verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

На деликатните прашања новинарот треба да им пристапи со одговорност

on 17 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #061 - 'Nxënësve shqiptar ju imponohet mësimi Bibla krishtere, ndërsa Kurani lihet anësh!' - www_zhurnal_mk_content__id=163619

Напис: На учениците Aлбанци им се наметнува учењето на христијанската Библија, а Куранот се занемарува

Скопје, 6 март – Нов скандал ја тресе Македонија. Во училиштата на Македонија со настава на албански јазик, учениците Aлбанци кои  претежно се муслимани, во основно училиште им се наметнува и им се препорачуваат библиските лекции за решавање на нивните животни проблеми, пишува „Журнал Македонија“.

Со ова, учениците Албанци, кои претежно припаѓаат на исламската вера, се принудени да земаат примери од Библијата, бидејќи учебниците кроени од страна на професорите ја пропагираат христијанската вера и Библијата вршејќи дискриминација на другите религии, вклучувајќи ја овде и исламската вера.

Вака, во Македонија наставниците Албанци ги користат учебниците каде јасно се пропагира христијанската веронаука, поддржувајќи ја Библијата.

Досега за овој скандал не реагирал ниеден директор не училиштата во Македонија, а ниту родителите на кои им се прави една голема неправда, бидејќи им се наметнува преку примери да се учи Библијата, а не нивната вера, исламот.

Инаку, Библијата била напишана во еден период од пред повеќе од 1.600 години. Нејзините писатели живееја во различни епохи и беа од различни општествени класи. Некои биле земјоделци, рибари и овчари. Други биле учители, судии и цареви. Лука, еден писател на Евангелието, бил лекар. Но, иако писателите биле различно формирани, Библијата е хармонична од почеток до крај.

Според христијанската Библија, нашиот творец е Господ Бог, додека според светата книга Куранот, наш творец е Алах Џ.Ш.

Инаку, Македонија е секуларна држава, каде што верата е одвоена од државата, но примерите во школските учебници на албански јазик докажуваат дека христијанските религии се наметнуваат и се сугерираат, пишува „Журнал Македонија“.

Македонија како држава, „лекот“ за проблемите на граѓаните го нашла во религиите, што е апсурдно.

 

[Рецензија: На учениците Aлбанци им се наметнува учењето на христијанската Библија, а Куранот се занемарува]

Прашањата од интерес на пошироката јавност треба да се третираат од страна на новинарите заради запознавање на јавноста со проблемот, како и за да се поттикнат компетентните институции да преземат активности или соодветни мерки. Со Уставот на Република Македонија се гарантира слободата на верата. Секој обид на граѓаните да им се наметне верската настава е противуставен. Затоа, ова прашање со право се нагласува во текстот што го рецензираме.

download

Линк до оригиналниот напис:На учениците албанци им се наметнува учењето на Христијанската Библија, а Куранот се занемарува

Датум и време на објавување: 06.03.2016

Датум на рецензирање: 14.03.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

 

Меѓутоа, еден новинарски производ не треба да почне со наслов: „На учениците Албанци им се наметнува учењето на христијанската Библија, додека Куранот се занемарува“, особено зашто ова тврдење што не се потврдува со докази никаде во содржината на текстот.

„Со ова во Македонија наставниците Aлбанци ги користат школските учебници каде јасно се пропагира христијанската веронаука поддржувајќи ја Библијата.“

Содржината актуализира еден проблем што е од интерес за јавноста. Меѓутоа, не дава конкретен пример за тоа во кој учебник се „наметнува“ Библијата? На кое образовно ниво припаѓа? Кој е авторот на учебникот и за кој наставен предмет станува збор? Што конкретно е проблематично во таа содржина? За да биде пораката на текстот алармантна, како што се тврди во насловот, јавноста треба да знае за кој учебник станува збор и повеќе детали околу проблематичната содржина.

„Досега за овој скандал не реагирал ниеден директор на училиштата во Македонија, а ниту родителите на кои им се прави една голема неправда, бидејќи им се наметнува преку примери да се учи Библијата, а не нивната вера, исламот.“

Во случаи кога нема реакција за некое проблематично прашање за јавноста, новинарот има обврска да побара став од тие што се директно засегнати – просветните работници, родителите и учениците – како и да побара став и одговорност од компетентните органи. Во овој случај требало да се побара официјален став од Министерството за oбразование и наука, да се види дали тие знаат за тоа што содржат книгите и колку се тие соодветни. Треба да се објави потврдена информација, а не само едно парче хартија од една непозната книга, што не се знае точно дали е учебник.

За да не се процени оваа содржина како една шпекулација или дезинформација, или како што се нарекува во новинарство „свесна манипулација“ со јавноста, потребен е посуштински пристап до проблемот. Објавените информации треба да се вистинити и потврдени. Новинарите треба да имаат одговорност пред јавноста, особено кога известуваат за деликатни прашања, какви што за Македонија се верските или етничките прашања и слободи.

Етичкиот и професионалниот кодекс им наметнува на новинарите особена одговорност за јавно кажаниот збор.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести