Рецензии

Не е важно дали е точно, важно е да се напаѓа

на 22. 03. 2016 | | sq

[Рецензија:  Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата]

  Овој текст е политички мотивиран и има цел да го нападне и да го оцрни советникот на министерот за внтарешни работи, без притоа да се провери информацијата или да се земе изјава од засегнатата страна. Линк на оригиналниот напис: Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата Датум и време на објавување: 13.03.2016 Датум на рецензирање: 22.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ОЦРНУВАЊЕ

Порталот открива наводен инцидент кој се случил на македонска граница, односно наводен обид за шверцување брендирана стока, без да се плати царина. „Журнал дознава дека во текот на вчерашниот ден направена е контрола од страна на царинската управа на автомобил

Целосно обратен текст

на 22. 03. 2016 | | sq
 

 [Рецензија: СДСМ против народот и институциите]

  Текстот што е предмет на оваа анализа е целосно необјективен, изнесува куп невистини и шпекулации. Во него нагласено пристрасно се брани една страна, притоа се извртуваат фактите и се напаѓа другата страна. Линк до оригиналниот напис: СДСМ против народот и институциите Датум и време на објавување: 15.03.2016, 19:58 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

КОЈ ОРГАНИЗИРАШЕ КОНТРАПРОТЕСТ?

Во текстот (што е преземен од друг медиум, но не е линкуван) се вели дека на протестот организиран од ГРОМ за одбрана на институциите имало 6.000 луѓе. Меѓутоа, оваа бројка е „напумпана“, а тоа може да се забележи од сликите објавени во медиумите , на кои се гледаат многу помалку луѓе кои

Вест се доказите!

на 22. 03. 2016 | | sq

Напис: Која беше последната порака што Мирсад Ндрецај му ја испратил на Али Ахмети

Пред некое време семејството Ндрецај објави една телефонска порака што Мирсад Ндрецај, командант Нато, му ја испратил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети. На денот кога се навршија три месеци од кумановскиот конфликт, весникот „Лајм“ го посетил семејството на еден од водачите на вооружената група во судирите од 9 и од 10 мај во Диво Насеље во Куманово. Братот на Мирсад, Илбер, ја покажал последната порака што тој му ја пуштил на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, неколку месеци пред кумановскиот конфликт. Во оваа порака се гледа јасно револтот на Мирсад кон Али Ахмети, кого, меѓу друго, го нарекува и „падобранец и убиец“. „Али Ахмети, албанскиот

Насловите со коментари немаат место во информативните жанрови

на 22. 03. 2016 | | sq

Напис: Незири се пазари без анџијата: Прогласува победа на ДУИ, уште пред да гласаат Aлбанците!

Шефот на изборниот штаб, Беким Незири, честиташе за одржувањето на овој собир и истовремено истакна дека ДУИ во сите нејзини разграноци одржува изборни собири на Младинскиот форум. „Младинскиот форум е клучен сегмент за еден здрав политички субјект. Не се сомневам дека на 5 јуни ќе ја славиме следната победа во Липково и во цела Македонија. Почитувана младино, изборите на 5 јуни се најважни за ДУИ, но и за сите Албанци во Македонија“, известува „Журнал“. Неколку политички партии на различни начини, уценувајќи и лажејќи, ги напаѓаат политиките на ДУИ. Нема ни албанска ни македонска политичка сила што може да ги запре залетот и силата на ДУИ

„Новинарска“ тирада без факти, извори и стил

на 22. 03. 2016 | | sq
[Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа]   Ова е текст со понудена приказна која ама баш со ништо не е поткрепена. Нема наведено релевантни извори, има целосно неприфатлив наслов, а целата содржина може да се поистовети со политичка конструкција. Написот е граден со паушални, непроверени информации, при што како резултат е добиена тенденциозна приказна. Линк до оригиналниот напис: Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа Време на објавување: 18.03.2016, 23:55 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев   Прво што паѓа в очи кога се чита овој текст, е отсуството на факти, отсуството

Погрешно лоцирање за манипулирање

на 21. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија]

  Написот претставува најава за настан, но има сосема погрешен наслов, бидејќи настанот се одвива во соседна Грција. Ваквиот наслов и категоријата во која е објавен текстот оставаат впечаток дека намерата била да се соберат што повеќе кликнувања, а не прецизно да се информира  јавноста. Линк до оригиналниот напис: Анџелина Џоли денес доаѓа во Македонија Датум и време на објавување: 16.03. 2016 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Димитар Тануров  

ИЗОСТАВЕН ВАЖЕН ПОДАТОК

„Холивудската актерка Анџелина Џоли, денеска ќе го посети бегалскиот камп во Идомени.“ Текстот претставува лошо пренесена информација за настан што треба да се случи. Проблемот е во тоа што се наведува местото, односно кампот Идомени, но не се дообјаснува дека

Навредите во новинарството се неприфатливи, со или без нараквици!

на 21. 03. 2016 | | sq

Напис: Бесими зборува за евроинтеграции, под плакат на уринарниот систем

Денес, на 14 март, во просториите на Унивезитетот на Југоисточна Европа во Тетово, Секретаријатот за европски прашања во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, реализира една презентација за програмите на Унијата, односно програмата „Еразмус плус“. На настанот зеде збор вицепремиерот д-р Фатмир Бесими, директорот на Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, г. Дарко Димитров, како и проректорот за меѓународна соработка на Универзитетот на Југоисточна Европа, д-р Блерим Река. На почетокот на неговото предавање, вицепремиерот Бесими нагласи дека програмите на Унијата претставуваат серија интеграциски активности усвоени од страна на ЕУ за зголемување на соработката меѓу земјите членки и земјите што не се членки, за што подобро

Напад со сите оружја

на 21. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ЗНМ и синдикатот му отвораат нов пат на Заев за бегство од избори]

Долго време, во медиумскиот простор, сите што мислат поинаку од дискурсот наметнат од владејачката елита, инаку со дебел 10-годишен стаж на управување, за кое било прашање, се прогласуваат или за сдсмовци или, по новата терминологија „кодифицирана“ во Центарот, за т.н. соросиди. Од тој аспект, ова четиво не нè просветлува ниту, пак, кажува нешто ново. Се вергла една позната приказна која, покрај оцрнувањата и етикетирањата на одредени личности и организации, во својата срж, како и широка лепеза речиси идентични написи, го има семето на поделба – на ваши и на наши. Ептен неубаво, би рекле.   Линк до оригиналниот напис: ЗНМ и синдикатот му отвораат нов пат на

Новинарот не е ниту лекар, ниту психолог

на 18. 03. 2016 | | sq

Напис: Абдилаќим Адеми, уморен и ослабен

Уморен и ослабен. Вака изгледа министерот за образование, Абдилаќим Адеми, на средбата што ја остварил денеска со градоначалниците на општините Боговиње и Желино, каде зборувал во врска со отварање на професионални училишта во овие две општини. Дали го изморила работата во министерство или партиските проблеми, не може да се каже, но познато е дека има многу проблеми и во МОН и во ДУИ. Во МОН продолжуваат да излегуваат на виделина скандалите со учебниците, а во партијата се зборува дека не му одат добро работите бидејќи не го прифатил добро фактот што не е избран за претседател на изборниот штаб на партијата, иако според партискиот статут, таквата позиција му припаѓа на генералниот секретар. За денешната

Тенденциозен настап кон Таки Фити

на 18. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: МАНУ призна дека бројчаникот е политичка грешка на Таки Фити]

Во време на брз развој на настани во земјава, една навидум техничка дребулија побуди навистина голем интерес. Се работи за бројчаникот на веб-страницата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), кој неодамна беше поставен, а постојано го одбројува задолжувањето на земјава кон странство. Овој бројчаник што во секоја секунда ја прикажува промената на задолженоста по жител, бил поттикот со насловот на овој текст и со самата содржина на текстот да се обвини МАНУ дека се политизира како институција против актуелната власт. Политизацијата се врзува и за нејзиниот претседател, д-р Таки Фити. Во релативно долгиот текст се наметнуваат неколку дилеми. Најпрвин, колку извори користи статијата за да дојде до