verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За Жерновски 15 пратеници – од ракав!

on 11 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

zernovski

[Рецензија: СДСМ бојкотира – Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници]

 

Коментаторски текст, базиран само на претпоставки, без конкретни податоци, без изјави и без соодветна аргументација за изнесените тврдења. Целиот напис е правен во стилот „што би било, кога би било“.

СДСМ бојкотира Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници ВечерЛинк до оригиналниот напис: СДСМ бојкотира ¬ Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници

Датум и време на објавување: 07.04.2016, 00:25

Датум на рецензирање: 09.04.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

А ДА СЕ ПРАША ЖЕРНОВСКИ?

Оваа медиумска содржина прогнозира дека градоначалникот на Општина Центар и поранешен претеседател на Либерално-демократската партија ќе добие 15 пратеници на изборите најавени за 5 јуни (2016), без притоа да биде прашан дали, воопшто, тој или неговата партија ќе учествуваат на изборите.

„Ако СДСМ остане на ставот за бојкот на изборите, тогаш нема пречки ЛДП на екс претседателот Андреј Жерновски да добие најмалку 15 пратеници во идното Собрание на Република Македонија.“

Во текстот од нигде-никаде се претпоставува дека ЛДП ќе учествува на изборите, иако нејзиниот лидер, Горан Милевски, стоеше веднаш зад лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кога тој соопшти дека опозицијата ќе ги  бојкотира изборите.

И не само што се претпоставува дека ќе учествува, туку дека ќе биде водена од поранешниот претседател на ЛДП, Андреј Жерновски?! А, објаснување за ваков развој на настаните кај либералдемократите и за „смена“ на коримилото на ЛДП – нема.

 

 АНКЕТИ И ВИРТУЕЛНИ АНАЛИТИЧАРИ

Згора на сè, написот „предвидува“ дека Жерновски и ЛДП ќе освојат 15 пратеници. Бројка, извадена од ракав, односно од некоја „анкета“.

„Анкетите се прецизни. Ако ги изземеме Георгиевски, Црвенковски, Иванов, лузерот Шеќеринска и Петковски како пензионер, тогаш е јасно кој може да биде лидер на македонската опозиција, коментираат аналитичарите врз основа на последните резултати од меѓународните Институти за рејзитнзи.“

Текстот се повикува на резултати од анкети, но не посочува за кои истражувања на јавното мислење станува збор. Не е  наведено кој и кога ги правел анкетите ниту, пак, се кажува какви се конкретно резултатите.

Подолу во написот има скриншот од некоја објава каде се напишани рејтинзите на повеќе политичари и најдолу се спомнува името на една агенција за истражување на јавното мислење. Но, тоа како податок не се соопштува во содржинскиот дел на текстот. Дополнително, од самиот  принтскрин не може да се разбере во кој период била спроведена анкетата, на колкав репрезентативен примерок и за која цел.

Овој едностран и манипулативен напис се повикува и на неименувани „аналитичари“, според кои, Жерновски би можел да освои 15 пратеници. Меѓутоа, не открива кои личности имаат вакви прогнози, а без каква било атрибуција и изјава, ова би можело да биде и измислица. Инаку, единственото објаснување на „аналитичарите“ за тоа како би можел Жерновски да освои 15 пратеници, е со изземање на сите други конкуретни, за кои се дадени сочни епитети (Шеќеринска – лузер, Петковски – пензионер).

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести