verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Дезинформација за најобична манипулација

on 11 - 04 - 2016       

Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павл_ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_z

[Рецензија: Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павле Трајанов дефинитивно ќе оди на избори]

 

Дезинформација од медиумот што го објавил, од медиумот од кој е пренесено, бизарна грешка на новинар кој свртел погрешен број или нешто сосема поинакво?! Дилемата околу тоа дали Демократскиот сојуз и неговиот лидер Павле Трајанов во само неколку часа на 7 април во некои медиуми излезе со две спротивни изјави околу тоа дали ДС ќе оди на предвремените парламентарни избори на 5 јуни или ќе ги бојкотира, уште не е расчистена.

Текстот што го рецензираме тврди дека Трајанов изјавил дека дефинитивно оди на избори, притоа повикувајќи се на еден медиум кој се смета за близок до опозицијата. Само 20 минути откако тој текст беше објавен, во друг, исто така, медиум кој се смета за близок до опозицијата, излезе напис на истава тема, но со наслов: Павле Трајанов:„ Демократскиот сојуз се придружува на бојкотот, нема да одиме на избори“. Околу половина час подоцна порталот кој ја објави оригиналната вест, излегува со демант во кој наведува дека дезинформацијата настанала откако нивната новинарка свртела сличен број на тој на Павле Трајанов, а оттаму  ѝ  се јавил човек кој ѝ   дал изјава во својство на лидерот на ДС (!) во која наводно „ѝ даде изјава дека Демократскиот сојуз ќе оди на изборите, а на прашањето дали е можно уште едно одлагање на изборите, додаде дека нема да прејудицира, иако е нејасно дали до тогаш ќе се прочисти Избирачкиот список“.

Рецензија: Холивудско сценарио или обична манипулација?Линк до оригиналниот напис: Заев изолиран во бојкотот- ДС на Павле Трајанов дефинитивно ќе оди на избори

Датум и време на објавување: 7.04.2016, 12:07

Датум на рецензирање: 9.04.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

ИГНОРИРАН ДЕМАНТ

Од аспект на вистинитост, овој напис се темели на неточно тврдење дека лидерот на Демократски сојуз, Павле Трајанов, најавил учество на неговата партија на претстојните избори, а вината би требало да оди на сметка на медиумот од каде оваа информација е преземена. Сепак, тоа не е единствениот проблем на написот во поглед на вистинитоста – тврдењето од насловот: „Заев изолиран во бојкотот“, е чиста невистина бидејќи во време на објавувањето веќе беше познато дека и други помали опозициски партии ќе ги бојкотираат изборите, а подоцна во текот на денот таа бројка само се зголемуваше. Сепак, ажурирање на оваа информација, медиумот не објави.

Што се однесува до користените извори на информации, повикувањето на пишување на друг медиум е нормална практика, иако не е понуден и линк до пренесената информација. Сепак, како превид треба да се оцени тоа што објавениот демант не бил подоцна вграден во текстот, па тој остана како дезинформација.

Овој напис е составен од два дела, кои не функционираат во една целина. Првиот, веќе елабориравме, е дезинформација со изјавата на Трајанов, додека вториот, всушност, е дел од колумна на Стевчо Јакимовски, претседателот на партијата ГРОМ, кој зборува за локалните избори во 2013 година, иако тоа нема никаква врска со насловот.

Целиот напис е така срочен што е јасно дека е насочен кон девалвирање на позициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претставувајќи го како осамен, изолиран во одлуката за бојкот (во првиот дел од текстот) и како манипулатор (во вториот дел). За првото, како доказ е понудена (лажната, се покажа) изјава на Павле Трајанов, додека за втората – тврдењата на Јакимовски.

Постапката за пренесување непроверена информација и потоа необјавување на демантот спаѓа во доменот на сериозни професионални пропусти.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести