verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Сценарио за напад“ без докази

on 1 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #091 - 'Janeva friksësohet të vjen në mbledhje, grupi parlamentar i VMRO-DPMNE-së i_' - www_zhurnal_mk_content__id=16321141312

Напис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!

Скопје, 21 март – Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева,  траела многу кратко.
Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.
Комисијата треба да го разгледа извештајот на СЈО, и додека не се заврши тоа, извештајот не може да се стави на дневен ред за пленарна седница.

[Рецензија: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ ѝ спремила сценарио за напад?!]

Насловот на текстот е провокативен и јасно се гледа дека негова цел се што повеќе кликнувања. Кога навлегуваме во содржината на веста, гледаме дека таа не содржи ништо од тоа што е најавено во насловот. Веста не објаснува каков напад и какво сценарио подготвиле пратениците од ВМРО-ДПМНЕ против специјалната обвинителка Катица Јанева.

„Седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, на која требаше да се расправа за извештајот на специјалната обвинителка, Катица Јанева, траела многу кратко.  Седницата ја отворил Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и на седницата беше присутна целата парламентарна група на ВМРО-ДПМНЕ.  Тој рече дека на седницата била повикана да присуствува и јавната обвинителка, која не се појави, и седницата ја презакажал за утре во 11 часот.“

Janeva friksësohet të vjen në mbledhje grupi parlamentar i VMRO DPMNE së i ka pregaditur skenar sulmiЛинк до оригиналниот напис: Јанева се плаши да дојде на седница, парламентарната група на ВМРО-ДПМНЕ и спремила сценарио за напад?!

Датум и време на објавување: 21.03.2016

Датум на рецензирање: 23.03.2016

Рецензент: Бењамин Арифи

Воедно, во текстот ја нема и втората страна. Авторот на текстот не зел изјава од специјалната обвинителка за тоа зошто не присуствувала на седницата на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. За информација, од кабинетот на специјалната обвинителка известија дека според законот таа не е обврзана да присуствува и да дава отчет пред пратениците во Собранието.

Во Етичкиот кодекс на новинарите во Македонија пишува:

Насловот или најавата на прилогот мора да одговара на неговата содржина.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Делумно

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести