verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога медиумот го претвора во заканувач тој што е под закана

on 17 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #063 - 'Muki i kërcënuar apo kërcnues_' - indeks_mk_index_php_pagename=read&newsid=158

Напис: Муки под закана или заканувач?

Мухамед Зекири дава до знаење дека му се закануваат од политички причини, но не појаснува конкретно кој и на каков начин. Неговата изјава е пренесена од речиси сите медиуми, без разлика дека за тоа што тој го нарекува закана, треба прво да им се обрати на соодветните органи. Но, Зекири претпочита повеќе да направи шоу отколку да побара законска заштита, да биде во центар на вниманието и да биде разгален од колегите Mакедонци, уште повеќе што таму каде што се наоѓа сега, го нема тоа јавно влијание што некогаш го имаше.

Но, дали Зекири навистина бил под закана? Што подразбира тој под закана? Зошто не ја поткрепува заканата со ниеден факт, ако е навистина така како што тврди?

Дали е Зекири под закана или, уште полошо, самиот тој е заканувач?

Токму најблиските луѓе на Зекири се тие што неколку месеци порано му се заканувале на еден наш колега Албанец, поради една дебата од порано. За ова постојат докази и пријава во полиција.

Причина за заканите беа обвиненијата што новинарот Албанец ги насочи јавно кон Муки за нечесноста и за неговите сегашни ставови, за материјалните придобивки од власта и од врските со македонските партии.

„Подобро ти е да ги гледаш твоите работи и да не се чешаш со Мухамед Зекири, бидејќи ќе ве уништам од прв до последен“, пишува во една од пораките на мобилен.

Но, за разлика од Муки, новинарот што беше под закана не го објави јавно случајот.

„Заканите се дел од професијата што ја вршам. Не го сакам вниманието на јавноста за вакви работи бидејќи да се преправаш дека си жртва за мене е слабост“, вели новинарот за „Журнал“.

Тој е подготвен да се изјасни и јавно за случајот, доколку вакво нешто се побара од Здружението на новинарите на Македонија и од дипломатските претставништва во Скопје.

[Рецензија: „Муки под закана или заканувач?“]

Веста се разликува од коментарите во неколку суштински аспекти, а еден од нив е објективното третирање на фактите, што не е карактеристично за коментарите. Коментарите се градат врз основа на субјективните гледни точки и затоа тие на јасен начин треба да се категоризираат како посебен жанр. Во текстот што е предмет на анализа, коментарите станале дел од веста, без да се предупреди читателот за ова, што е спротивно на Кодексот на новинарите на Македонија и на доброто практикување на професијата.

Indeks - Muki i kercenuar apo kercnues 1Линк до оригиналниот напис: „Mуки под закана или заканувач?”

Датум на објавување: 06.03.2016

Датум на рецензирање: 08.03.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Неколку елементи што се спротивни на Етичкиот кодекс, а што ги содржи овој текст третиран од медиумот како „вест“, иако не е тоа, се:

  • Интегрираните коментари во текстот го отежнуваат препознавањето на фактите и коментарите од страна на читателот;
  • Поставувањето прашања од авторот, за кои нема показатели дека се обидел да побара одговор од прашаниот;
  • Необидувањето да се земе изјава од лицето што е предмет на третирање или обвинение (не е наведено дали имало обид за да се дознае неговиот став);
  • Поттикнувањето интерколегијални конфликти, не нудејќи доволни факти за ниеден од настаните што се дел од написот.

Изборот на фактите, без друго, треба да обезбеди објективна информација, имајќи ги предвид сите важни аспекти на темата што се третира.

Новинарот треба да ја обезбеди „втората страна“, односно да им даде можност на двете засегнати страни во новинарскиот производ да го искажат својот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот иницира сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика – пишува во Етичкиот кодекс на новинарите.

Никаде во текстот не ја наоѓаме цитирана ни основата на информацијата, а ни причината за овој напис, односно не се кажува за објавата на Зекири во која тој пишува за заканата што му е направена и што авторот ја нарекува „шоу“:

„Но, Зекири повеќе претпочита да направи шоу, отколку да побара законска заштита, да биде во центар на вниманието и да биде разгален од колегите Македонци, уште повеќе зашто таму каде што се наоѓа сега го нема тоа јавно влијание што некогаш го имаше.“

Прашањата што требаше авторот да му ги постави на новинарот Зекири, тој ги адресира јавно и на крај поставува една хипотеза: Дали е Зекири под закана или, уште полошо, самиот е заканувач?

На крај, поставена е една фотографија што нема врска со текстот, нема доказна улога и дури ѝ се дава една друга насока на основната цел на првичното „известување“.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести