Куди го Спасовски, фали ја Јанкулоска!
Објавено во Рецензии
on 8 - 03 - 2016 Автор: Симона Атанасова[Курир: Спасовски нема капацитет да се справи со протестите во Бутел]
Коментаторски, едностран и политички пристрасен текст (преземен од друг медиум, но несоодветно линкуван), кој служи за силно критикување на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски (од редовите на СДСМ), а истовремено за силно поддржување на поранешната министерка Гордана Јанкулоска (од ВМРО-ДПМНЕ). Напис налик на партиско соопштение.
Линк до оригиналниот напис: Курир: Спасовски нема капацитет да се справи со протестите во Бутел
Датум и време на објавување: 04.03.2016, 23:09
Датум на рецензирање: 06.03.2016
Рецензент: Симона Атанасова
ОБВИНУВАЊА ОД РАКАВ
Текстот неосновано го напаѓа Спасовски дека нема капцитет да си ја врши работата за време на протести и прави паралела со работата на Јанкулоска за време на други, различни протести.
Освен за немање капацитет, Спасовски е обвинет дека нема волја да се справи со ситуацијата и дека оставил да се случи вандализам и дивеење на местото каде што треба да се гради крст, а доказ за тоа биле неподнесените кривични пријави.
Нема изјава од министерот Спасовски дали навистина не е поднесена ниту една кривична пријава за тој протест ниту, пак, е прашано во Министерството за внатрешни работи дали има каква било пријава за тој настан. Заклучокот е фрлен од ракав.
Според напишаното, кое е далеку од објективно, МВР под раководството на Спасовски е без капацитет, аматерско и некадарно, но затоа во времето на Јанулоска било професионално со јасни и прецизни полициски стратегии.
„Професионалното раководство на МВР вршејќи проценка на тогашните ситуации не дозволи ескалирање на состојбата, туку сузбивање на толпата луѓе. Дополнително во сите протести беа идентификувани најголем дел од прекршителите на законот и против истите беше поднесена соодветна пријава.“
Ваквата споредба е целосно еднострана и манипулативна и без никаква вистинска потврда. Служи само за пофалба на ВМРО-ДПМНЕ и за неосновно прикажување на, наводната, неспособност на СДСМ, за манипулација на читателите и за добивање негативна прецепција за работата на опозицијата.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски неуреден
поврзан со тагови