verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ред изјава, ред прераскажана изјава од Груевски

on 22 - 03 - 2016       

otchet

[Рецензија: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наспроти деструкцијата на СДСМ]

 

Еднострано, еднострано, еднострано… А, да и сервилност до немај-каде!

 1111Линк до оригиналниот напис: Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наспроти деструкцијата на СДСМ

 Датум и време на објавување: 21.03.2016  10:24

 Датум на рецензирање: 21.03.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

ГРОМОГЛАСЕН АПЛАУЗ ЗА ОТЧЕТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ

 Четивово е тешко за варење, што поради фалбаџиската содржина, што поради неновинарскиот пристап без грам професионална опсервација, што поради пристрасноста, што поради несоодветните и неизградени коментари… Обидот е  да се сублимира (читај пофали), маратонскиот отчет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ за сработеното во изминатите години.

Може да се најде разбирање за тој што си го организирал настанот самиот себеси да си дели суперлативи, ама не е нормално еден напис во истиот дух да реди епитети за сметка на власта. Текстот е правен по принципот „ред малтер, ред цигла“, што би значело дел изјава од партискиот шеф, дел прераскажана изјава од шефот, па пак изјава од шефот и ете цврста градба од партиски текст!

И тогаш, што да се забележува за вистинитоста која е ограничена само на рамките на машинеријата за односи со јавноста – тоа што е кажано е пренесено, ама без трошка иницијатива, желба, амбиција за некаква проверка на изнесеното или, пак,  набљудување на изјавите низ призма на критичкото новинарско око. Поедноставено, едностраноста е рак-рана на овој текст. Застапена е само позицијата на организаторот на настанот – владејачката партија – и тоа така, како безмалку написот да е учесник во манифестацијата на отчетот. Ако Груевски и тимот околу него кажале дека е остварено, сигурно е така. Џанам, апсолутна вистина!

 

ДОДАДЕ, ИСТАКНА, ПОДВЛЕЧЕ

Дека на настанот му се приоѓа од понизна позиција, говорат употребените „додаде, потенцира, подвлече“, кои се главните столбови на и она малку текст што не е директен цитат. Затоа, впечатокот е дека генералниот пристап е некако лигав и недостоинстевен за еден медиум и за тоа како би требало да изгледа вистински и објективен новинарски извештај од ваков настан. Атмосферата на додворување е засилена со формулации кои како да сакаат да покажат дека некој е „поголем католик од папата“. Се користат тези кои се посилни и од цитираните изјави на шефот на партијата:

„Проекти, реформи, мерки и дела наспроти деструкција, дивеење и хаос на опозицијата. Ова е пораката која беше испратена синоќа од маратонскиот отчет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ кој траеше повеќе од четири часа.

Маратонскиот отчет на партијата на Груевски за сработеното претставува пример на голема транспарентност и отвореност, при што пред 10 илјадна публика и стотици илјади кои можеа да го следат настанот на интернет…“

И насловот е „искован“ во сличен стил: „Разликата е над 3.500 проекти на ВМРО-ДПМНЕ наспроти деструкцијата на СДСМ“.

Прашањето што се наметнува од ваквата конструкција е кој го тврди тоа? Груевски или тој што го креирал написот, зашто како да има заматување на линијата што ги двои настанот и самиот наслов, изгледа како да се преклопуваат еден со друг.

Сè на сè, овој материјал  е милина за ушите на организаторот на отчетот!

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести