verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарот треба да инсистира за вистината

on 1 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #090 - 'Me insistimin e Ali Ahmetit lirohet Dugolli' - www_zhurnal_mk_content__id=16319112329

 

Напис: Со инсистирање на Али Ахмети, пуштен на слобода Лирим Дуголи

Скопје, 19 март – Синоќешното ослободување на високиот функционер на ССК, Гафур Дуголи, беше поздравено и од највисоките партиски структури на најголемата албанска партија на власт, ДУИ. Гафур Дуголи беше уапсен на граничниот премин Блаце по меѓународна потерница распишана од Србија.

Повеќето политички аналитичари, актот на македонската полиција го сметаат за политички акт со српска заднина. Меѓутоа, целосната посветеност на целата висока сртруктура на ДУИ на чело со Али Ахмети го направија и невозможното за Дуголи да не ги лежи ни тие 30 дена притвор и уште синоќа да биде ослободен.

Инаку, Дуголи е многу близок пријател на поранешниот командант на ОВК, Али Ахмети, со кого се бореле заедно и во војната на 1998 година во Косово за ослободување на албанската земја против српскиот окупатор.

Веднаш по синоќешното ослободување, Демократската унија за интеграција во чест на ослободувањето и личноста на Дуголи како поранешен војник на ОВК организираше една вечера каде беа присутни пратеници и високи функционери на оваа партија.

 

[Рецензија: Со инсистирање на Али Ахмети, пуштен на слобода Лирим Дуголи]

Новинарот треба да биде добар познавач на областа од каде што ја црпи веста, поради фактот што веста треба да биде аргументирана на таков начин за да биде јасна и неоспорна. Затоа, аргументите врз кои се заснова информацијата треба да се убедливи. Областа на правото се следи со интерес од јавноста, затоа новинарите мораат внимателно и прецизно да ги пренесат вестите што се тесно поврзани со правото и со законските постапки.

download (1)Линк до оригиналниот напис: „Со инсистирање на Али Ахмети, пуштен на слобода Лирим Дуголи

Датум и време на објавување: 19.03.2016

Датум на рецензирање: 25.03.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме ги пренесува реакциите по ослободувањето на високиот функционер на ССК, Гафур Дуголи, кој неодамна беше уапсен од властите на Република Македонија. Се почнува со наслов што не се аргументира со ниеден факт во содржината „Со инсистирање на Али Ахмети се пушта на слобода Дуголи“. Али Ахмети е лидер на партија, но не е ни јавен обвинител, ни адвокот, а ни судија, за да може да влијае директно во ослободувањето на некој затвореник.

„Повеќето политички аналитичари, актот на македонската полиција го сметаат за политички акт со српска заднина. Меѓутоа, целосната посветеност на целата висока сртруктура на ДУИ на чело со Али Ахмети го направија и невозможното за Дуголи да не ги лежи ни тие 30 дена притвор и уште синоќа да биде ослободен.“

Фрагментот горе не се совпаѓа со изјавата на самиот Дуголи, дадена веднаш по неговото излегување од затвор, по кој повод тој се заблагодарил на целата албанска политичка класа во Македонија, вклучувајќи ја и власта и опозицијата, и истовремено повика и за внатреалбанско единство.

„Му благодарам на целиот политички спектар во Македонија, како на тие што се на власт така и на опозицијата, секој дал свој придонес според позицијата што ја има. Би апелирал до Aлбанците во Македонија да бидат пообединети од кога било“, изјавил Дуголи.

Настојувањето за да се направи еднострана вест, а не сеопфатна, ја прави веста неточна. Еднострана, бидејќи ја истакнува само ДУИ како страна што ги има „заслугите“ за ослободувањето на Дуголи, несеопфатна, бидејќи не ги спомнува реакциите на другите партии, и неточна – бидејќи оваа правна постапка не може да се реши со „инсистирање од еден политички лидер“, туку со правни и институционални средства и механизми. Дел од нив може да бидат кадри на ДУИ, меѓутоа постапката тече и завршува со институционални механизми, а институционален механизам не може да биде „инсистирањето“, туку доказите и фактите за преземање чекори и постапки.

Затоа, новинарот наместо да ја истакне институционалната сила на Албанците, тој ја деградира истата, давајќи му заслуги на еден лидер на партија што не е носител на некоја функција во судството, ниту претставник на некоја компетентна институција. Во формата како што е пренесена веста, обичниот читател можеби би помислил дека Али Ахмети е во Судскиот совет или во Јавното обвинителство, а не лидер на партија.

Текстот завршува со: „Дуголи веднаш по неговото ослободување од срце им се заблагодари за дадениот придонес во врска со неговата постапка и му беше благодарен на посветеноста на Али Ахмети за неговото ослободување од затвор“, а не со една заднина, каде би се разјаснила целата правна постапка, од апсењето до ослободувањето на Дуголи, со што јавноста би се запознала подетално со вистината за постапката. Ваквото инсистирање во текст за да се прослави беспотребно (или без докази) некој политичар ѝ штети на веста.

Професионалното дистанцирање од политичките партии го прави новинарот покредибилен.

Намерната дезориентирација на јавноста не е дел од новинарската мисија. На јавноста треба да ѝ се сервираат комплетни, објективни и точни вести.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести