Рецензии

По секоја цена атакувај по Ременски!

на 18. 03. 2016 | | sq
   

[Рецензија: Ременски кочи отварање на дневни центри за деца и лица со инвалидност]

Во насловот на текстот, министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, се обвинува дека го сопира отворањето на дневни центри за деца и за лица со инвалидност, без притоа во текстот да бидат наведени факти и докази за тоа. Без понуда на доволно аргументи, се доведува во прашање вистинитоста на тврдењето во насловната конструкција. Линк до оригиналниот наслов: Ременски кочи отварање на дневни центри за деца и лица со инвалидност Датум и време на објавување: 16.03.2016 Датум на рецензија: 17.03.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ЕДНОСТРАНОСТ

Написот „удира“ на емотивна основа, обидувајќи се да ја прикаже министерката Ташевска-Ременски без чувства за лицата со попреченост. Притоа,

На несреќите не треба да им се даде политички карактер

на 18. 03. 2016 | | sq

Напис: Од чадот на дивата депонија се судрија два автомобили. Тешко повредени повеќе лица

На стариот пат Скопје – Куманово, поточно меѓу селата Арачиново и Никуштак, синоќа се случила една тешка сообраќајна несреќа. Причина за несреќата бил чадот предизвикан од палењето на дивите депонии, што ја намалило прегледноста на патот и како последица две возила се судриле директно, пишува „Факти“. Во несреќата се судрило возило од марката „рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди а4“ со скопски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.С. По несреќата со возило на брза помош неколку повредени се одведени во кумановската болница, додека неколку други се одведени во Ургентниот центар во Скопје. Овој дел од патот, што го користат

Како да се препознаат медиумски с’скачи

на 17. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“]

  Нема премногу да се задржуваме на медиумската содржина што ја рецензираме. Таа ги поништува сите, буквално сите новинарски професионални стандарди. Оваа рецензија се прави само за да им се овозможи на читателите уште еднаш да ги препознаат (не)новинарските постапки на една пропагандистичка, пристрасна, клеветничка и с’скачка медиумска објава. Впрочем, дека тоа публиката веќе го препознава, сведочи и фактот што оваа рецензија е на предлог на читател на „Сервис за проверка на фактите во медиумите“. Линк до оригиналниот напис: Филип Петровски: „Нападот на границата и нападот на Уставниот суд се во корелација“ Датум и време на објавување: 14.03.2016, 06:35 Датум на рецензирање: 17.03.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски

Потемкин и „благосостојбата“ на македонските пензионери

на 17. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Пензионерите во Македонија се задоволни]

  Потемкинови села! Прилогов што го рецензираме ја опишува благосостојбата на пензионерите во Македонија онака како што Потемкин успеал на царицата со лажни села да ѝ ја прикаже „благосостојбата“ на колонизираните жители на Крим. Почнувајќи од насловот, кој ја генерализира оцената дека сите пензионери во Македонија се задоволни, па до констацијата дека многу заштедиле бидејќи имат бесплатно скијање и бесплатно возење со жичницата на Водно. Како да се тие цел ден на скии и на Водно, па и тој трошок државата им го покрила…

Линк до оригиналниот напис: Пензионерите во Македонија се задоволни Датум и време на објавување: 13.03.2016 16:08 Датум на рецензирање: 16.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

ПОТЕМКИНОВИ  СЕЛА

Зошто рецензијата ја

Кога медиумот го претвора во заканувач тој што е под закана

на 17. 03. 2016 | | sq

Напис: Муки под закана или заканувач?

Мухамед Зекири дава до знаење дека му се закануваат од политички причини, но не појаснува конкретно кој и на каков начин. Неговата изјава е пренесена од речиси сите медиуми, без разлика дека за тоа што тој го нарекува закана, треба прво да им се обрати на соодветните органи. Но, Зекири претпочита повеќе да направи шоу отколку да побара законска заштита, да биде во центар на вниманието и да биде разгален од колегите Mакедонци, уште повеќе што таму каде што се наоѓа сега, го нема тоа јавно влијание што некогаш го имаше. Но, дали Зекири навистина бил под закана? Што подразбира тој под закана? Зошто не ја поткрепува заканата со ниеден факт, ако е навистина

На деликатните прашања новинарот треба да им пристапи со одговорност

на 17. 03. 2016 | | sq

Напис: На учениците Aлбанци им се наметнува учењето на христијанската Библија, а Куранот се занемарува

Скопје, 6 март – Нов скандал ја тресе Македонија. Во училиштата на Македонија со настава на албански јазик, учениците Aлбанци кои  претежно се муслимани, во основно училиште им се наметнува и им се препорачуваат библиските лекции за решавање на нивните животни проблеми, пишува „Журнал Македонија“. Со ова, учениците Албанци, кои претежно припаѓаат на исламската вера, се принудени да земаат примери од Библијата, бидејќи учебниците кроени од страна на професорите ја пропагираат христијанската вера и Библијата вршејќи дискриминација на другите религии, вклучувајќи ја овде и исламската вера. Вака, во Македонија наставниците Албанци ги користат учебниците каде јасно се пропагира христијанската веронаука, поддржувајќи ја Библијата. Досега за

„Јавните тајни“ – во коментари, во вести се пренесуваат докази и факти

на 16. 03. 2016 | | sq

Напис: ДУИ игра опасна игра, провоцира меѓуверски конфликт… за гласови ѝ е!!!

Ова се моменти кога демонстрантите повикани од ДУИ насилно ги урнаа темелите на крстот во Бутел. Протестот против крстот што се постави во скопски Бутел го предводат градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, и многу високи функционери на ДУИ. Од снимките јасно се гледа дека сето ова е однапред подготвено сценарио, од страна на власта ВМРО-ДУИ. Вечерашното сценарио не е прво. Вакви спектакли оваа власт ни подарила и порано, слично како и вечерва. ДУИ ги организираше толпите за да се запре изградбата на црквата на Кале пред неколку години, го организираше и уривањето со чекан на споменикот на Цар Душан. Последниот обид ги надминува сите нормални граници на

Сензационализам од несреќен случај

на 16. 03. 2016 | | sq

[ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива]

  Текстот има наведувачки и сензационалистички наслов, а нуди штура информација за настан што се случил во Србија, без притоа да даде повеќе детали, особено зашто за случката претходно воопшто не е пишувано. Ваквите половични информации не ги исполнуваат критериумите за вест, а уште помалку му нудат целосно информирање на читателот. Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Ова е малата Теодора која падна од тараса и остана жива Датум и време на објавување: 14.03.2016, 14:51 Датум на рецензирање: 16.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ЗБУНУВАЧКА ВЕСТ

„Едногодишната Теодора Добреновиќ од Ниш е повредена во саботата откако паднала до тераса од 2,5 метри висина.“ Текстот е објавен со наслов кој навестува

Фејсбук-статус и вест, не е исто

на 16. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Стефани имала дечко, ги разделиле поради верата]

  Во овој материјал „Фејсбук“ се користи како извор, иако во новинарството тоа не треба да биде така. Социјалните мрежи може да бидат показател за некакво однесување, но во никој случај тие не смеат да се користат како релевантен извор за еден новинарски напис. „Текстот“ пред нас е токму таков, базиран исклучиво на фејсбук-статуси, па затоа е и предмет на оваа рецензија. Линк до оригиналниот напис: Стефани имала дечко, ги разделиле поради верата Датум и време на објавување: 14.03.2016, 15:32 Датум на рецензирање: 15.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕКОРЕКТНА ОБЈАВА

Професионалното новинарство се потпира на факти, веродостојни извори и ја прикажува сликата од  сите агли. Оваа медиумска објава е многу далеку од

Да се „убие“ гласникот на лошата вест!

на 16. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Алексов со нова задача од Заев за смислување на алиби за бегство од изборите]

  Ова е уште едно во низата клеветнички четива, кое се фокусира исклучиво на една личност наместо на проблемот. Имаме обид за дефокусирање на јавноста на која намерно не ѝ  се нуди општата, генералната слика за ситуацијата со избирачкиот список, туку ѝ се продава приказна за наводна ваква или онаква поврзаност на опозицијата, со луѓе од невладиниот сектор кои имаат допирна точка со изборниот процес. Без дилеми, спин! Линк до оригиналниот напис: Алексов со нова задача од Заев за смислување на алиби за бегство од изборите Датум и време на објавување: 12.03.2016 15:54  Датум на рецензирање: 15.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 СПИН-ТЕЗИ

Имаме нови обвинувања