verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Изместен фокус

on 11 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fantomi

[Рецензија: За СДСМ, сите спорни адреси веќе се фантоми-гласачи]

 

Една од класичните постапки на пропагандата е изместувањето на фокусот. Најприменлив амбиент за оваа постапка се медиумите. Тие можат вниманието на јавноста да го пренасочат, да го дефокусираат од клучната точка на проблемот кон нешто друго. Нешто што е по мерка на тие што нарачуваат вакви постапки од медиумите.

Неколку елементи од медиумската содржина што ја рецензираме укажуваат на тоа дека и во неа препознаваме таква постапка.

Имено, главната теза на овој текст е дека опозицијата треба да ја докаже реалноста на фантомските гласачи, што е класично изместување на фокусот. Масовната бројка на фантомски гласачи што овие денови испливаа на површина, откако беше објавена апликацијата за проверка на избирачкиот список, укажа на појава која сериозно го исправа пред искушение претстојниот процес на прочистување на списокот.

Да бидеме реални, би било бесмислено опозицијата да пропушти една таква шанса – политички да ги коментира илјадиниците фантоми во избирачкиот список. Таква е политичката борба.

03102016-Dnevnik-FantomiЛинк до оригиналниот напис: За СДСМ, сите спорни адреси веќе се фантоми-гласачи

Датум и време на објавување: 08.03.2016, 23:29

Датум на рецензирање: 10.03.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЗОШТО ОПОЗИЦИЈАТА ДА ГИ ДОКАЖУВА  „ФАНТОМИТЕ“?

Овој текст го осудува стилот на политичката борба на опозицијата и бара од неа, прикажувајки го тоа како некоја доблесна потреба, да понуди докази за илјадниците фантоми во списокот.

Новинарите можат да пишуваат за стилот на политичката борба на некоја политичка партија и за тоа да побараат мислење од познавачи, експерти. Но, не можат да обвинуваат за недоследност на една партија зашто не понудила докази, бидејки таа тоа не мора да го прави.

Во политичкиот дискурс доволни се укажувањата на неправилности, по кои на сцената стапуваат институциите.

Тоа е фокусот кон кој треба биде насочена новинарската приказна. Во случајот на оваа медиумска содржина, тоа го нема. Докази за фантомите во избирачкиот список треба да понуди Државната изборна комисија (ДИК) во соработка со другите институции. Најмногу со МВР.

Листата на досегашите претседатели на ДИК воопшто не е гарант дека проверката можела да се прави ако другите институции не соработувале (МВР, најмногу).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести