Рецензии

Без втората страна веста е нецелосна

на 12. 04. 2016 | | sq

 

Напис: Што знае Фатмир Лимани за Ќуфа што тој толку многу му се плаши?!

На вечерашната дебата во „Клик плус“, на која учествуваа претставникот на ДУИ, Фатмир Лимани, на Здружението на воените ветерани на ОНА, Бесим Хода, претставникот на ДР-ДПА, Дугаѓин Османи, како и аналитичарот Арсим Синани, не беше присутен претставникот на „Унитети“, Зулфи Адили-Ќуфа, кој пратеничкиот мандат го доби како претставник на ДУИ. Ова е вторпат што Ќуфа избегнува да дебатира со Фатмир Лимани, односно, првиот пат во „Алсат-М“, а сега и во „Клик плус“. Значи, и во двете емисии во кои дознава дека ќе присуствува Фатмир Лимани, и дека ќе треба да се соочи со него, Ќуфа го откажува своето присуство со образложение дека има некакви обврски, известува

Анонимноста може да се сочува кога има автентичност!

на 12. 04. 2016 | | sq

Напис – Ексминистерот признава: Отидовме „курбан“ поради Муса Џафери

„Два дена го молевме Муса да даде оставка, но не прифати. На крај партијата и претседателот одлучија да се жртвуваме сите“. Вака рекол еден досегашен министер на ДУИ, објаснувајќи им на неколку пријатели и сопартијци за причините зошто се донесе одлука да се сменат сите досегашни министри и заменици-министри.
„Не знам дали беше монтирано или не, но по објавувањето на таа снимка беше неизбежно Џафери да поднесе оставка. Изгледа врската меѓу Али и Муса сè уште е силна, затоа претседателот одлучи да нè направи сите курбан, за вината да не остане само на Муса Џафери“, рекол овој поранешен министер, пренесува „Лајм“. Тој рекол дека со именувањето на новите министри не станува

Сензационализмот поважен од личната болка!

на 12. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Сообраќајка во Скопје: Девојка прегазена од автомобил (Фото)]

  Експлицитните фотографии од повредена девојка во сообраќајна несреќа во текстот што е предмет на оваа рецензија, се косат со професионалните новинарски стандарди за етичко известување. Во конкретниот случај, нарушена е приватноста на личноста што настрадала во сообраќајката. Ваквата постапка се коси со одредбите во Прирачникот за етика во новинарството, каде е наведено дека „кога известуваат за настани кои предизвикале лични трагедии, болка и шок – новинарите, фоторепортерите и снимателите треба да покажат сочувство, дискреција и обѕир.“ Тоа, за жал, во овој случај не е испочитувано. Линк до оригиналниот наслов: Сообраќајка во Скопје: Девојка прегазена од автомобил (Фото) Датум и време на објавување: 08.04.2016, 19:45 Датум на рецензија: 11.04.2016 Рецензент: Силвана

Стар „кромид“ за нови кликнувања

на 11. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: (ФОТО) Норвежанка родила бебе – слон!]

  Станува збор за лажна вест, која текстот што го рецензираме ја пласира како вистинска. Во него не се наведува ниту изворот на оригиналната „кромид-информација“, која е стара повеќе од една година, ниту, пак, се испочитувани  новинарските стандарди за пишување вест. Линк до оригиналниот напис: (ФОТО) Норвежанка родила бебе – слон!  Датум и време на објавување: 08.04.2016 Датум на рецензирање: 10.04.2015 Рецензент: Димитар Тануров  

КРОМИД-НОВИНАРСТВО

„Според извештајот, Норвежанка родила бебе слон. Во него се наведува дека бебето е пола човек, пола слон.“ Во написот објавен во категоријата свет, што само по себе ѝ дава одредена тежина на информацијата, се презентирани штури податоци, кои не се поткрепени со: време, место, извор на информацијата

Непотребен и безобразен сексизам

на 11. 04. 2016 | |
[Рецензија: Стоилов: Игравме како п..ки!] Поместувањето на границите на слободата на изразувањето не нешто што е апсолутно дозволено. Секогаш оди со духот на времето, но, исто така, секогаш погледнува наоколу за да провери дали следниот чекор во освојувањето на слободата нарушува некоја друга слобода и достоинство. Во новинарството зборовите се атоми на комуникацијата. Тие не се секогаш еднозначни,  а историјата, искуството, контекстот, стереотипите, културните разлики, дискриминацијата и нетолеранцијата, направиле некои зборови да се злоупотребуваат и да им се дава значење кое навредува. Таков збор е употребен во насловот и во пренесената изјава во дел од медиумите денеска. Тој збор со право предизвика реакции зашто е навредлив, сексистички и шовинистички кон жените. Дали новинарите и медиумите треба да пренесуваат сè и

За Жерновски 15 пратеници – од ракав!

на 11. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: СДСМ бојкотира – Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници]

  Коментаторски текст, базиран само на претпоставки, без конкретни податоци, без изјави и без соодветна аргументација за изнесените тврдења. Целиот напис е правен во стилот „што би било, кога би било“. Линк до оригиналниот напис: СДСМ бојкотира ¬ Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25 Датум на рецензирање: 09.04.2016 Рецензент: Симона Атанасова  

А ДА СЕ ПРАША ЖЕРНОВСКИ?

Оваа медиумска содржина прогнозира дека градоначалникот на Општина Центар и поранешен претеседател на Либерално-демократската партија ќе добие 15 пратеници на изборите најавени за 5 јуни (2016), без притоа да биде прашан дали, воопшто, тој или неговата партија ќе учествуваат на изборите. „Ако СДСМ остане на

Дезинформација за најобична манипулација

на 11. 04. 2016 | |

[Рецензија: Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павле Трајанов дефинитивно ќе оди на избори]

  Дезинформација од медиумот што го објавил, од медиумот од кој е пренесено, бизарна грешка на новинар кој свртел погрешен број или нешто сосема поинакво?! Дилемата околу тоа дали Демократскиот сојуз и неговиот лидер Павле Трајанов во само неколку часа на 7 април во некои медиуми излезе со две спротивни изјави околу тоа дали ДС ќе оди на предвремените парламентарни избори на 5 јуни или ќе ги бојкотира, уште не е расчистена. Текстот што го рецензираме тврди дека Трајанов изјавил дека дефинитивно оди на избори, притоа повикувајќи се на еден медиум кој се смета за близок до опозицијата. Само 20 минути откако тој текст беше објавен,

Таблоидно четиво со политички шмек

на 11. 04. 2016 | |

[Рецензија: ФАТЕНИ НА ДЕЛО БИЉАНА БРИШКОВСКА И ИВИЦА СТЕФАНОВСКИ]

  Крајно неновинарски пристап – пласирање „жешка“ информација на некредибилен и ептен озборувачки начин. Електронска варијанта на „Радио Милева“.  Линк до оригиналниот напис: ФАТЕНИ НА ДЕЛО БИЉАНА БРИШКОВСКА И ИВИЦА СТЕФАНОВСКИ  Датум и време на објавување: 02.04.2016  Датум на рецензирање: 06.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески    ТЕКСТ А ЛА „РАДИО МИЛЕВА“ Можеби е вистинито, можеби не. Што друго да се каже за жолто, дури и повеќе од таблоидско четиво, ама со политички шмек. Начинот на кој се раскажува за средба меѓу заменик-министерката за правда и судија од Основниот суд Скопје 1 е толку некредибилен и неуверлив што повеќе го доловува ефектот на смешка отколку на информација за верување. Двајцата, според изнесеното, се нашле

Информирањето за избори е сериозен чин

на 8. 04. 2016 | | sq
[Рецензија: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни] Треба да се отворат четири очи кога се известува, особено за битни и деликатни работи на политичката сцена во Македонија, дури и кога станува збор за медиум насочен кон македонската заедница во Австралија. Не е за занемарување фактот дека дијаспората има право на глас и вестите за изборите се многу битни за нив и за нивно информирање.   Линк до оригиналниот напис: СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема да има избори на 5ти Јуни Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25 Датум на рецензирање: 08.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

ПОГРЕШНА ИНФОРМАЦИЈА

Веднаш мора да се каже дека насловот е невистинит: „СДСМ прославува низ улиците бидеќи нема

Жива брука од текст!

на 8. 04. 2016 | | sq
 

[Рецензија: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите]

  Овој текст е класичен пример за ширење дискриминација и за прекршување на основното правило во новинарската игра – пренеси ја втората страна. Линк на оригиналниот напис: Геј правникот е жива брука – Николовски од СДСМ е тотален непознавач на законите и прописите Датум и време на објавување: 05.04.2016 Датум на рецензирање: 08.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

ДИСКРИМИНАЦИЈА БЕЗ ГРАНИЦИ

Написот во насловот содржи диксриминаторски коментар нагласувајќи дека министерот Николовски е „геј-правник“. Сексуалната ориентација на министерот, без оглед на тоа каква е таа, во случајов нема никаква врска ниту, пак, треба да се истакне. Со самото тоа што се нагласува дека тој