verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Таблоидно четиво со политички шмек

on 11 - 04 - 2016       

Untitled

[Рецензија: ФАТЕНИ НА ДЕЛО БИЉАНА БРИШКОВСКА И ИВИЦА СТЕФАНОВСКИ]

 

Крајно неновинарски пристап – пласирање „жешка“ информација на некредибилен и ептен озборувачки начин. Електронска варијанта на „Радио Милева“.

 1111Линк до оригиналниот напис: ФАТЕНИ НА ДЕЛО БИЉАНА БРИШКОВСКА И ИВИЦА СТЕФАНОВСКИ

 Датум и време на објавување: 02.04.2016

 Датум на рецензирање: 06.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 ТЕКСТ А ЛА „РАДИО МИЛЕВА“

Можеби е вистинито, можеби не. Што друго да се каже за жолто, дури и повеќе од таблоидско четиво, ама со политички шмек. Начинот на кој се раскажува за средба меѓу заменик-министерката за правда и судија од Основниот суд Скопје 1 е толку некредибилен и неуверлив што повеќе го доловува ефектот на смешка отколку на информација за верување. Двајцата, според изнесеното, се нашле во гаражата кај штабот на владејачката партија и притоа се пренесува дел од нивниот дијалог од збор до збор. Прашањето е: Како се дошло до таквата содржина затоа што за такво нешто или тој што стои зад написот требало да биде таму, за непосредно да го слушне разговорот или, пак, тоа му го кажале сведоци што присуствувале на таа средба? Првата опција е речиси неверојатна, а ако е втората варијанта во прашање, тогаш тоа не е наведено во вообичаената форма со т.н. огради како „наши извори“, „наши соговорници кои се нашле таму“ итн… Значи веродостојноста на материјалот е сериозно еродирана поради неможноста да се покаже и да се докаже дека тоа што е напишано навистина и се случило.

Друг, исто така, сериозен „дефект“ се и присутните коментари, од типот:

„Ивица Стефановски е вториот судија во процесот Пуч против Зоран Заев, Зоран Верушевски и другите лица. Како мисли овој човек „судија“ кој е на возраст помалку од 40 години да го продолжи животот со чист образ и крената глава кога и самиот знае какви се доказите обезбедени од СЈО но и доказите кои се обезбедени од претресот во становите на Горан Груевски?“

 

„Зарем мисли дека за тоа што го прави нема да орговара? Правдата и одговорноста ќе стигне за секого вклучително и за судиите под контрола на Сашо Мијалков и Билјана Бришковска.“

Не помалку проблематични се и повиците на некаков си, еве да го наречеме, граѓански активизам чие место сигурно не е во четиво кое, пред сè, сака да биде информативно.

„Ги охрабруваме сите граѓани кои можат да допринесат со информации за спрегата на одредени судии со високи преставници на власта посебно со Мијалков и Бришковска да продолжат да ги споделуваат со јавноста. Тоа е еден од начините за враќање на правдата во Македонија.“

Добрата новинарска практика подразбира дека:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот член 13 од Кодексот на новинарите.

 

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти член 15 од Кодексот на новинарите.

Очигледно е дека написот не успеал да обезбеди исполнување на прифатените професионални стандарди и затоа финалниот производ е материјал што, сакал или не сакал да признае, „дише“ со обоеност – партиска.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести