verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Обид со извадок да се смали целото

on 23 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Press 24 -vramena

[Рецензија: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи]

Текстот што го рецензираме кај читателот отвора дилема дали сите гледаме во истиот избирачки список, оти деновиве едни исти бројки едните ги гледат како шестцифрени, а другите како трицифрени. Потребно ли е утврдување на нечија диоптрија заради земање соодветни очила или зад некои интерпретации стои тенденција?

Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски - press24.mk_propadnaa-tezite-Линк до оригиналниот напис: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи

Датум и време на објавување: 17.03.2016  17:20

Датум на рецензирање: 21.03.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

МИНИМИЗИРАЊЕ НА ВИСТИНАТА ПРЕКУ ЛАГИ

Во центарот на интересот на сите граѓани овие денови е избирачкиот список и неговата точност. Откако Државна изборна комисија (ДИК) уште во првите најави за резулатите од неговата проверка излезе со бројка од речиси 500.000 спорни гласачи што треба дополнително да се проверат, се појави многу силен сомнеж за  изборните резултати. Во целата ситуација, се појавија голем број статии со кои се побрза да се ревидираат податоците, за да се убедат граѓаните дека бројките изнесени од ДИК се неточни. Во таквите статии, исто така, се гледа обидот јавноста да се убеди дека опозицијата е во паника. Таква тенденција провејува и во овој текст.

 

СОКРИВАЊЕ НА ФАКТИТЕ

За да биде што поубедлив, написот на читателите им нуди факсимили од внимателно и намерно избрана само една табела од  презентираниот избирачки список, со помош на која се манипулира и се тврди дека се спорни само неколку стотини гласачи. Со тоа статијата се обидува да ѝ ја „затвори устата“ на опозицијата и да ги убеди граѓаните дека избирачкиот список е в ред, а опозициската партија СДСМ намерно прави опструкции, бидејќи нејзините тези за фантомски гласачи се пропаднати.

 

„Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи. Критериумите по кои со вкрстување требаше да се пронајдат евентуални двојни записи покажаа дека избирачкиот список е во голема мера пречистен. Па така, досегашната анализа покажала дека се идентификувани 203 случаи на записи во базата на МВР каде постои и друг запис со исто име, презиме, датум на раѓање и прва буква од татковото име. Идентификувани се 173 записи во дата базата на МВР каде постои и друг запис со исто име презиме датум на раѓање.“

 

ЧИТАТЕЛИТЕ НЕ СЕ НАИВНИ

Веднаш под текстот има коментар од читателка која поставува прашање зошто е избрана баш таа табела и упатува на линк каде може да се видат малку поинакви податоци, кои не одат во прилог на спинот што овој текст се обидува да го протурка.

citatelkaТаа дава линк и прашува: „А зошто оваа табела не ја објавувате? Не е од СДСМ од ДИК е. Или од вкупно 31 табела ги одбравте баш тие каде има најмалку спорни. Убаво си пишува таму колку се“.

Текстот содржи недозволива манипулација и крајно отсуство на одговорност пред граѓаните, кои треба објективно да бидат информирани за прашањата од јавен интерес. Ако се сакало реално да се прикаже состојбата со избирачкиот список, тогаш написот, според Кодексот на новинарите на Македонија, не смее да се сокрива факти и да фалсификува документи. Напротив, требало да се изнесат комплетните податоци што ги соопшти ДИК: „Експертите на Државната изборна комисија (ДИК) во својата анализа констатирале дека сегашниот избирачки список е проблематичен за повеќе од 490.000 запишани гласачи.

Вака како што е, текстот ги прекршува основните принципи на Кодексот на новинарите на Македонија и на граѓаните им презентира несодржаен и необјективен дел од изнесеното од ДИК.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

изнесен е само дел од сите бројки

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести