verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Реална слика за пеколот наречен Идомени

on 25 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

idomeni

[Рецензија: Пеколот сега се вика Идомени]

 

Текстот што е предмет на рецензија е сеопфатен и содржаен, тој реално ја прикажа состојбата со мигрантите во грчкиот камп Идомени. Преку еден убав наративен стил, натписот сликовито ја објаснува маката на бегалците и на читателската публика ѝ ги доближува проблемите со кои мигрантите секојдневно се соочуваат во кампот. Материјалот е поткрепен со соодветни фотографии што ја засилуваат впечатливоста на приказната.

idomeniЛинк до оригиналниот наслов: Пеколот сега се вика Идомени

Датум и време на објавување: 15.03.2016

Датум на рецензија: 24.03.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ФАКТИЧКА СОСТОЈБА

Во репортажата се обрнува внимание на бројноста на мигрантите и истовремено се укажува на отсуството на инфраструктура, која ќе одговори на нивните секојдневни потреби за пристоен престој. За да се долови големината на проблемот, се прави споредба со градот Гевгелија чијшто број на жители изнесува колку бројот на мигранти во кампот, со таа разлика што овие луѓе ги немаат истите услови за живот. Се лоцира одговорноста кон надлежните, но и се посочуваат невладини и хуманитарни организации кои даваат свој придонес во надминување на ситуацијата.

„Кампот е веќе мал град со жители колку што има Гевгелија од другата страна на заштитната ограда. Меѓутоа, разликата е огромна. Тука нема улици, нема ионфраструктура, нема речиси ништо. Владее потполн хаос, кој грчките власти, УНХЦР и десетина хуманитарни и невладини организации се обидуваат да го средат.“

Написот ја раскажува тажната приказна на луѓето од кампот во Идомени на кои неповолните временски услови во изминатиот период, дополнително им го загорчија животот. Написот ја доловува сликата во кампот  по поројните дождови во Северна Грција (13 март 2016 г.), кога шаторите на мигрантите беа целосно поплавени.

„Во Идомени си богат ако имаш суви алишта, гумени чизми, шатор на добро место под стреа, на камења или дебели чорапи. Четирите дена дожд го направија кампот една голема каллива каша низ која на места речиси едвај се минува.“

 

ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА

Во текстот, исто така, се истакнува и случајот со делењето на летоци меѓу мигрантите, со кои бегалците на Идомени се повикуваа на нелегално преминување на грчко-македонската граница. За овој случај, обвинителката од грчкиот врховен суд, Ефтерпи Куцамани, издаде наредба до солунското обвинителство да се почне прелиминарна кривична истрага за да се најде кој стои зад целата акција која се смета дека е добро организирана.

„Флаерите со мапата, рутата за движење и лагите дека Македонија не ја затворила границата и дека може да се влезе каде што нема ограда, веќе ги нема. Никој не сака да каже кој ги делел, каде се печатени. Ниту грчките власти не прифаќаат каква било одговорност“

Насловот на текстот, „Пеколот сега се вика Идомени“, го навестува текот на приказната, при што фактичкиот приказ од терен, но и сведочењата на бегалците ја оправдуваат ваквата констатација. Освен што се истакнуваат проблемите, написот се обидува да ги прикаже и можните решенија за тоа во која насока ќе се развива проблемот со бегалци, чија разврска, пред сè, зависи од одлуките на Брисел.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести