verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Погрешно толкување и негирање на правата!

on 25 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #075 - 'Besa Arifi kritikon gjykatësit që i votoi BDI-ja e Teuta Arifit, motrës së saj – LAJM' - lajmpress_com_besa-arifi-krit

Напис: Беса Арифи ги критикува судиите изгласани од ДУИ, партијата на нејзината сестра Теута Арифи

Претставниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нашле плодна земја за да ја критикуваат „власта“, по одлуката на Уставниот суд со која повторно му се овозможува на претседателот на државата да ги помилува (амнестира) крадците на гласови, педофилите и наркодилерите.
Претставници од оваа партија ја критикуваат одлуката на Уставниот суд, излегувајќи со тези со кои повторно тврдат дека се против ВМРО-ДПМНЕ, иако осум години се во коалиција.
Овие тези на ДУИ можеби ќе беа уверливи за јавноста, доколку не беше „Лајм“ со основани аргументи да ги фрли во вода тезите на ДУИ.

Кој е аргументот со кој „Лајм“ ги фрли во вода тезите на ДУИ? Би прашале вие.

Дали има посилен аргумент од фактот дека пратениците на ДУИ во Собрание гласале за избор на членовите на Уставниот суд што му ги вратија на Иванов надлежностите за да ги помилува крадците на гласови?

Во утрешното издание на весникот „Лајм“, подетално ќе можете да прочитате за тоа кога се избрани и како се избрани конкретните членови на Уставниот суд.

Меѓутоа, на какофонијата на лажните „интеграциски“ критики  против Уставниот суд ѝ се придружија дури и членовите на семејствата на високи фукционери на ДУИ. Меѓу нив е и Беса Арифи, сестра на заменик-претседателката на ДУИ, Теута Арифи која, била пратеничка (а можеби и гласала) за некој од „скандалозните“ членови на Уставниот суд.

Вчерашната одлука на Уставниот суд таа ја проценила како одлука што нè враќа назад, бидејќи освен политичката и правна криза, сега сме влезени и во една уставна криза.

Таа истакнува дека со оваа одлука се ризикува процесот на заштита на човечките права, бидејќи Судот вчера ги зголеми правата на криминалците и на педофилите.

„Фактички, ова е една многу голема стагнација во целиот процес на заштита на човековите права воопшто и во поставување на едно вистинско кривично право, а уште повеќе значи дека ова се прави без да се има една силна правна основа. Значи, во време кога во сите демократски развиени земји овие дела се сметаат за многу сериозни и во време кога сите меѓународни конвенции бараат за овие дела да нема никаква можност да се избегнат судењето и казната, овде се донесува ваква одлука што навистина нè враќа назад во тоа време кога шефот на државата помилуваше кого сака и што сака“, изјавила Беса Арифи за „Журнал“, додавајќи дека сите досегашни обиди да имаме сигурни институции, со вчерашната одлука на Уставниот суд се ризикува да паднат во вода и граѓаните да ја изгубат довербата во државните институции во целост, како и во институциите на правдата.

Инаку, Уставниот суд на затворена седница, ја усвои одлуката со која што Претседателот на државата има право да помилува лица осудени за изборни манипулации, педофилија, дрога и за други кривични дела.

 

[Рецензија: Беса Арифи ги критикува судиите изгласани од ДУИ, партијата на нејзината сестра Теута Арифи]

Секој поединец  има свои права, вклучувајќи ја и слободата на изразување. Новинарите треба да бидат најдобрите заштитници на слободата на говорот и најдостојните почитувачи на индивидуалните убедувања. Во конкретниот случај, имаме работа со „вест“ во која се прекршени новинарските начела. Една лошо толкувана изјава и една неоснована врска, за провоцирање на една политичка фигура. Текстот, освен што е тенденциозен и во себе содржи непријателство, е и понижувачки и навредлив.

„Претставниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ) нашле плодна земја за да ја критикуваат „власта“, по одлуката на Уставниот суд со која повторно му се овозможува на претседателот на државата да ги помилува  (амнестира) крадците на гласови, педофилите и наркодилерите.

Претставници од оваа партија ја критикуваат одлуката на Уставниот суд, излегувајќи со тези со кои повторно тврдат дека се против ВМРО-ДПМНЕ, иако  осум години се во коалиција.

Овие тези на ДУИ можеби ќе беа уверливи за јавноста, доколку не беше „Лајм“ со основани аргументи да ги фрли во вода тезите на ДУИ .“

Новинарот ќе го чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ја поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби неговиот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги“ се вели во член 16 на  Прирачникот за етика во новинарството.

„Кој е аргументот со кој „Лајм“ ги фрли во вода тезите на ДУИ? Би прашалае вие. Дали има посилен аргумент од фактот дека пратениците на ДУИ во Собрание гласале за избор на членовите на Уставниот суд што му ги вратија на Иванов надлежностите за да ги помилува крадците на гласови? Во утрешното издание на весникот „Лајм“, подетално ќе можете да прочитате за тоа кога се избрани и како се избрани конкретните членови на Уставниот суд.“

Besa Arifi kritikon gjykatësit scresnshotЛинк до оригиналниот напис: „Беса Арифи ги критикува судиите изгласани од ДУИ, партијата на нејзината сестра Теута Арифи

Датум и време на објавување: 17.03.2016

Датум на рецензирање: 20.03.2016

Рецензент: Адриан Керими

Изјавата на спомнатото лице во текстот, е дадена за друг медиум. Што се однесува до цитирањето на изворите, тука е сè во ред. Меѓутоа, истата изјава е дадена во својство на аналитичар, а не во својство на сестра на една политичка фигура. Ова е разликата што новинарот мора да ја почитува.

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.“

„Етичкиот и професионален кодекс на новинарите им наметнува особена одговорност за јавно кажаниот збор. Нивните ставови се важен фактор во формирање на јавното мислење, бидејќи јазикот на омраза е недостојна за новинарската етика“.

„Меѓутоа, на какофонијата на лажните „интеграциски“ критики против Уставниот суд ѝ се придружија дури и членовите на семејствата на високи фукционери на ДУИ. Меѓу нив е и Беса Арифи, сестра на заменик-претседателката на ДУИ, Теута Арифи која била пратеничка (а можеби и гласала) за некој од „скандалозните“ членови на Уставниот суд. Вчерашната одлука на Уставниот суд таа ја проценила како одлука што нè враќа назад, бидејќи освен политичката и правна криза, сега сме влезени и во една уставна криза. Таа истакнува дека со оваа одлука се ризикува процесот на заштита на човечките права, бидејќи Судот вчера ги зголеми правата на криминалците и на педофилите.“

Во вакви случаи, авторот треба да биде подготвен да обезбеди став од страната на која индиректно ѝ упатува критики (во овој случај неконструктивни). Но, без оглед на оваа можност што ја имаат новинарите (за да прашуваат), секогаш треба да се знае дека јавноста е таа што проценува. Исто така, улогата на новинарот во овој случај треба да биде професионална и објективна. Ова подразбира дека тој во овој случај има можност да ја промовира слободата на изразување на една личност која е сестра на една политичка фигура, но без оглед на тоа, таа има личен став за една политичка одлука.

Дека текстот е составен „колку за да направи галама“, покажува и мултимедијалниот аспект. На написот му е прикачена една фотографија што нема смисла и не го прикажува лицето на личноста за која се зборува во текстот. Непрофесионалниот и неодговорен пристап го докажува и непотпишувањето на текстот, односно криењето на авторот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Погрешна интерпретација

извртување на вистина (спин)

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести