verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Анонимноста може да се сочува кога има автентичност!

on 12 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #114 - 'E pranon ish ministri_ Shkuam “kurban” për Musa Xhaferin I Iliria News Agency' - ina-online_net_e-pranon-ish-ministri-

Напис – Ексминистерот признава: Отидовме „курбан“ поради Муса Џафери

„Два дена го молевме Муса да даде оставка, но не прифати. На крај партијата и претседателот одлучија да се жртвуваме сите“. Вака рекол еден досегашен министер на ДУИ, објаснувајќи им на неколку пријатели и сопартијци за причините зошто се донесе одлука да се сменат сите досегашни министри и заменици-министри.
„Не знам дали беше монтирано или не, но по објавувањето на таа снимка беше неизбежно Џафери да поднесе оставка. Изгледа врската меѓу Али и Муса сè уште е силна, затоа претседателот одлучи да нè направи сите курбан, за вината да не остане само на Муса Џафери“, рекол овој поранешен министер, пренесува „Лајм“. Тој рекол дека со именувањето на новите министри не станува збор за никакви внатрепартиски реформи, туку целта била дефокусирање на јавноста. Поради овие промени што се случија преку ноќ, во ДУИ се појавија многу поделби.

[Рецензија:Ексминистерот признава: Отидовме „курбан“ поради Муса Џафери]

Новинарот има право да се повика на анонимни извори. На некој начин, изворите од таа категорија се поттик за понатамошно истражување и за отворање важни дебати за кои недостигаат или се кријат официјалните информации. Меѓутоа, околностите се менуваат кога анонимното сведочење за медиумот се дава не од самиот извор, туку од некој близок до изворот. Ова дава индиции дека не станува збор за извор од прва рака и од ова може да се будат сомнежи дека сведочењето може да биде измислено.

„Два дена го молевме Муса да даде оставка, но не прифати. На крај партијата и претседателот одлучија да се жртвуваме сите“. Вака рекол еден досегашен министер на ДУИ, објаснувајќи им на неколку пријатели и сопартијци за причините зошто се донесе одлука да се сменат сите досегашни министри и заменици-министри.

Изворот останува анонимен, доколу самиот тој побара од новинарот да има таков статус, меѓутоа неговата автентичност и уверливост за тоа што го кажува секогаш е потребна за новинарот за да се докаже неговата професионалност и убедливост пред јавноста. За ова е соoдветно поврзувањето со околностите.

Во Прирачникот за етика во новинарството во, член 4, параграф 5, пишува:

Исклучок од правилото за почитување на анонимноста на изворот се случаите кога новинарот доаѓа до информација за планирано кривично дело, кога е обврзан да ги информира надлежните.

E pranon ish ministri sscreesnhotЛинк до оригиналниот напис: „Екс министерот признава: Отидовме „курбан“ поради Муса Џафери”

Датум и време на објавување: 07.04.2016

Датум на рецензирање: 08.04.2016

Рецензент: Адриан Керими

Анонимноста подразбира заштита за изворот, но многу е важно за редакцијата изворот да биде познат. Меѓутоа, во овој случај, во содржината не е почитувано основното правило на новинарството, што кажува дека треба да се знае потеклото на изворот. Првин, тргнувајќи од фактот дека текстот е напишан повикувајќи се на изворите на друг медиум, во овој случај, наводно, на весникот „Лајм“. Доколку, на пример, авторот на содржината во „Лајм“ направил таква грешка, која е потребата за повторување на грешката од конкретниот автор и од редакција на порталот.

„Не знам дали беше монтирано или не, но по објавувањето на таа снимка беше неизбежно Џафери да поднесе оставка. Изгледа врската меѓу Али и Муса сè уште е силна, затоа претседателот одлучи да нè направи сите курбан, за вината да не остане само на Муса Џафери“, рекол овој поранешен министер, пренесува „Лајм“.“

Во Прирачникот за етика во новинарството во, член 4, параграф 5, пишува: Важно е новинарот, па и медиумот, за да ја одбранат нивната кредибилност, да го направат невозможното за да ја докажат информацијата и од други независни извори и да го употребат анонимниот извор само тогаш кога нема друг начин за да се дојде до информацијата од јавен интерес“.

Во член 4, параграф 3, пак, пишува: „Новинарот секогаш треба да биде критички кон изворот на информацијата и да ги докаже земените информации. Особено внимание треба да се даде кога се употребуваат анонимни извори или кога на новинарот му се нудат ексклузивни информации. Треба строго да се докажат мотивите на понудената информација.“

„Тој рекол дека со именувањето на новите министри не станува збор за никакви внатрепартиски реформи, туку целта била дефокусирање на јавноста. Поради овие промени што се случија преку ноќ, во ДУИ се појавија многу поделби.“

Вклучените страни во текстот секогаш го имаат правото за да се изјаснат, уште повеќе кога се зборува за конфликт во одредена група од интерес. Доколку за поделбите во ДУИ новинарот има факти и релевантни аргументи, тој треба тие да ги објави, а не да ги архивира, одземајќи ѝ го правото на јавноста да биде информирана.

Природата на анонимниот извор, без да се прават обиди за да се докаже автентичноста на неговите изјави преку информации или индиректни сведочења, не убедува дека имаме работа со нешто сериозно. Поради ова, новинарите се обврзани написите направени врз основа на анонимни извори да се потрудат да ги доближат со реалноста, колку што може повеќе.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Можеби

Не може да се исклучи можноста

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести