Рецензии

Рецензија: Волшепство – еден станува 400

на 11. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите]

  Рецензираме извештај за нова епизода паради што лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги прави низ Македонија, настапувајќи како и понатаму да премиер, па ветува нови инвестиции, се распрашува како оди исплатата на субвенции…
Медиумите што го следат секој негов чекор се составен дел на неговата служба за односи со јавноста и објавуваат наместени ситуации за да се увеличи неговиот лик и делото. Сепак, во извештаите од тие настани, колку да се изрежирани, еднина не може да се прикажува како множина, а интервјуто со еден човек кој вели дека е задоволен од нешто, не може да се прикажува како задоволство од 400 луѓе.

Линк до оригиналниот напис: Земјоделците во делчевско задоволни од субвенциите Датум и

Кога од влакно се прави ортома

на 11. 03. 2016 | | sq

Напис: Груевски пречекан како херој во Кичево, дали Албанците ризикуваат да ја изгубат оваа општина!

Скопје, 9 март – Илјадници граѓани денес излегоа на улиците во Кичево да го пречекаат поранешниот премиер, Никола Груевски, нарекувајќи го спасител на Македонија и тврдејќи дека на наредните локални избори кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи кандидатите на партиите на Албанците.
Од друга страна пак, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ветил дека неговата партија ќе биде со граѓаните на Кичево и ќе им помогне во подобрување на стандардите и условите за живеење, пишува Журнал. Груевски ги посетил и Кичевските села Вранештица и Другово. Тој бил придружуван и од другите министри од владиниот кабинет, како што е министерот за транспорт и врски, Мисајловски, кој на

Мачешки твитови и евтини спинови

на 11. 03. 2016 | |

[Рецензија: Чиј гласник е мачкарот Ванхауте?]

  Читајќи го написот што е предмет на оваа рецензија, ви доаѓа да се прашате дали  некој мисли дека во ерата на интернетот, социјални мрежи и на информациите кои се толку лесно достапни, може туку така да се пласираат смешни невистини и евтин (и лош) партиски спин? Но, токму тоа е случај со овој напис: тој се повикува на пишување на весникот „Ноје циришер цајтунг“ за кризата во Македонија и наведува дека овој угледен швајцарски дневен весник го осудил дејствувањето на преговарачот Питер Ванхауте, особено неговото приватно постирање на „Твитер“ на сликички од мачки со политички обоени коментари. Проблемот е во тоа што во овој напис цитатот од весникот, како и самиот наслов на

Изместен фокус

на 11. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: За СДСМ, сите спорни адреси веќе се фантоми-гласачи]

  Една од класичните постапки на пропагандата е изместувањето на фокусот. Најприменлив амбиент за оваа постапка се медиумите. Тие можат вниманието на јавноста да го пренасочат, да го дефокусираат од клучната точка на проблемот кон нешто друго. Нешто што е по мерка на тие што нарачуваат вакви постапки од медиумите. Неколку елементи од медиумската содржина што ја рецензираме укажуваат на тоа дека и во неа препознаваме таква постапка. Имено, главната теза на овој текст е дека опозицијата треба да ја докаже реалноста на фантомските гласачи, што е класично изместување на фокусот. Масовната бројка на фантомски гласачи што овие денови испливаа на површина, откако беше објавена апликацијата за проверка на избирачкиот список,

Три во едно – навреди, говор на омраза и дискриминација!

на 11. 03. 2016 | |

[Рецензија: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат!]

  Овој материјал воопшто не личи  на новинарски текст. Полн е со говор на омраза,  со недолични квалификации, дискриминира и обележува граѓански активисти посочувајќи ги како „ментално болни“! Линк на оригиналниот напис: СКАНДАЛ НА СОРОСОИДИТЕ: Злоупотребувале ментално заболени лица на протестите пред Уставниот Суд да врескаат! Датум и време на објавување: 05.03.2016 Датум на рецензирање: 09.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕДОЛИЧЕН РЕЧНИК

Уште во самиот наслов и во воведот на оваа објава се користи исклучително навредлив речник. „Очајот, јадот, чемерот, немоќта да направат ништо корисно кое ќе добие поддршка од граѓаните ги доведува до степен на лудило соросоидите и членовите на СДСМ. Многупати досега

„Отровен“ текст

на 10. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга]

  Написот повеќе наликува на комшиски, озборувачки муабет отколку на новинарски текст. Во него не се запазени новинарските стандарди и не се нудат никакви факти за да се поткрепат изнесените тврдења. Овој „отровен“ текст користи навредлив говор, етикетира и има за цел да ги оцрни личностите кои ги става на „отстрел“. Линк до оригиналниот напис: Две новинарски квачки, кешоварки на услуга Датум и време на објавување: 03.03.2016 Датум на рецензирање: 09.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров     НАВРЕДУВАЊЕ, ЕТИКЕТИРАЊЕ, ДИСКРЕДИТИРАЊЕ Написот е пишуван со еден недоличен, примитивен речник и со омраза кон двете новинарки. Тој, според својата конструкција не исполнува ниту една од карактеристиките на новинарските жанрови. Гледам вчера не можам да се изначудам

Предупредување: Вознемирувачка објава!

на 10. 03. 2016 | | sq
 

 

[Рецензија: Утре во Македонија започнува војна? Погледнете што ќе се случува во Бутел]

  Текстот, кој, патем, нема текст, опремен е со сензационалистички наслов и илустриран е со фотографии од претходни настани низ улиците на Скопје, а има цел да предизвика паника меѓу народот и да „подгрее“ меѓуетнички тензии. Се работи за драматична најава за протестот во Бутел, кој заврши без ескалација на ситуацијата. Како одговор на протестот на Албанците за поставувањето на крстот во Бутел, навистина, излегоа и Македонците, но сепак не дојде до поголеми тензии.
Линк до оригиналниот наслов: Утре во Македонија започнува војна? Погледнете што ќе се случува во Бутел Датум и време на објавување: 03.03.2016 Датум на рецензија: 09.03.2016 Рецензент: Силвана Жежова    

Оцрнувачки текст

на 9. 03. 2016 | |

[Рецензија: Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?]

  Валкано четиво, во кое имаме мешање на приватниот и на професионалниот живот на една опозициска политичарка. Написот е политички мотивиран за да се дискредитира заменик-претседателката на СДСМ.  Линк до оригиналниот напис: Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?  Датум и време на објавување: 06.03.2016  Датум на рецензирање: 07.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

РЕЦИКЛИРАЊЕ

Неразбирлива е потребата од таквиот степен на навреди изречени на адреса на вториот човек на СДСМ.  Навистина, треба многу отсуство на професионалност, култура, а и на домашно воспитување во „медиумски“ текст некого да наречете канцер. „Се чисти канцерот, Шеќеринска заминува од СДСМ – во Белград?“ Едно е низ аргументи, бројки, факти да

Стереотип во 15 реченици

на 9. 03. 2016 | | sq
[Рецензија: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици!] Овој текст е класичен стереотип. Написот пласира (дез)информација дека една Холанѓанката, наводно, на својот блог постирала 15 најчудни работи за Македонците. Но, притоа не го наведува името на Холанѓанката, а не го посочува ниту блогот (нема ни линк) на кој, наводно, таа го опишала искуството од својот престој во Македонија. Така, тешко може да се поверува дека оваа медиумска објава е веродостојна. Линк до оригиналниот напис: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици! Датум и време на објавување: 04.03.2016, 11:34 Датум на рецензирање: 07.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ТЕПИСИ НАСЕКАДЕ!

Стереотипите, во суштина, се поедноставени, неоправдано генерализирани и неточни мислења за припадници на групи луѓе. Се темелат на недоволно познавање

Куди го Спасовски, фали ја Јанкулоска!

на 8. 03. 2016 | | sq

[Курир: Спасовски нема капацитет да се справи со протестите во Бутел]

  Коментаторски, едностран и политички пристрасен текст (преземен од друг медиум, но несоодветно линкуван), кој служи за силно критикување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (од редовите на СДСМ), а истовремено за силно поддржување на поранешната министерка Гордана Јанкулоска (од ВМРО-ДПМНЕ). Напис налик на партиско соопштение. Линк до оригиналниот напис: Курир: Спасовски нема капацитет да се справи со протестите во Бутел Датум и време на објавување: 04.03.2016, 23:09 Датум на рецензирање: 06.03.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

ОБВИНУВАЊА ОД РАКАВ

Текстот неосновано го напаѓа Спасовски дека нема капцитет да си ја врши работата за време на протести и прави паралела со работата на Јанкулоска за време на други, различни