Две слики, голема манипулација
Објавено во Рецензии
on 1 - 03 - 2016 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ]
Веста која е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува од каде медиумот е сигурен дека натписите ги поставувале млади луѓе, а не луѓе од партиски штабови?
Линк на оригиналниот напис: ФОТО: Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 27.02.2016
Датум на рецензирање: 01.03.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЧИТАТЕЛОТ Е ВО ПРАВО
Прашањето на нашиот читател е на место и тоа говори за манипулацијата со оваа вест.
„Денеска во Скопје се појавија пароли со кои младите даваат јасна порака. „Младите се со ВМРО-ДПМНЕ“ пишува на големите платна каде е испишана пораката.“
Прво, во текстот не е посочено каде точно се поставени овие плакати. Независно што плакатите се гледаат на двете фотографии со кои е илустрирана веста, сепак, во содржинскиот дел требало да биде наведено на кое место се направени. Понатаму, не е со сигурност потврдено дека станува збор за млади луѓе, можеби се во прашање партиски членови кои добиле одредени партиски задачи.
И да станува збор за луѓе кои не се партиски, туку навистина се одредена група млади луѓе, тоа повторно не може да се користи за да се генерализира дека се во прашање „сите млади“.
Ама, тргнувајќи од аголот од кој е правена оваа објава, овие натписи може да се искористат за испраќање манипулативна порака како од претенциозната насловна конструкција: „Младите со јавна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
две фотографии
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови