verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Потемкин и „благосостојбата“ на македонските пензионери

on 17 - 03 - 2016       

Sitel-Screenshot1

 

[Рецензија: Пензионерите во Македонија се задоволни]

 

Потемкинови села! Прилогов што го рецензираме ја опишува благосостојбата на пензионерите во Македонија онака како што Потемкин успеал на царицата со лажни села да ѝ ја прикаже „благосостојбата“ на колонизираните жители на Крим. Почнувајќи од насловот, кој ја генерализира оцената дека сите пензионери во Македонија се задоволни, па до констацијата дека многу заштедиле бидејќи имат бесплатно скијање и бесплатно возење со жичницата на Водно. Како да се тие цел ден на скии и на Водно, па и тој трошок државата им го покрила…

FireShot Capture 135 - Пензионерите в_ - http___sitel.com.mk_penzionerite-vo-makedonija-se-zadovolniЛинк до оригиналниот напис:
Пензионерите во Македонија се задоволни

Датум и време на објавување: 13.03.2016 16:08

Датум на рецензирање: 16.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ПОТЕМКИНОВИ  СЕЛА

Зошто рецензијата ја почнавме со Потемкин (Григориј Александрович), љубовник на руската царица Катарина Втора? За да докаже во колкава благосостојба живеат поданиците на Крим, тој изградил лажни села. Прилогот, пак, за да ги убеди читателите колку, благодарение на актуелната власт, пензионерите  во Македонија „живеат во благосостојба“,  набројува „примери“.

„Повисоки пензии, бесплатен автобуски и железнички превоз, бесплатен викенд и бањска рекреација, бесплатно скијање и возење со жичарницата на Водно…, околу 300 илјади пензионери имаат и намалени цени на лековите, а они кои земаат ниски пензии, бесплатно се лекуваат. 4 пати неделено, односно во  вторник, петок, сабота и недела имаат право на бесплатен автобуски превоз. Секој втор викенд од месецот, бесплатно  патуваат  со воз. Ваквите поволности им носат големи заштеди. Со низата мерки кои се преземени за зголемување на нивниот стандард, пензионерите се  задоволни.“   

 

ЛАГИ, ГОЛЕМИ ЛАГИ И СТАТИСТИКА

Прилогот се повикува и на статистика. Притоа свесно се сокриваат факти што не одат во одбрана на тезата за убав живот на пензионерите во Македонија, па се наведуваат само примери од околните држави, каде пензиите се пониски.

„Во моментов, со намалување на пезниите во Србија – просечната пензија е највисока од регионот. Со 202 евра во просек, македонскиот пензионер е подобро платен од оној во Албанија, Бугарија, Босна и  Косово.“ 

Ако се сакало прилогот да биде објективен и докрај содржаен, требало, кога веќе се прави споредба со регионот, на читателите да им се презентираат и податоци за висина на пензиите и во другите земји од регионот, на пример, во Црна Гора просечна пензија во јули минатата година била  276 евра, во Хрватска – 352 евра, во Словенија – 600 евра…

 

СВЕСНО СОКРИВАЊЕ ФАКТИ

Прилогот генерализира дека сите 300.000 пензионери во Македонија се задоволни. Дали тоа некој го проверил? Дали се пензионерите навистина толку безгрижни и весели како што тоа е прикажано на, очигледно наместените, снимки во возот и во бањата. Прилогот е едностран, со свесно сокривање факти кои се од јавен интерес и кои покажуват дека дефицитот на Фондот за ПИОМ во моментот изнесува 43 проценти, дека Фондот не им исплаќал на приватните фондови за пензиско осигурување за од тие пари да ги покрие дефицитите и дека Светска банка јасно предупредила за состојбата во пензискиот фонд на Македонија, која е неодржлива. Овие факти не смееле да се сокријат.

Содржината на текстот е фаворизирачка – спин за владината политика, апологетска, со пренагласена одбрана и фалење на владините политики и со восхит зборува за „високите“ пензии, укажувајќи на нивната ниска вредност во времето на СДСМ. Има експлицитна оцена во одбрана на два става дека пензиите се највисоки во регионот и дека се задоволни 300.000 пензионери, што не е потврдено со факти и може да се толкува како невистина.

Кодексот на новинарите на Македонија во членот 1. предупредува дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации и не смее да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. А тоа во овој прилог не е почитувано.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести