Кој кому кажува в очи, решава јавноста!
Објавено во Рецензии
on 30 - 03 - 2016 Автор: Adrian KerimiСулејмани му кажува в очи на Адеми од ДУИ: На избори ќе видите која е Беса!(Видео)
Во емисијата „Аргумент“ на МТВ2, на албански јазик, остро се судриле претставникот на албанската партија на власт, ДУИ, Арбер Адеми, и претставникот на движењето Беса, Дритон Сулејмани.
Адеми од ДУИ сакал да го спореди движењето Беса со партиите што се појавиле и порано кај Aлбанците, меѓутоа се соочил со категоричен одговор од Сулејмани: „Имајќи го предвид големото разочарување на Aлбанците, јас сум сигурен во победата на движењето Беса. Ќе се уверите и сами“, реплицирал Сулејмани за време на острата дебата.
И Сулејмани и Адеми се од Куманово, град каде што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не е добредојден, по настаните од 9 и од 10 мај од минатата година и по убиството на Командант Шќипоња. Меѓутоа, претставниците на ДУИ од овој град не покажуваат знаци на срам за фактот дека ногата на Ахмети оттогаш не стапнала во Куманово, што ги иритира уште повеќе многу граѓани на Куманово.
[Рецензија: Сулејмани му кажува в очи на Адеми од ДУИ: На избори ќе видите која е Беса!]
Новинарите поттикнуваат дебата и не фаворизираат некој од учесниците во дебатата. Нивната улога е да бидат конструктивни за време на дебатата и да не бидат еднострани. Кога на неколку дена по дебатата „се крои“ еден информативен труд, во кој освен едностраноста се додаваат и елементи на коментари, содржината излегува надвор од професионалните стандарди. Јавноста е таа што има право да суди за тоа кој имал посилни аргументи во дебатата и кој кому кажува в очи, а не новинарот. Секој што ја следи дебатата или информацијата за неа, доколку таа информација е сеопфатна, може да суди врз тоа што го перцепира.
Текстот што го рецензираме не ги исполнува начелата на професионалното новинарство. Содржината освен што ја фаворизира едната страна, ја понижува другата, дури и обвинувајќи ја за нешто што веќе не претставува вест.
„Во емисијата „Аргумент“ на МТВ2, на албански јазик, остро се судриле претставникот на албанската партија на власт, ДУИ, Арбер Адеми, и претставникот на движењето Беса, Дритон Сулејмани. Адеми од ДУИ сакал да го спореди движењето Беса со партиите што се појавиле и порано кај Албанците, меѓутоа се соочил со категоричен одговор од Сулејмани: „Имајќи го предвид големото разочарување на Албанците, јас сум сигурен во победата на движењето Беса. Ќе се уверите и сами“, реплицирал Сулејмани за време на острата дебата.“
Линк до оригиналниот напис: „Сулејмани му кажува во очи на Адеми од ДУИ: Во избори ќе видите која е „Беса“!”
Датум и време на објавување: 23.03.2016
Датум на рецензирање: 24.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Следниот параграф продолжува да го проблематизира професионалниот пристап. Што има врска тоа што и двајцата учесници се од ист град? Ова не значи дека тие мора да имаат исти мислења, уште повеќе кога го имаме предвид фактот дека припаѓаат на различни политички субјекти.
Одвлекувањето на вниманието на читателот продолжува во следната реченица и го оддалечува од предметот на написот, а ова се случува благодарение на мешањето на неколку прашања во една иста вест. За каква ексклузивна вест е информиран читателот во овој дел од текстот, кога фактот дека лидерот на ДУИ не го посетил Куманово е стара вест, а содржината не дава конкретни докази за тоа дека Ахмети не е добредојден во овој град.
„И Сулејмани и Адеми се од Куманово, град каде што претседателот на ДУИ, Али Ахмети, не е добредојден по настаните од 9 и од 10 мај минатата година и по убиството на Командант Шќипоња.“
Етичкиот кодекс, во членот 13, јасно порачува:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Став 1: Новинарите имаат право на свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.
Став 2: Треба јасно да се поделени кои се факти, а кои информации, и кои се коментари, претпоставни или ставови на авторот за да се избегне дезинформирање и манипулација со јавноста.
„Меѓутоа, претставниците на ДУИ од овој град не покажуваат знаци на срам за фактот дека ногата на Ахмети оттогаш не стапнала во Кунаново, што ги иритира уште повеќе многу граѓани на Куманово.“
Можноста да се коментира една дебата во оваа насока постои, но во друга категорија и жанр, а не во вест за една дебата. Новинарите или редакцијата ја имаат можноста и правото преку едиторијалот да ја коментираат дебатата и да дадат свои ставови и претпоставки, што ќе беше сосема во ред од професионален аспект, доколку се ставаат во соодветна рубрика или жанр.
Во оваа форма не можеме да кажеме дека имаме работа со една вест, туку со еден субјективен став и процена, што оваа редакција го артикулирала како вест. Непрофесионалниот пристап во текстот се гледа и во доминацијата на ставот на едниот од учесниците во дебатата наспроти вториот, во конкретната дебата имаше уште еден учесник, кој не се споменува никаде во текстот. Ова уште повеќе ја зголемува дозата на едностраност на оваа содржина.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
несензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови