСЕЊЕТО НА ЗОРАН ЗАЕВ“ (Утрински весник, 17.07.2008)

Значи, се извлекува една општа формуалција, а неаргументирана, дека собирите на опозицијата пред судниците безмалку секогаш преминуваат во насилство. Инаку,  како во минатото, така и сега има написи кои  ја „пеат истата песна“ – дека опозицијата така функционира, притоа користејќи иста фотографија за илустрација како и конкретниот материјал што го рецензираме. Ама реалната ситуација, според новинарски написи од архивите, е дека на некои од тие собири имало тензија, ама не и по правило насилство.

 

УТНАТА ФАКТОГРАФИЈА

Се манипулира и со случајот на фармерот Душко Илиевски затоа што се тврди дека опозицијата протестирала при неговото апсење, иако во дворот полиција му пронашла стебленца канабис сатива. Инаку, судот пресуди дека Душко Илиевски е невин и дека во неговиот двор израснал див коноп, по што тој ја тужи државата за отштета. Значи, утната фактографија и констатација. Вистинитоста во написот како малку да заскитала во лавиринтите на партиската пропаганда.

Непрофесионалноста се гледа од авион зашто, намерно или од незнаење, до крај не се расчленети и објаснати ситуациите кои се наведуваат, туку паушално се нафрлаат настани од пред неколку години за кои некој се надева дека публиката заборавила каква заднина имале.

Кога веќе се зборува за протести пред судовите на одредени политички партии, тогаш зошто не се навело, секако во име на објективноста, дека и актуелната владејачка партија, ама како опозиција, знаела да организира протести пред суд кои не биле баш мирни, а во еден случај цел биле новинарите.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред скопскиот суд против притворот на Војо Михајловски“ (Утрински весник)

 

„Здружението на новинарите на Македонија остро го осуди вчерашната атака врз новинарите, за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Основниот суд Скопје 1. Здружението апелираше до сите политички партии и надлежни институции директно да го осудат вандализмот врз новинарите и да преземат соодветни мерки против сторителите.“ (Утрински весник, 10.05.2003)

 

„Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска изрази жалење и упати јавно извинување до новинарите кои го следеа протестот на таа партија пред Основниот суд Скопје 1 поради навредите упатени од дел од присутните членови и симпатизери на партијата кон новинарските екипи.“ (А1, 09.05.2003)

Агресија беше спомената во насловот, нели?

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести