verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Паниката кулминира, се редат пропагандистички објави

on 1 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Untitled

 

[Рецензија: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева]

 

Текстот е класична шпекулација. Главниот мотив е да се деградираат и да се нападнат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. Сето тоа се прави без аргументи и факти, со непроверени тези, за кои не може со сигурност да се каже дека се вистинити.

panika sdsmЛинк до оригиналниот напис: Паниката во СДСМ кулминира: Нарачан нов политички театар на Катица Јанева

Датум и време на објавување: 30.03.2016, 08:08

Датум на рецензирање: 31.03.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

ВИРТУЕЛНИ АНКЕТИ И РАЗОЧАРУВАЊА

„Зоран Заев ги добил новите анкети кои укажувале на зголемување на разликата меѓу ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Според дипломатски извори кои биле во контакт со членови на партијата, негативата во која се наоѓа СДСМ драматично е зголемена во сите изборни единици што резултирало со огромно разочарување во партијата и гнев кај Зоран Заев кој ја употребил сета артилерија што ја имал на располагање.“

Написот почнува со шпекулација. Тврди дека имало некакви анкети, за кои знаел Заев, но не нуди факти за да може сето тоа да изгледа веродостојно. На пример, текстот не дава информација чии се тие анкети, кој ги направил, по чија нарачка?

Но, како може да поверуваме во тоа ако не ги знаеме бројките? Само се тврди дека кај Заев предизвикале разочарување?! Можеби лидерот на СДСМ и е разочаран од тоа што е во мала предност пред владејачката партија. Постои ли таква можност? Секако дека постои, а текстот не дава доволно податоци за да можеме да го земеме за сериозно тоа што го наведува.

 

КОЈ ВЕЛИ „ФИЈАСКО“?

Потоа текстот анализира две фијаска на Заев и на Јанева, исто така, без доволна аргументација.

„Последните две работи кои го дотолчиле биле фијаското со катастрофалниот настап на Катица Јанева во врска со одбраната на Бошковски и уривањето на целата фама околу измислените фантоми која се градеше изминатиот период.“

Написот коментаторски ја анализира прес-конференцијата на Јанева, посветена на отворање на истрага за случајот „Тортура“ за нечовечкото постапување на полициски службеници при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Без аргуметни се заклучува дека настапот бил катастрофален, а за поткрепа на таа теза нема мислење од ниту едно стручно лице. Така барем би можело да се каже дека текстот бил и содржаен.

 

ШПЕКУЛАЦИИ И ПРОПАГАНДА

Втората работа со фантомските гласачи и тезата дека СДСМ ги измислува, со денови провејува во медиумите кои ја подржуваат политиката на Владата. Притоа, секогаш се заборава да се стави некоја изјава (а ги има секојдневно) од опозициските функционери, кои отворено се сомневаат дека прочистувањето на избирачкиот список ќе биде реално.

Текстот до самиот крај се занимава со шпекуалции за наводна поврзаност на Заев со Јанева, но и понатаму не нуди факти за тоа. Тоа што секој професинален производ би го направил е да има изјава од двајцата посочени во написот, но тоа не е сторено.

Поради сето ова може да се заклучи дека написот не ги почитува стандардите на професионалното новинарство. Вакви објави служат само за нечија пропаганда, а не и за вистинско и навремено информирање на јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести