verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Земи фејсбук-статус и направи текст!

on 24 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

- ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ_ Јанева е п_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_v

[Рецензија: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени]

 

Ова е пример како не треба да се направи текст. Веднаш паѓа в очи дека надвладела намерата да се нападне специјалната обвинителка Катица Јанева. Материјалот е без потребните елементи што треба да ги има секој ангажиран новинарски напис. Нема изјави, не е објективен и воопшто не е содржаен. Од фејсбук-статус не може да се изгради приказна.

janeva desktrukcijaЛинк до оригиналниот напис: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени

Датум и време на објавување: 23.03.2016, 13:07

Датум на рецензирање: 24.04.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

КАДЕ ЈАНЕВА ЈА НЕГИРА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА?

Текстот е спин од насловот, па до последната реченица. Имено, во насловната конструкција се тврди дека „Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени“, и веднаш имате тонч.

Прво, од изјавата на Јанева дадена на конференцијата, во која учествуваше и романската обвинителка Лаура Ковеси, воопшто не може да се извлече заклучок дека таа ја негира македонската држава. Нејасно е како е дојдено до ваквата констатација кога Јанева вели:

„Од доказите произлегува дека самиот избор на претседател, на уставните судии и на пратениците во Собранието е доведен во прашање и сите овие институции се нелегитимни.“

Второ, во насловот се тврди дека граѓаните и експертите се згрозени. Ако се погледне текстот, ќе се види дека во него нема експерти, туку има коментари од фејсбук-профили, кои не може да се потврди дали се лажни, дали се партиски или се на граѓани. Затоа и неблагодарно е да се извлече ваков заклучок во насловот.

 

ВРИЕ ОД НЕОБЈЕКТИВНОСТ

Овој исклучително тенденциозен материјал се темели на еден фејсбук-статус на професорката Билјана Ванковска. Нејзината објава е разделена на неколку дела, а потоа се извадени коментарите кои одговараат за да се засили нападот врз Јанева. И тоа е целиот текст, „зајакнат“ со наслов: „Врие на социјалните мрежи!“

Тука мора да се напомене дека не се работи за повеќе социјални мрежи (како што сугерира напишаното во текстот), туку во прашање е само една – „Фејсбук“. Исто така, тешко може да се докаже дека „врие“ зашто, сепак, се работи за еден фејсбук-статус, кој, пак, не може да биде релевантен затоа што не е официјален став.

Дека текстот не е содржаен, се гледа и во начинот на обработката. Имено, на социјалните мрежи можеа да се забележат и поинакви коментари од внесените во текстот, но тие не се земени предвид. А, се гледа и дека се немало  намера да се добие изјава од Јанева или, пак, од Ванковска.

Сето ова го прави текстот необјективен и непрофесионален. Кодексот на новинари во членот 1 вели:

„Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.“

Јанева имаше и соопштение во кое дообјасни што сакала да каже, но текстот не е дополнет со нејзината реакција, туку останал во својата првична верзија.

Поради сите овие причини овој напис е предмет на рецензија и заслужува негативна оценка. Тој ги покажува сите слабости на еден непрофесионален производ.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести