Рецензии

Новинарите прават вести, а не пропаганда!

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)

Денот на екологијата денеска беше означен со бројни активности. Го инаугуриравме паркот во населбата Блок 82. Потоа продолживме околу плоштадот Илириа, каде учениците од основните училишта поминаа со банери под убавите звуци на виолината на учениците од музичкото училиште. Исто така, го организиравме и маратонот на булеварот Илириа. #‎ДаЈаСакамеСредината‬  

[Рецензија: Општина Тетово го означи Денот на екологијата со бројни активности (Фото)]

Улогата на новинарите без сомнеж е и останува информирањето. Секоја друга активност или „доза“ што се вклучува во нивните активности е спротивна на правилата на професионалното новинарство. Новинарите треба да информираат за тоа што се случило, а не да ја известат јавноста за активностите на некој

Веста не треба да се протолкува погрешно!

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: Во Радишани е поставен крст

По последните судири околу изградбата на огромен крст во општина Бутел, се чини, сè уште е откажана реализацијата на оваа идеја. Овојпат „битката“ продолжува во Радишани. Овде е поставен крст на средина на патот, но никој порано не го забележал. Жителите велат дека има неколку дена откако е поставен крстот, но не знаат од кого. Додека едни мислат дека крстот не нуди никаква придобивка и дека треба да изградат фабрики, други мислат дека крстови треба да се постават дури и на појавни места и да бидат уште поголеми, како тој што требаше да се изгради во Бутел. Според „ТВ Нова“, дрвениот крст во Радишани, наскоро ќе се претвори во метален и ќе биде со 

Македонски „Пустец“ на истокот

на 29. 03. 2016 | |
 

[Рецензија: Во Ќустендил „живеат“ 10.857 „фантоми“ од Македонија]

  Низ една политичка репортажа од Ќустендил добиваме прикриена намера прашањето за дојденците на гласањето во земјава, како лица кои живеат надвор од земјава, со фиктивни адреси во некој наш град, да се – релативизира. Имено, ако од разни побуди македонски државјани постојано пребиваат тука, ама имаат адреси и надвор од Македонија, прашањето е како некој од Мала Преспа би го немал тоа право? Ем да живее реално само во земјава, ама и да има адреса во некој град во соседна земја, макар и во купче со 50-60 – 100 други свои сограѓани? Значи феноменот „гласачи од Пустец“ не е единствен! Ова е веројатно бараниот заклучок. Линк до оригиналниот напис: Во

Како кликнувањата ја „убиваат“ вистината

на 29. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја]

  „Кликнувања ли се кликнувања, (не)новинарски маки големи“…..  Линк до оригиналниот напис: Северна Кореја ја нападна Јужна Кореја  Датум и време на објавување: 25.03.2016,  23:00  Датум на рецензирање: 27.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 НЕТОЧЕН НАСЛОВ

Манипулација, не по грешка, туку очигледно намерна. Се пласира ептен „бомба-вест“ во насловната конструкција, која нема врска со вистинитата ситуација. Јасна била целта – преку „продавањето“ ветер и магла да се привлечат „кликнувања“ за информација од светот, која вообичаено не би имала многу домашна публика. Затоа, злоупотребен е реален настан и од него е направен циркус – објавена е неточена вест. Значи Северна Кореја не ја нападнала Јужна Кореја, туку извршила вежба за такво можно сценарио во кое целта

Насловот тврди едно, текстот друго

на 28. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА ги украле цедињата со податоците за спорните гласачи]

  Главен проблем со написот што е предмет на оваа рецензија е – насловот. Тој содржи многу директно и сериозно обвинување на сметка на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и на ДПА и ова тврдење потоа во текстот не е поткрепено со факти. Напротив, во самиот напис е објаснето дека партиските претставници цедеата со податоците за спорните гласачи ги подигнале од ДИК, откако формално се потпишале дека ги подигнуваат, што не асоцира на нелегално стекнување со нив, односно крадење. Поради ова, насловот може да се оцени како невистинит и како непотребен сензационализам.
Вториот проблем е што во написот не е понудено толкување од компетентен извор за тоа дали е законски

Нафрли обвинувања, налепи етикети и ете текст!

на 28. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Продолжува деструктивниот однос на Jанева кон институциите на државата]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија е базиран на шпекулации и служи единствено за дискредитација на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Написот е едностран, има манипулативен пристап и ги наведува читателите на погрешни заклучоци. Линк до оригиналниот напис: Продолжува деструктивниот однос на Jанева кон институциите на државата Датум и време на објавување: 24.о3.2016,  09:36 Датум на рецензирање: 28.03.2016 Рецензент: Симона Атанасова   НАТЕЖНУВА ОД ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ Пред нас имаме необјективна објава во која се обвинува Јанева дека не ги почитува институциите, дека дејствува партиски и дека работи спротивно на законот. Всушност, целото четиво е една голема шпекулација за дефокусирање на јавноста од вистинските факти. Текстот е креиран со идеја

Политички памфлет за отстрел, маскиран во напис

на 28. 03. 2016 | |
[Рецензија: Јанева и Заев одработуваат за Грците и радикалните Албанци]   Новинарскиот текст што е предмет на оваа рецензија е пример за тоа што се случува кога новинарскиот текст ќе се замени со партиско соопштение, кога информирањето ќе биде засенето од мегафонството, кога професионалните стандарди ќе потклекнат пред политичката сила. Станува збор за производ на намера да се оцрни специјалната обвинителка така што без докази ќе се стави во контекст на политичко дејствување.
Линк до оригиналниот напис: Јанева и Заев одработуваат за Грците и радикалните Албанци  Датум и време на објавување: 23.03.2016  11:44  Датум на рецензирање: 24.03.2014  Рецензент: Владимир Мирчески   МЕДИУМСКА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО ЕДЕН ЧИН – ЕМ ОБВИНЕНИЕ, ЕМ ПРЕСУДА Со оваа рецензија ниту браниме некого ниту дообјаснуваме нечии изјави.

Непотврдените „скандали“ не треба да се објавуваат

на 25. 03. 2016 | | sq

Напис: Скандал: Повеќе од 5.000 жители од Косово и од Албанија стекнуваат македонско државјанство за 24 часа?!

Скопје, 16 март – Скандал ја тресе Македонија. Повеќе од 5.000 косовски државјани познати како „Горани“ и албански државјани кои се изјаснуваат како Македонци, експресно обезбедиле македонско државјанство, дознава агенцијата за вести „Журнал“. Сите македонски државјанства на овие странски државјани им се доделени  на шалтерите на Министерството за внатрешни работи, лоцирани во зградата на Македонската радио-телевизија во Скопје. „Журнал“ дознава дека државјанствата се дадени во последниве шест години, поточно од 2010 до 2015 година, кршејќи ги сите закони на Македонија, бидејќи овие граѓани, без да исполнат ниту еден услов стекнале македонско државјанство. Агенцијата за вести „Журнал“ ја дознала маршрутата како косовските и албанските

Погрешно толкување и негирање на правата!

на 25. 03. 2016 | | sq

Напис: Беса Арифи ги критикува судиите изгласани од ДУИ, партијата на нејзината сестра Теута Арифи

Претставниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нашле плодна земја за да ја критикуваат „власта“, по одлуката на Уставниот суд со која повторно му се овозможува на претседателот на државата да ги помилува (амнестира) крадците на гласови, педофилите и наркодилерите.
Претставници од оваа партија ја критикуваат одлуката на Уставниот суд, излегувајќи со тези со кои повторно тврдат дека се против ВМРО-ДПМНЕ, иако осум години се во коалиција.
Овие тези на ДУИ можеби ќе беа уверливи за јавноста, доколку не беше „Лајм“ со основани аргументи да ги фрли во вода тезите на ДУИ. Кој е аргументот со кој „Лајм“ ги фрли во вода тезите на ДУИ?

„Келнерот“ ја испорача реклама-нарачката

на 25. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Груевски фаворизиран од еден од најтиражните дневни весници во САД]

  Два непобтни факти ја почнуваат и ја завршуваат оваа рецензија. Како прво, фактот дека овој текст е објавен на страницата „Мислења“ (Opinion), што е видливо во горниот десен агол на принтскринот објавен во весникот каде што е пренесено ова мислење. Како второ, фактот дека Џејсон Кац (Jason Katz), авторот на ова мислење, не е вработен во „Вашингтон тајмс“. Џејсон Кац е директор на компанијата за односи со јавноста „Тул Шед груп“, експерт за стратегиски комуникации и политички советник и поранешен извршен директор за односи со јавноста на Американскиот Еврејски комитет. Сето ова го пишува во дисклејмерот на крајот од текстот, мислењето на Кац за политичката ситуација, објавено во