Рецензии

Медиумски фитил за партиско „буре барут“

на 8. 03. 2016 | |

[Рецензија: Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев (ФОТО)]

  Опасен и исклучително манипулативен текст. Се споредуваат два сосема различни настани и се „бојат“ со иста боја за добиениот колорит да биде многу подбуцнувачки. Четиво наменето за дополнително вжештување на страстите кај одредени кругови во двете најголеми заедници во земјава.  Линк до оригиналниот напис: Дивеење и хаос по примерот на Зоран Заев (ФОТО)  Датум и време на објавување: 03.03.2016 23:48  Датум на рецензирање: 05.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    

СПИН-КОМПАРАЦИЈА

Имаме спин-компарација која несомнено игра на етничка карта, правејќи некакво изедначување меѓу неколкумесечните протести на опозицијата пред Владата и последниот собир на владејачката ДУИ против изградбата на крст во скопски Бутел. Колку за коректност, мора да се наведат факти кои

Шприцање бензин на огнот

на 8. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Во договор со Спасовски повлечена полицијата и поставени шатори во Бутел]

  Кога се нема ниту најмала одговорност и обврска да се известува вистинито, сеопфатно и потврдено со извори или со други аргументи, тогаш останува јавноста да биде бомбардирана со медиумски содржини кои се пристрасни, со коментари, со навредливи епитети, хушкачки… Но, тоа не е новинарство. Зошто? Како прво, нема ниту еден аргумент што ќе го потврди категоричното тврдење во насловот. Ниту еден извор, ниту една посериозна индиција дека повлекувањето на полицијата и поставените шатори се дело на договор со министерот Спасовски. И не е само тоа. Оваа содржина максимално го изневерува и првото начело на Кодексот на новинарите дека нема да објавува непроверени информации и дека тие треба

Двојни аршини – нечија приватност повеќе боли!

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Нема прогон за објавените снимки на Латас и Иванов]

  Дали тие што бараат прогон за објавени аудиоснимки за разговор кој, наводно, е приватен, направен меѓу нивни колеги, знаат дека првиот адвокат на Комората веќе успеа да издејствува судовите однапред да се произнесат дека нема да ги толкуваат како докази? И дека еден цел систем (обвинителство, судови, медиуми) цела година беше завртен кон обезвреднување на „сечените, лепените и монтираните“ телефонски разговори. Тие аудиоснимки, сега, можеби за обвинителите, кои и да се, можат да имаат третман на т.н. чуен глас, ама можат да бидат само индиција за потоа тие едноставно да „се окозат“ за да докажат дека снименото воопшто се случило и да имаат некакви докази од друг тип за

Манипулирање преку генерализирање

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев]

  Станува збор за фотовест, во која освен што има три фотографии и се коментира текстот од прикажаните натписи, не се наведуваат никакви други податоци, како, на пример, точната локација на транспарентите и кој навистина стои зад нив. Па, наместо проверка на информациите, се извлекува едностран заклучок: „ Младите од Скопје со јасна порака за Заев.“ Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Младите од Скопје со јасна порака за Заев Датум и време на објавување: 28.02. 2016,15:29 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

НАМЕНСКА ИНФОРМАЦИЈА

„Преку големи транспаренти младите му испраќаат порака на лидерот на СДСМ.“ На самиот почеток од текстот се тврди дека младите се автори на транспарентите

Манипулација обоена со расизам

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец]

  Овој текст во неколку сегменти го прекршува Кодексот на новинарите. Написот нема никакви извори, раскажаното во него е анонимно и плус е дискриминаторски. Линк на оригиналниот напис: Девојка открила неверојатна тајна после неколку месечна врска со црнец Датум и време на објавување: 01.03.2016 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДИСКРИМИНАТОРСКИ ТЕКСТ

Во текстот, анонимна девојка раскажува за наводна врска со црнец кој бил дојден службено да работи во нејзината земја. Момчето исчезнало од нејзиниот живот, а таа подоцна разбрала дека во неговата матична земја бил женет и имал деца, што било огромно разочарување за анонимната девојка. Самиот наслов на текстот е манипулативен и звучи расистички и

Од кога амбасадорот Бејли му е „портпарол“ на Заев?!

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор?]

  Сензационалистички наслов и наднаслов во кои се споменува американскиот амбасадор, Џес Бејли, кому е упатено прашање во врска со агендата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Но, името на амбасадорот понатаму во текстот „волшебно“ исчезнува. Линк до оригиналниот напис: Господине Бејли, ќе дојде ли Заев на суд или пак има средба со некој амбасадор? Датум и време на објавување: 02.03.2016, 23:56 Датум на рецензирање: 04.03.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ЗОШТО НЕ Е ПРАШАН ЗАЕВ?

Текстот се однесува на закажаното судско рочиште за случајот „Поткуп“, во кој лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е обвинет дека примил поткуп за приватизација на земјиште. Написот го става

Прилог на стаклени нозе

на 7. 03. 2016 | |

[Aнкета: Jанева да се однесува како обвинител а не како партиско тело]

  Имаме генерализација, извлекување општ заклучок од многу слаби, тенки извори и затоа конечниот резултат – тврдењето дека граѓаните се незадоволни од работата на специјалната обвинителка е на стаклени нозе.  Линк до оригиналниот напис: Aнкета: Jанева да се однесува како обвинител а не како партиско тело  Датум и време на објавување: 01.03.2016 18:18  Датум на рецензирање: 03.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ЧЕТИРИ АНКЕТИРАНИ ≠ СИТЕ ГРАЃАНИ

Vox populi, интервјуирање граѓани на улица или кај нас одомаќинето како анкета, е вообичаена и прифатена алатка, особено во телевизиското новинарство. Во ред, во овој текст ни се нуди такво „испитување на мислењето на луѓето“ за работата на специјалната јавна обвинителка. Но, штосот

И арпаџикот од Бразда во изборна кампања!

на 7. 03. 2016 | |

[Рецензија: По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево за продажба на арпаџик]

  Текстот  е инспириран од „парадата“ што претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со неколкумина членови на Владата, ја направи во општината Чучер – Сандево. Написот  ги доведува во заблуда граѓаните дека желбите што му ги прочитаа на Груевски за време на претставата, тој може им да ги исполни веднаш, иако е јасно дека тоа не е во негова надлежност. Текстот, фактички, ја идентификува  владејачката партијата со државата, покажувајќи дека оваа партија и нејзиниот лидер се над институциите и автократски ги решават проблемите на самото место. Ова се прави уште во самиот наслов: „По посетата на Груевски решено барањето на земјоделците од Чучер Сандево

Текстот „глуми“ и експерт и толкувач и сезнајко

на 7. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА НЕ ПРИЈАВИЛЕ ВО МВР?]

  Текстот што го рецензираме е премногу шпекулативен. За да оддаде чувство на вистинитост, тој мора да запази неколку новинарски елемeнти што тука  ги нема. Написот не нуди точни и проверени факти, нема издржана аргументација и не ги лоцира конкретно изворите на информации, туку користи непрецизна формулација „дознаваме неофицијално од извори во ДИК“, која не кажува ништо. Затоа што во овој распон од можни „поткажувачи“, хипотетички гледано, може да се најде кој било од лицата вработени во ДИК, па и тие што не мора де се поврзани со стручната работа на оваа институција. Линк до оригиналниот напис: ОКОЛУ 90.000 АЛБАНЦИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАВА, АМА

Љубовен триаголник без докази

на 4. 03. 2016 | |

[Рецензија: НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица]

  Лоша и крајно аматерска фотомонтажа се обидува да го „оправда“ сензационалниот наслов дека братот на Зоран Заев, Вице Заев, наводно, бил на ручек со специјалната обвинителка Фатиме Фетаи. Уште еден „голем грев“, кој се истакнува во насловот, е што сметката за ручекот била платена од грчка фирма. Коментаторски, неаргументирано и сензационално, овој материјал се обидува да ги дескридитира обвинителката и работата на Специјалното јавно обвинителство. Линк до оригиналниот наслов: НА СМЕТКА НА ГРЧКА ФИРМА: Вице Заев и Фатиме Фетаи на ручек во Струмица Датум и време на објавување: 29.02.2016 Датум на рецензија: 03.03.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

КРИТИЗИРАЊЕ

Написот почнува со непоткрепена критика за