verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Непотребен и безобразен сексизам

on 11 - 04 - 2016       

ekipa

[Рецензија: Стоилов: Игравме како п..ки!]

Поместувањето на границите на слободата на изразувањето не нешто што е апсолутно дозволено. Секогаш оди со духот на времето, но, исто така, секогаш погледнува наоколу за да провери дали следниот чекор во освојувањето на слободата нарушува некоја друга слобода и достоинство.

Во новинарството зборовите се атоми на комуникацијата. Тие не се секогаш еднозначни,  а историјата, искуството, контекстот, стереотипите, културните разлики, дискриминацијата и нетолеранцијата, направиле некои зборови да се злоупотребуваат и да им се дава значење кое навредува.

Таков збор е употребен во насловот и во пренесената изјава во дел од медиумите денеска. Тој збор со право предизвика реакции зашто е навредлив, сексистички и шовинистички кон жените.

Дали новинарите и медиумите треба да пренесуваат сè и сешто? Да, кога е нешто од посебен јавен интерес. Селективно, доколку тој збор недвосмислено и суштински објаснува некој феномен и доколку е целосно неопходен за да ја отслика вистинската слика.

Дали е така во случајот кога еден од зборовите за именување на женскиот полов орган е употребен за да ги објасни причините за резултатот од спортски натпревар? Не!

Како прво, зашто се работи за емотивна, нервозна реакција и за лична оценка на еден ракометар, дадена веднаш по поразот.

Како второ, одговорениот и професионален новинарски пристап подразбира да се препознае таквата состојба и недоличната, некоректна изјава да се пренесе на начин што ќе биде најблиску до описот на афектираниот спортист. Тоа е една од задачите на одговорното новинарство. А, ако тоа не се знае, тогаш треба да се научи, па дури потоа да се впушта во известување од настани кои секогаш можат да генерираат проблематични изјави.

04112016-Ekipa-PickiЛинк до оригиналниот напис: Стоилов: Игравме ко п..ки!

Датум и време на објавување: 09.04.2016, 19:35

Датум на рецензирање: 11.04.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

НАВРЕДЕНА ПОЛОВИНА ОД НАЦИЈАТА

Една многу духовита баба во Струмица, честопати за некоја глупост ќе кажеше „Еее, тај чувек, мисле со главата во гаштите“.

Ова со струмичката баба е само колку да спротиставиме дека постојат и опозитни родови описи за некои постапки. Сепак, доминираат „машките“ зашто, нели, живееме во машки свет. Сè уште. За жал.

Но, тоа не ги оправдува новинарите. Ако ги прочитале препораките од Кодексот на новинарите, требало да го запаметат членот 10:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…).

И не само членот 10. И членот 11 препорачува почитување на различностите:

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија.

Дури 3 (три) членови од Кодексот се прекршени, зашто и членот 15 е недвосмислен:

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

Во случајот на овој текст,  не само што не се прдржува до културата на комуникацијата, туку и навредена е половина од нацијата. Се прашувате зошто? Замислете новинарите да почнат да ги опишуваат постапките на мажите со квалификациите на машкиот полов орган! Ајде, замислете слободно. Излистајте ги тие метафори како „к…глав“, „шкопени“, „памуклија“, „со м… како зрно ориз“. Нели тоа ќе ги направи мажите ранливи, експлоатирани, понижени, навредени, дискриминарини?!

И на крајот, само да се потсетиме: Македонската женска ракометна репрезентација досега го има освоено седмото место на светските првенства, а мажите – единаесеттото.

Ракометарките на „Кометал Ѓорче Петров“ во 2002 година, и тоа со цепелин во последните секунди од мечот, ја освоија европската шампионска титула. Ниту една машка екипа досега не го постигнала тоа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација, дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести