verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Новинарски текст „дебело“ обоен со шпекулации и со манипулации

on 6 - 04 - 2016       

Janeva sovetnici

[Рецензија: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми]

Како да веруваме во вистинитоста на тоа што е објавено во форма на новинарски производ, кога во текстот, непотпишан од авторот, на седум места се повторува дека констатациите се врз основа на: шпекулации, зборување во кулоари, чаршиски муабети, сомнежи… Притоа, како „извор на факти“ се посочува сроден текст објавен истиот ден во друг медиум. Насловот на рецензираниот текст, „СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми“, е шпекулативен и тенденциозен со намера Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се обвини за исплата на високи хонорари, но и нејасен, бидејќи никаде во текстот нема објаснување за наводите, односно од што и од кого експертите би требало да ја бранат Јанева.

Capture 6 - СЈО плаќа експерти со пари од граѓанитЛинк до оригиналниот напис: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми

Датум и време на објавување: 04.04.2016  14:07

Датум на рецензирање: 05.04.2016

Рецензент: Александар Писарев

 

ШПЕКУЛАНТИ

Како се зголемува бројот на кривични пријави и отворени предмети за криминалот во врвот на власта, така во медиумите блиски до власта со геометриска прогресија се зголемува и бројот на манипулативни текстови кои треба да ги наведат читателите на погрешни заклучоци за работата на СЈО.

Со овој напис, по кој знае кој пат, направен е обид повторно и повторно да се дисквалификува работата на СЈО и на специјалната обвинителка Катица Јанева. Овојпат тоа е направено преку „толкувањето“ на договорните услуги, кои се претставени како хонорари за одбрана на СЈО и на Јанева. Покрај неа, во негативна конотација се ставени и имињата на неколку угледни правници и експерти од областа на правната наука – професори, адвокати, докторанти, кои се, според медиумот, „дебело платени со народни пари“ за да ја бранат Катица Јанева.

Притоа не е објаснето кој ја напаѓа Катица Јанева, па споменатите личности да треба да ја бранат. А тоа требало јасно да се напише, за текстот да биде содржаен.

„Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева со народни пари плаќа таканаречени експерти да застанат во нејзина одбрана и да ги покриваат сите пропусти во нејзиното работење. Низ правните кулоари веќе се говори дека меѓу дел од експертите кои Јанева ги плаќа со народни пари се и оние кои во опозициските медиуми изминатиов период постојано застануваат во одбрана на СЈО. Па така, меѓу нив циркулираат имињата на адвокатот Александар Тортевски, поранешниот јaвен обвинител Јован Трпеновски и професорот по уставно право Светомир Шкариќ.“



ПРОИЗВОЛЕН „ЦЕНОВНИК“

Станува збор за комплетна шпекулација и за обид договорните услуги, на кои СЈО според Законот и Деловникот има право, да се претстават како неоправдани хонорари и да се пласира тезата за расипништво при трошење на буџетските пари.

„Договорните услуги се една од најголемите ставки во буџетот на Јанева и во 2016 година. Овие пари дури и да не се потрошени само на експерти, сепак откриваат дека стручњаците на Јанева имаат висока цена, односно за консултација или за месечно ангажирање наплаќале илјадници евра.“

Медиумот ги повикува СЈО и Катица Јанева на отчет, што покажува или очигледно непознавање на законот за СЈО или намерна провокација за работата на оваа институција да се дисквалификува, навреди и потцени пред граѓаните, а обвинителката Катица Јанева и нејзиниот тим да се прикажат како дилетанти и неспособни правници, кои својата одбрана ја плаќат „од парите на народот“ преку дебели хонорари.

Во глава 6. од Законот за СЈО стои:

„СЈО има автономија да одлучува што ќе работи и по кој редослед ќе го прави тоа и никој не може да му се меша, а специјалниот  Јавен Обвинител може да вработи стручни соработници, експерти, советници… има право на договорни услуги.“

Поради сето ова, може да се заклучи дека станува збор за нагласено тенденциозен напис, необјективен, базиран на шпекулации, а не на факти, што не ги почитува стандардите на професионалното новинарство. Напротив, целта е да се дефокусира јавноста од вистинската работа на СЈО.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, неофицијални

повеќе извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести