verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Келнерот“ ја испорача реклама-нарачката

on 25 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

gruevski

[Рецензија: Груевски фаворизиран од еден од најтиражните дневни весници во САД]

 

Два непобтни факти ја почнуваат и ја завршуваат оваа рецензија. Како прво, фактот дека овој текст е објавен на страницата „Мислења“ (Opinion), што е видливо во горниот десен агол на принтскринот објавен во весникот каде што е пренесено ова мислење. Како второ, фактот дека Џејсон Кац (Jason Katz), авторот на ова мислење, не е вработен во „Вашингтон тајмс“. Џејсон Кац е директор на компанијата за односи со јавноста „Тул Шед груп“, експерт за стратегиски комуникации и политички советник и поранешен извршен директор за односи со јавноста на Американскиот Еврејски комитет.

Сето ова го пишува во дисклејмерот на крајот од текстот, мислењето на Кац за политичката ситуација, објавено во „Вашингтон пост“.

„Вашингтон пост“ не пропушта да го објави тоа зашто тоа е сосема вообичаена практика со која редакцијата на весникот се заштитува нечие мислење да не биде идентификувано како нивни став.

Инаку, весници кои внимаваат на стандардите и на професионалната етика, внимаваат и на овиде детали: Во рубриката „Opinion“ многу јасно се одбележани новинарите на „Вашингтон тајмс“ и на другите. До авторите што произлегуваат од редакцијата задолжително стои името на авторот и името на весникот, а кај другите е само името.

Се разбира, така е во нормалните земји, каде што се почитуваат и се практикуваат професионалните и етички новинарски стандарди.

03252016-Vest-PRЛинк до оригиналниот напис: Груевски фаворизиран од еден од најтиражните дневни весници во САД

Датум и време на објавување: 22.03.2016, 17:35

Датум на рецензирање: 25.03.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

ЛАЖНА СЛИКА

Објавувањето на ова мислење кај нас, воопшто не ги почитува овие стандарди. На ниту едно место од пренесениот текст не се нотира дека се работи за мислење на махер за односи со јавноста ниту, пак, дека авторот не е дел од „Вашингтон пост“.

Внимавајте! Во пренесениот текст, во уредничките интервенции, не се ни споменува името на авторот!

Тоа се забошотува само со една намера – да се создаде лажна слика дека некој американски весник го подржува и го фаворизира лидерот на владејачката партија.

Уште повеќе. Во конкретниот случај се оди чекор понапред во фалсификувањето на оригиналната природа на овој текст – дека е само мислење на еден „реклама-келнер“ и со наднасловот го спинува текстот во апсолутно неодржлива насока. Надналовот вели:

„Вашингтон се замеша во изборната трка во Македонија“

Тоа не е фер, туку одразува тенденциозност и пристрасност. Зашто кога велите „Вашингтон“, тоа е вообичаена фраза која треба да идентификува дека властите на САД стојат зад тој став. Тоа, во овој случај, апсолутно не е точно.

На крајот, само може да се каже дека може да му се „прости“ на „реклама-келнерот“, бидејки тоа му е работа – да ја испорача нарачката. Но, секако, од аспект на професионалната новинарска етика, како и од аспект на политичката култура, оваа постапка  е – непростлива.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести