verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Новинарска“ тирада без факти, извори и стил

on 22 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Kurir 4

[Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа]

 

Ова е текст со понудена приказна која ама баш со ништо не е поткрепена. Нема наведено релевантни извори, има целосно неприфатлив наслов, а целата содржина може да се поистовети со политичка конструкција. Написот е граден со паушални, непроверени информации, при што како резултат е добиена тенденциозна приказна.

destrukcija dikЛинк до оригиналниот напис: Деструкцијата продолжува, СДСМ ја напушта ДИК, резултатите од проверката се најмалку четири ипол пати помалку од тоа што го тврдеа

Време на објавување: 18.03.2016, 23:55

Датум на рецензирање: 21.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

Прво што паѓа в очи кога се чита овој текст, е отсуството на факти, отсуството на извори кои се користени, отсуството на вест, на дејство, отсуството на стил, како и непочитување на основните новинарски правила за пишување вести и информации. Напротив, сè што се пренесува во текстот се шпекулации.

 

ОТВОРАЊЕ ДВА ФРОНТА

Покрај за главниот „виновник“ во оваа статија, во истиот манир текстот „прераскажува“ и за случувања во најголемата опозициска партија – СДСМ.

„Нашите информации говорат дека Заев доживеал вистински студен туш откако пресметките покажале дека неговата бројка на наводни фантомски гласачи е нереална и измислена. Тој даде изјава која слободно според експретската јавност се толкува како гаф дека наводно имало петстотини илјади фантоми гласачи во Македонија. Тоа од никој не беше сватено за сериозно, и беше оценето за апсурден обид на СДСМ да внесе забуна и да произведе нова манипулација. Заев свесен дека не му поминува, денес ги повикал на итен состанок членовите на СДСМ од ДИК кои потоа драматично го промениле однесувањето при работата на изборната комисија“.

Дали е можен новинарски коректен, професионално одработен напис за сензитивно прашање од доменот на работата на Државната изборна комисија (ДИК), со користење исклучиво анонимни извори и без да се побара изјава од оваа институција? Покрај тоа, за време на политичка криза во државата која има директни реперкусии врз нејзината работа? Тешко дека некој во или надвор од новинарската професија би можел да одговори потврдно.

Кодексот на новинарите на Македонија во членот 1. предупредува дека „новинарот треба да објавува точни, проверени информации и не смее да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи, како и дека доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави“. Тоа во овој напис не е почитувано.

 

ИЗВОРИТЕ ПОВТОРНО ОТСУТНИ

Нештата потоа во текстот продолжуваат во истиот манир, со продолжувањето на атакот врз најголемата опозициска партија – СДСМ. Притоа повторно се нафрлаат работи за кои нема потврда, ниту е цитиран валиден извор.

„Имено, иако тие на состанокот во ДИК претходната вечер кој траел до 1 часот по полноќ ги прифатиле реалните бројки кој се неколкупати помали од оние кои Заев ги презентираше во јавноста, но на состанокот со Заев на кој била и Шекеринска  тие биле остро прекорени и добиле насока на целосна опструкција“.

Вака како што е напишана, оваа статија е „печена“ за „Верувале или не“. Вистинитоста е, во најмала рака, исклучително проблематична. Содржината ни открива дека станува збор за непоткрепен напад врз опозицијата, за наводно да се обелодени голем заговор. Но, кога се напаѓа некоја страна, во случајов СДСМ, ред е и да се побара одговор. Такво нешто во текстот не е присутно.

Кога ќе се сумира изнесеното, јасно е дека понуденото четиво не ги задоволува основните критериуми за вест ниту, пак, се придружува до новинарските стандарди. Навистина, местото дефинитивно не му е во информативните содржини пласирани во етерот и во интернет-просторот, туку во некое друштво озборувачи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести