Рецензии

Реална слика за пеколот наречен Идомени

на 25. 03. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Пеколот сега се вика Идомени]

  Текстот што е предмет на рецензија е сеопфатен и содржаен, тој реално ја прикажа состојбата со мигрантите во грчкиот камп Идомени. Преку еден убав наративен стил, натписот сликовито ја објаснува маката на бегалците и на читателската публика ѝ ги доближува проблемите со кои мигрантите секојдневно се соочуваат во кампот. Материјалот е поткрепен со соодветни фотографии што ја засилуваат впечатливоста на приказната. Линк до оригиналниот наслов: Пеколот сега се вика Идомени Датум и време на објавување: 15.03.2016 Датум на рецензија: 24.03.2016 Рецензент: Силвана Жежова  

ФАКТИЧКА СОСТОЈБА

Во репортажата се обрнува внимание на бројноста на мигрантите и истовремено се укажува на отсуството на инфраструктура, која ќе одговори на нивните секојдневни потреби за пристоен

Земи фејсбук-статус и направи текст!

на 24. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени]

  Ова е пример како не треба да се направи текст. Веднаш паѓа в очи дека надвладела намерата да се нападне специјалната обвинителка Катица Јанева. Материјалот е без потребните елементи што треба да ги има секој ангажиран новинарски напис. Нема изјави, не е објективен и воопшто не е содржаен. Од фејсбук-статус не може да се изгради приказна. Линк до оригиналниот напис: ВРИЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Јанева е првата Македонка што јавно ја негира македонската држава- граѓаните и експертите згрозени Датум и време на објавување: 23.03.2016, 13:07 Датум на рецензирање: 24.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

КАДЕ ЈАНЕВА ЈА НЕГИРА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВА?

Текстот

Катица немала докази, а каде се доказите во текстот?

на 24. 03. 2016 | | sq
 

 [Рецензија: Катица Јанева призна дека нема докази]

  Овој текст е класичен пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски напис. Имено, содржината изобилува со коментари и со ништо непоткрепени квалификации. Написот е политички мотивиран и повеќе наликува на партиско соопштение. Линк на оригиналниот напис: Катица Јанева призна дека нема докази Датум и време на објавување: 23.03.2016, 11:37 Датум на рецензирање: 24.03.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НЕВИДЛИВА СКАНДАЛОЗНА ИЗЈАВА

Уште на самиот почеток од текстот, напишаното не држи вода. „Скандалозната изјава со непризнавањето на Собранието, што практично значи и непризнавање на народот бидејќи тоа е претставничко тело на граѓаните, не беше единствен испад на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева вчера одговарајќи на новинарски прашања при учеството

Новинарот ја решава дилемата на ДИК: „Фантомски гласачи нема”!

на 24. 03. 2016 | | sq

 

Напис: ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90 отсто Албанци

По темелно прегледување е констатирано дека спорни во избирачкиот список се само 30 000 гласачи, од кои околу 90 отсто се Албанци. Ова бројка не се однесува на фантомски гласачи, туку на вистински луѓе кои имаат право на глас, но чии податоци не се совпаѓаат целосно со базите на податоци со кои располагаат институциите. Oва е потврдено и од членови на ДИК кои не се членови на ВМРО-ДПМНЕ и од претседателот Александар Чичаковски, кој додал дека нема потреба од паника, бидејќи фантомски гласачи нема, пишува „Нетпрес“. [Рецензија: „ФАНТОМСКИ ГЛАСАЧИ нема, проблем се само 30 000 гласачи, 90% Албанци”] Во еден краток текст е третиран еден многу чувствителен

Поштарот ѕвонел двапати!

на 24. 03. 2016 | | sq

[Pецензија: Јанева и денеска не се појави на Комисија, втор ден го гази Собранието]

  Деновиве сме сведоци како повторно се засилува кампањата против специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Последните текстови и радио и ТВ-прилози се однесуваат на недоаѓањето на Јанева на седница на матичната собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, која експресно по приемот во писарницата го стави на дневен ред нејзиниот извештај за шестмесечната работа. Претседателот на ова тело не сака да отвори расправа за овој документ без присуство на подносителката. Тоа, уште во насловот се коментира како „газење на Собранието“. Што недостига во оваа информација и зошто таа го побудува интересот? Најпрвин, отсуство на објаснување од засегнатата страна, со исклучок на интерпретираното алиби

Нов обид да се извалка името на специјалната обвинителка

на 24. 03. 2016 | |
[Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос?]   Со филхармониска усклaденост и тоналитет, очигледно оркестрирано од една диригентска палка, продолжува тажната „рапсодија“ насочена против Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и специјалната обвинителка Катица Јанева, со единствена цел – комплетно да се дискредитира нејзината работа и институцијата на чие чело е таа, а и самата таа како личност. Предмет на рецензијава е писание за кое се поставува прашање дали содржи барем малку вистина.   Линк до оригиналниот напис: Политички нарачки наместо право- заради блискоста со Заев, Јанева го амнестира Цановски и отвора предмет за уривањето на дивоградбата Космос? Датум и време на објавување: 21.03.2016  15:08 Датум на рецензирање: 22.03.2016

Провладин афирматор – експерт за сè

на 23. 03. 2016 | | sq

[Рецензија: ЕКСПЕРТИ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ваквиот потег е врв на транспарентност кон граѓаните]

  Како што „една ластовичка пролет не носи“, така и мислење на еден човек не значи и генерална и апсолутна експертиза за одредено прашање. Во случајов, ни се нуди текст што најавува експерти, а, всушност, сервира само една позиција и тоа на личност која во јавноста е позната како ревносен афирматор на политиките на актуелната власт и на потезите на шефот на владејачката партија.  Линк до оригиналниот напис: ЕКСПЕРТИ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ: Ваквиот потег е врв на транспарентност кон граѓаните  Датум и време на објавување: 21.3.2016 , 12:38  Датум на рецензирање: 23.03.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

ЕДНА ЛСТОВИЧКА ПРОЛЕТ НЕ НОСИ!

Овој текст очигледно е изнедрен

Вест колку да се привлечат читатели, без професионална одговорност

на 23. 03. 2016 | | sq

Напис: Дехари и Села заедно?!

Градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, на една слика се појавиле заедно, но не се знаат детали за оваа средба ниту, пак, дали се работи за можна соработка и за нивно заедничко дејствување, информира ИНА. Села и Дехари се градоначалниците кои како резултат на соработката и на соединувањето на сите Албанци, вклучувајќи ја тука и дијаспората, победија во овие општини, без разлика на нивната партиска заднина. Но, не се дава до знаење дали ќе има доближување на овие две политички личности на Албанците. Во последно време Дехари ги заладил односите со претседателството на ДУИ поради незадоволството од нејзините политики и коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. (ИНА)  

[Рецензија: Дехари и Села заедно?!]

Обид со извадок да се смали целото

на 23. 03. 2016 | | sq
[Рецензија: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи] Текстот што го рецензираме кај читателот отвора дилема дали сите гледаме во истиот избирачки список, оти деновиве едни исти бројки едните ги гледат како шестцифрени, а другите како трицифрени. Потребно ли е утврдување на нечија диоптрија заради земање соодветни очила или зад некои интерпретации стои тенденција? Линк до оригиналниот напис: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи Датум и време на објавување: 17.03.2016  17:20 Датум на рецензирање: 21.03.2016 Рецензент: Александар Писарев  

МИНИМИЗИРАЊЕ НА ВИСТИНАТА ПРЕКУ ЛАГИ

Во центарот на интересот на сите граѓани овие денови е избирачкиот список и неговата точност. Откако Државна изборна комисија (ДИК) уште во првите најави за резулатите од неговата проверка излезе со бројка од речиси 500.000 

Ред изјава, ред прераскажана изјава од Груевски

на 22. 03. 2016 | |

[Рецензија: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наспроти деструкцијата на СДСМ]

  Еднострано, еднострано, еднострано… А, да и сервилност до немај-каде!  Линк до оригиналниот напис: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наспроти деструкцијата на СДСМ  Датум и време на објавување: 21.03.2016  10:24  Датум на рецензирање: 21.03.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

 Четивово е тешко за варење, што поради фалбаџиската содржина, што поради неновинарскиот пристап без грам професионална опсервација, што поради пристрасноста, што поради несоодветните и неизградени коментари… Обидот е  да се сублимира (читај пофали), маратонскиот отчет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите години. Може да се најде разбирање за тој што си го организирал настанот самиот себеси да си дели суперлативи, ама не