Рецензии

Сечење, лепење и монтирање изјави

на 8. 04. 2016 | |
[Рецензија: Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат]   Кодексот на новинарите на Македонија во основните принципи на однесување предупредува дека новинарот треба да го почитува плурализмот на идеи и на ставови, а во првиот член вели дека треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Зошто текстот што го рецензираме почнува со одредбите на Кодексот, кои обично ги ставаме на крајот? Затоа што овој текст е груба манипулација со интервјуто со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, пред сè во насловот „Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат“. Ако се спореди напишаното и она што

Ширење стравови со предумисла

на 8. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Врие полиција во Скопје, дел од улиците затворени – надлетуваат хеликоптери] Еве го коментарот на нашиот читател придружен на предлогот да го рецензираме овој текст: „Овие евтини трикови ги поминуваат сите граници на просто изживување со нервите на нормалните читатели. Врие од полиција веќе секој втор ден, но тоа го знае секој што живее или бил во Скопје последниот месец поради „спектаклот“ за судењето околу Диво насеље. Ваков наслов да ставиш денес, во таква зовриена атмосфера е изживување, потсмејување, море д… во здрав мозок“. Сосема е во право нашиот читател. Насловот е навистина сензационалистички и воопшто не е соодветен на заклучокот што некој може да го изведе од него, со реалната ситуација. Чиста манипулација заради читаност. Препораките за добро

Новинар и гатач кој ги дешифрира „кодовите“ на јавните личности

на 8. 04. 2016 | | sq

Напис: „Журнал“ го дешифрирал тајниот „код“ на Јанкуловска

Скопје, 24 март – Негативниот став на Јанкуловска кон меѓународниот фактор се изразува и преку сликите што таа ги објавува на својот профил на социјалните мрежи. Денеска таа на својот профил на „Фејсбук“ ја поставила сликата од постерот на филмот „Black Hawk Down“. Инаку, во филмот станува збор за фанатичниот отпор против американските воздухопловни сили, односно за урнатиот хеликоптер од режимот на оваа држава.
Во филмот задача на овие воздухопловни сили е да му делат хуманитарна помош на тамошното население.
Новинската агенција „Журнал“ во обид да ја дешифрира невербалната порака на ставот на Јанкуловска против дипломатските претставници на странските земји, употреби семиотска анализа, наука која го проучува значењето на симболите и на

Приказна која неаргументирано се подгрева

на 7. 04. 2016 | |
[Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него] Овој напис воопшто не се труди да биде вистинит. Речиси целиот е пристрасен и професионално некоректен. Навивачките елементи се присутни од почетокот до крајот на текстот. Линк до оригиналниот напис: Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него Датум и време на објавување: 4.04.2016, 21:09 Датум на рецензирање: 07.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАПИШАНО, А НЕПРОВЕРЕНО

„МВР, засега, чува во тајност дали новоназначениот командант на единицата „Aлфи“ Примислав Димовски, постапил спротивно на процедурите, ослободувајќи  приведено лице, кое „Aлфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле нож.“

Во овој текст, особено во посочениот пасус, гледаме непочитување на правилата на новинарската работа за проверување на фактите. А

Гајба, пиво и „чанче муабет“

на 7. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции] Како прво, не се знае дали е ова анализа, извештај, коментар, мислење… Многу повеќе личи на вторите наведени жанрови.   Линк до оригиналниот напис: Заев наводно подготвен за избори а преку институциите прави опструкции Датум и време на објавување: 05.04.2016, 22:17 Датум на рецензирање: 07.04.2016 Рецензент: Зоран Бојаровски  

БРОЈКИ ИСТРЕСЕНИ ОД РАКАВ

Коментарите извираат речиси во секој пасус и се интегрирани во текстот. Всушност, целиот текст е коментар. Како второ, манипулира со бројки како истресени од ракав, што не е никако дозволиво ако станува збор за сериозен медиум: „Заев и т.н. здружена опозиција, составена од ситни партии кои заедно не тежат ниту 1000 гласа на македонската политичка сцена

