verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Стереотип во 15 реченици

on 9 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Една Холанѓанка ги опиша Македонците _ - http___kurir.mk_magazin_zanimlivos 11

[Рецензија: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици!]

Овој текст е класичен стереотип. Написот пласира (дез)информација дека една Холанѓанката, наводно, на својот блог постирала 15 најчудни работи за Македонците. Но, притоа не го наведува името на Холанѓанката, а не го посочува ниту блогот (нема ни линк) на кој, наводно, таа го опишала искуството од својот престој во Македонија. Така, тешко може да се поверува дека оваа медиумска објава е веродостојна.

stereotipiЛинк до оригиналниот напис: Една Холанѓанка ги опиша Македонците во 15 реченици!

Датум и време на објавување: 04.03.2016, 11:34

Датум на рецензирање: 07.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ТЕПИСИ НАСЕКАДЕ!

Стереотипите, во суштина, се поедноставени, неоправдано генерализирани и неточни мислења за припадници на групи луѓе. Се темелат на недоволно познавање на групата за која се зборува или пишува и наметнуваат погрешна, најчесто, негативна слика со групирање на личности според етничка припадност, религиозната и сексуална определба, пол и други категории.

Во четвртата  точка од овој текст, на пример, се вели:

„Заради некоја причина совршено нормално е да имате теписи насекаде, и тоа во сите големини и форми. Дури и подот во кујната често е прекриен со тепих.“

Но, тоа не одговара на реалноста. Можеби, во некои домаќинства во Македонија навистина е така, но никако не може и не смее да се генерализира.

Кога пренесуваат стереотипи, написите мора да внимаваат да не бидат несвесно изманипулирани. Не е исклучена можноста кога се објавуваат вакви работи, тие намерно да се поттурнуваат заради предизвикување поголемо внимание и читаност, како што, веројатно, е случај со материјалот што го рецензираме.

За овој поим во „Википедија“ пишува:

„Во современа употреба, стереотип е поедноставена ментална слика на еден индивидуалец или група луѓе кои делат одредени карактеристични (или стереотипни) квалитети. Поимот се користи во негативна смисла и стереотипите се сметаат како непосакувани верувања што можат да бидат изменети низ образование и/или запознавање со предметот на стереотипот. Стереотип е, всушност, погрешно сфаќање што опстојува наспроти податоците и фактите. Стереотипите се штетни појави бидејќи со нив се оправдува непријателството.“

Тоа што е многу битно за еден коректен новинарски пристап при обработка на инфрмациите е дека тој, меѓу другото, треба да подразбира и разбивање на предрасудите и на стереотипите. Одговорноста и професионалноста во објавувањето на медиумските содржини, несомнено, се најсилното оружје против негативната стереотипизација во општеството.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести