verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Политичка нарачка со холивудско сценарио

on 1 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Горан Груевски утрово сам се појавил во Судот – СЈО повторно во Холивуд]

 

Непознавање на процедура, поради што се влече погрешна теза (по сè изгледа намерно), од што, пак, произлегува дезинформација на јавноста. Се обвинува Специјалното јавно обвинителство дека „политички одработува“ во случајот „Тврдина“, конкретно делот за потрагата по началникот на Петтата управа во МВР. Ама, недостигот од аргументи упатува на тоа дека, најверојатно, тој што медиумски обвинува за функционирање по политички наредби, како самиот да одработува по политички диктат.

1111Линк до оригиналниот напис: Горан Груевски утрово сам се појавил во Судот – СЈО повторно во Холивуд

Датум и време на објавување: 30.03.2016, 11:25

Датум на рецензирање: 31.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 АКО БАБА ЛАЖЕ, РОГ НЕ ЛАЖЕ

 „СЈО по политичка наредба повторно со Холивудско сценарио.“

Ваквите коментари не се од голема помош во мисијата за прикривање на реалната ситуација и за извртување на случувањата. Началникот на Петтата управа во МВР извесен период не ѝ бил достапен на полицијата, иако не можел, а да не знае дека по него се трага на барање на Специјалното јавно обвинителство. Ова го аргументираме со фактот дека вечерта меѓу 29 и 30 март низа медиуми ја објавија веста, повикувајќи се на СЈО, дека се бара висок функционер во МВР.

„Истиот немал добиено никаква покана за разговор од СЈО и покрај тоа што медиумите на СОРОС и СДСМ влегоа во хистерија и цела вечер спроведуваа хајка.“

Одговорот на ова тврдење го даде Специјалното обвинителство чија прес-конференција (30 март 2016 година) се совпаѓа со објавувањето на овој текст.

Не се обидовме да го поканиме, тоа не ни е законска обврска да го поканиме осомничениот. Значи, во моментот кога ќе утврдиме дека постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, кои упатуваат на сите други основи врз кои може да се изрече мерка притвор ние може да побараме судот да изрече притвор. Во текот на вчерашната вечер секаде беше објавено, во медиумите, дека токму осомничениот се бара така што неговото непојавување до сега токму ги оправдува нашите стравови за постоење на околностите за определување мерка притвор.“ (Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО,  од  00 – 00,40 минута од видеозаписот од  новинарските прашања)

 

„Токму преку тие медиуми разбрал дека го бараат и уште утринава сам се појавил во суд… Пресс 24 дознава дека утринава началникот во УБК Горан Груевски сам се појавил во Основниот суд Скопје 1 Скопје.“

Значи цела вечер тој не знаел, не видел, не дознал, не бил информиран дека полицијата го бара низ Скопје, но, ете, увидел изутрината и сам се пријавил во судот, ама за тоа не дознала најповиканата институција, таа што го гони – Специјалното обвинителство.

„Во текот на прес-конференцијата од страна судот по телефонски пат сме известени дека околу 1 часот првообвинетиот ќе се јави во Кривичниот суд и ние очекуваме покана да присуствуваме во однос на одлучувањето за предлогот за определување мерка притвор.“ (Катица Јанева, специјална јавна обвинителка, од 3,20 до 3,41 минута од  видеозаписот од новинарските прашања)

 

„Сметам дека ако првоосомничениот изутринава бил во Судот прв некој кој што треба за тоа да се извести е надлежниот јавен обвинител, а тоа се обвинителите од ова јавно обвинителство. За жал, не знам од кои причини, бевме известени во моментот кога специјалната јавна обвинителка дојде да каже дека тој ќе се појави во еден часот во судот“. (Ленче Ристовска, обвинителка во СЈО,   од 14,30 до 15,50 минута од видеозаписот од новинарските прашања)

  • Факт: по човекот се трагало, ама тој бил недостапен.
  • Факт: знаел дека го барале, ама се пријавил кога тој проценил, наводно кога „разбрал“ дека е баран.
  • Факт: запазена е законската процедура, за што говорат и наредните чекори што ги презеде надлежниот суд.

Овие клучни елементи за целиот настан во текстот се „замачкани“, ама како што вели народната „ако баба лаже, рог не лаже“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести