Рецензии

Замелушен поглед по политички рингишпил

на 1. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била во корист на Путин]

  Како да се анулира очевидната поддршка на западните политики за напорите на опозицијата да се промени начинот на владеење во државата? Ова, секако, е дилема околу која работат тимови кои ги анализираат работите за сметка на владејачката партија. Веројатниот заклучок е дека е неопходен коперникански пресврт кај западните политички кругови во корист на Груевски. Овој текст се труди, доста конфузно и без јасни и логички претпоставки, тоа да го направи „преку ноќ“. Вреди ли тој обид? Линк до оригиналниот напис: ЏЕС БЕЈЛИ, НУЛАНД, ОРАВ И ХОЈТЕ РАБОТАТ ЗА ПУТИН: Целата поддршка од западните амбасадори за Заев била

„Сценарио за напад“ без докази

на 1. 04. 2016 | | sq

Напис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!

Скопје, 21 март – Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева,  траела многу кратко.
Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.
Комисијата треба да го разгледа извештајот на СЈО, и додека не се заврши тоа, извештајот не може да се стави на дневен ред за пленарна седница.

[Рецензија: Јанева се плаши

Новинарот треба да инсистира за вистината

на 1. 04. 2016 | | sq

 

Напис: Со инсистирање на Али Ахмети, пуштен на слобода Лирим Дуголи

Скопје, 19 март – Синоќешното ослободување на високиот функционер на ССК, Гафур Дуголи, беше поздравено и од највисоките партиски структури на најголемата албанска партија на власт, ДУИ. Гафур Дуголи беше уапсен на граничниот премин Блаце по меѓународна потерница распишана од Србија. Повеќето политички аналитичари, актот на македонската полиција го сметаат за политички акт со српска заднина. Меѓутоа, целосната посветеност на целата висока сртруктура на ДУИ на чело со Али Ахмети го направија и невозможното за Дуголи да не ги лежи ни тие 30 дена притвор и уште синоќа да биде ослободен. Инаку, Дуголи е многу близок пријател на поранешниот командант на ОВК, Али Ахмети, со кого се бореле

Политичка нарачка со холивудско сценарио

на 1. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Горан Груевски утрово сам се појавил во Судот – СЈО повторно во Холивуд]

  Непознавање на процедура, поради што се влече погрешна теза (по сè изгледа намерно), од што, пак, произлегува дезинформација на јавноста. Се обвинува Специјалното јавно обвинителство дека „политички одработува“ во случајот „Тврдина“, конкретно делот за потрагата по началникот на Петтата управа во МВР. Ама, недостигот од аргументи упатува на тоа дека, најверојатно, тој што медиумски обвинува за функционирање по политички наредби, како самиот да одработува по политички диктат. Линк до оригиналниот напис: Горан Груевски утрово сам се појавил во Судот – СЈО повторно во Холивуд Датум и време на објавување: 30.03.2016, 11:25 Датум на рецензирање: 31.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

 АКО БАБА ЛАЖЕ, РОГ НЕ ЛАЖЕ

 „СЈО

Паниката кулминира, се редат пропагандистички објави

на 1. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева]

  Текстот е класична шпекулација. Главниот мотив е да се деградираат и да се нападнат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Сето тоа се прави без аргументи и факти, со непроверени тези, за кои не може со сигурност да се каже дека се вистинити. Линк до оригиналниот напис: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева Датум и време на објавување: 30.03.2016, 08:08 Датум на рецензирање: 31.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ВИРТУЕЛНИ АНКЕТИ И РАЗОЧАРУВАЊА

„Зоран Заев ги добил новите анкети кои укажувале на зголемување на разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според дипломатски извори кои биле во контакт

Замена на тези – ниту „Т“ за тортурата при апсењето на Бошкоски

на 31. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ ИМЕТО: Ама, спорно е тоа што полицајците го пцуеле?!]

  Истрагата што деновиве ја отвори тимот на Катица Јанева против протагонистите на апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија беше вперена против начинот на кој тој беше лишен од слобода. На прес-конференцијата обвинителниот тим на ниту еден начин не навлезе ниту во тогашниот обвинителен акт, ниту во текот и крајот на судењето, ниту во височината на казната. Нивниот повод за истрагата не е поврзан ниту со актуелниот факт дека Љубе Бошкоски ни по пет години од апсењето не го доби правото на слободен викенд како примерен осуденик, на што инсистираат неговите сопартијци. Линк до оригиналниот напис: СЈО ПРИЗНАВА ДЕКА ЉУБЕ ГО ПРОДАВАЛ

Политички памфлет за оцрнување на Ванхауте

на 30. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте]

  Од авион се гледа дека вистинската намера на текстот што го рецензираме e да се оцрни експертот Питер Ванхауте, што, пак, е на линија со ставовите и на постапките на владејачката партија кога е во прашање белгискиот преговарач. Политичката пристасност на оваа тенденциозна објава е видлива од насловната констукција, па до последниот ред. Материјалот повеќе наликува на политички памфлет отколку на новинарски производ. Линк до оригиналниот напис: Делегацијата на ЕУ повторно се оградува од Ван Хауте Датум и време на објавување: 25.03.2016, 18:16 Датум на рецензирање: 29.03.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НЕПОТВРДЕНИ ОБВИНУВАЊА

Во написот нема веродостоен доказ дека Канцеларијата на ЕУ во Скопје се оградила од Ванхауте, како

Кој кому кажува в очи, решава јавноста!

на 30. 03. 2016 | | sq

Сулејмани му кажува в очи на Адеми од ДУИ: На избори ќе видите која е Беса!(Видео)

Во емисијата „Аргумент“ на МТВ2, на албански јазик, остро се судриле претставникот на албанската партија на власт, ДУИ, Арбер Адеми, и претставникот на движењето Беса, Дритон Сулејмани. Адеми од ДУИ сакал да го спореди движењето Беса со партиите што се појавиле и порано кај Aлбанците, меѓутоа се соочил со категоричен одговор од Сулејмани: „Имајќи го предвид големото разочарување на Aлбанците, јас сум сигурен во победата на движењето Беса. Ќе се уверите и сами“, реплицирал Сулејмани за време на острата дебата.
И Сулејмани и Адеми се од Куманово, град каде што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не е добредојден, по настаните од 9 и од

Спинувано четиво со изместен фокус

на 30. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: Фатиме Фетаи со порака: Сите што го продаваат името ќе бидат заштитени од Катица Јанева и Заев]

  Текст како дојден од друг универзум, најверојатно од некоја паралелна димензија во која сомневањата на едно обвинителство за полициско пречекорување на овластувањата, несоодветна употреба на сила и за политички реваншизам на високи државно-полициски функционери за некого не „држат вода“ поради профилот на жртвата која се карактеризира како „предавник на името“. Оттука, проценето е дека главната порака од прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство на која беше обелоденета истражна постапка за предметот „Тортура“ – апсењето на Љубе Бошкоски пред 5 години, е дека сите што го продавале името ќе бидат заштитени од Катица Јанева. Изгледа дека спинот е главното „новинарско“ оружје во таа

Без докази во текстот, „револтот“ е поттик и манипулација

на 29. 03. 2016 | | sq

Напис: 120 поранешни парамилитарци Македонци „лавови“ се вработуваат, Албанците револтирани!

Скопје, 14 март – Поранешните парамилитарци Македонци кои беа познати како „лавови“  на поранешниот министер на полицијата, Љубе Бошковски, конечно се примени во Армијата на Македонија. Овие луѓе се бореле во 2001 година против поранешните припадници на ОНА и ги гранатирале местата населени со Албанци во Македонија. Решавањето на проблемот на поранешните парамилитарци Македонци го потврдил и поранешниот македонски генерал, Стојанче Ангелов. Тој овие информации ги објавил и на својот фејсбук-профил. Инаку, 112 поранешни професионални војници на Армијата на Република Македонија (АРМ) добиле договор за работа со што е решен засекогаш нивниот статус. Договорите се потпишани во присуство на техничкиот премиер, Емил Димитриев, и министерот на одбрана, Зоран Јолевски, а