Силен порив да се оцрни Спасовски

на 7. 04. 2016 | |

[Рецензија: Оливер Спасовски во обид да предизвика хаос пред да си ја поднесе оставката]

  Текстот што е предмет на оваа рецензија зрачи со силен порив за дискредитација на  техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Написот, всушност, го запазува континуитетот на оцрнување на Спасовски, кое почна од неговото стапување на челната позиција во МВР и со несмален интензитет се форсира за цело време на извршувањето на функцијата. Овојпат, тој неосновано се обвинува за „предизвикување хаос“ во Министерството за внатрешни работи, без да бидат понудени соодветни факти дека Спасовски демонстрирал вакво однесување. Ваквата порака се соопштува уште во тенденциозниот наслов, а таква интонација има и целата објава. Линк до оригиналниот наслов: Оливер Спасовски во обид да предизвика хаос пред да

Широк прозорец за јавни навреди

на 7. 04. 2016 | |

[Рецензија: Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови]

  Пропагандната војна што се води против Специјалното јавно обвинителство продолжува со несмалено темпо и жестокост. И од овој прилог тоа може да се потврди – не е важно што не постојат веродостојни извори и докази, важно е темелно  да се извалкаат поединци со интегритет и имиња на јавни личности. Овој текст, инаку, е објавен како истоветен, само со изменети наслови во многу информативни гласила, што остава впечаток дека е напишан од едно место, ама го одбравме овој кој барем има потпис на автор, што значи се пледира на оригиналност. Линк до оригиналниот напис: „Специјален“ завод за вработување – тимот на СЈО проширен за 34 членови Датум

Новинарски текст „дебело“ обоен со шпекулации и со манипулации

на 6. 04. 2016 | |
[Рецензија: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми] Како да веруваме во вистинитоста на тоа што е објавено во форма на новинарски производ, кога во текстот, непотпишан од авторот, на седум места се повторува дека констатациите се врз основа на: шпекулации, зборување во кулоари, чаршиски муабети, сомнежи… Притоа, како „извор на факти“ се посочува сроден текст објавен истиот ден во друг медиум. Насловот на рецензираниот текст, „СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми“, е шпекулативен и тенденциозен со намера Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се обвини за исплата на високи хонорари, но и нејасен, бидејќи никаде во текстот нема објаснување за наводите, односно од

Еден транспарент – генерална слика!

на 6. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре]

  Овој текст е крајно манипулативен и има цел да го оцрни името на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, поврзувајќи ја со локалните политики на СДСМ во минатото, со кои таа немала никаква врска. Притоа, нема цврсти факти ниту за обвинувањата упатени кон нејзината матична партија. Заклучоци се изведуваат од еден транспарент, чија порака се генерализира и се претставува како став на мнозинство граѓани, во случајов прилепчани. Линк на оригиналниот напис: Прилепчани паметат дека СДСМ ги уништи нивните животи и надеж за подобро утре Датум и време на објавување: 31.03.2016 Датум на рецензирање: 05.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовскa  

БЕЗ КОНКРЕТНИ ПОДАТОЦИ

„Во пресрет

Неупотреблива опрема или неупотреблива информација?

на 6. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева]

  Написот што е предмет на оваа рецензија е една голема шпекулација и изнесува тврдења за кои потврда може да даде само Министерството за внатрешни работи. Но, МВР не е ниту спомнато во текстот, а уште помалку има изјава од единствената институција надлежна за давање на информациите што се напишани во текстот. Линк до оригиналниот напис: Хард дискот со софтверот од системот е во рацете на Катица Јанева Датум и време на објавување: 30.03.2016, 14:41 Датум на рецензирање: 04.04.2016 Рецензент: Симона Атанасова   (ДЕЗ)ИНФОРМАЦИЈА Текстот (што е преземен од друг медиум и не е соодветно линкуван), тврди дека комисијата во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) уништила