Рецензии

Бајата вест со нов датум

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: (ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо]

  Текстот, според начинот на пишување, повеќе потсетува на вест од категоријата занимливост, отколку на напис во рубриката за вести од светот. Во него не се запазени новинарските стандарди, според кои, настанот, освен што треба да се одреди според местото на одигрување, треба да се одреди и со времето на неговото случување.
Линк до оригиналниот напис: (ВИДЕО) Жена починала по пораѓањето – Лекарите и го приближиле синчето и се случило чудо Датум и време на објавување: 16.04. 2016 Датум на рецензирање: 18.04. 2016 Рецензент: Димитар Тануров  

БОМБАСТИЧЕН НАСЛОВ НА СТАРА ИНФОРМАЦИЈА

„Дека љубовта меѓу мајката и нејзиното дете е неверојатно силна докажува и

Говорот на омраза е спротивен со новинарството

на 19. 04. 2016 | | sq

Напис: Албанците ги критикуваат албанските политичари: „Живеете како Албанци, а умирате за каурите“

Ако Иса Болетини беше жив, немаше да им дозволи на политичарите да се однесуваат на овој потчинувачки начин кон Македонците, бидејќи ќе земеше два пиштоли со себе, ќе влезеше во државните институции и ќе речеше „Не се потчинувајте“, вака напишал еден коментатор на ФБ-страницата на агенцијата за вести „Журнал“. Изгледа човекот со оваа реакција бил револтиран од општата политичка состојба во државата што ги дискриминира Албанците во секој поглед. Дали е ова порака дека сите политичари не ја имаат веќе довербата на народот, и не само постарите партии, како што е ДПА и ДУИ, туку дека се разочарани и од новите партии кои се појавија на политичката

Нема равенство меѓу урбаниот вандализам и пустошот на ИД

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО)]

  Бесрамен спин. Медиумска пропаганда и обид за изедначување на случаи на урбан вандализам во Скопје, со неповратно уништување на бесценети историски артефакти во Сирија. Линк до оригиналниот напис: ИСИС уништуваше спомен обележја во Палмира, Зоран Заев во Скопје (ФОТО) Датум и време на објавување: 17.04.2016,  14:02 Датум на рецензирање: 18.04.2016 Рецензент: Владимир Мирчески  

СПИН И ПРОПАГАНДА

Медиумската спин-машина „уфрли“ во повисока брзина – протестите во Скопје против чинот на групно помилување, како и случаите на нагрдување на дел од објектите од „Скопје 2014“, почна да ги споредува со цивилизациското безумие на Исламската држава, која зад себе остава пустош, уништувајќи историско наследство што му припаѓа на човештвото. Ова

Скеле од спинови

на 19. 04. 2016 | |

[Рецензија: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни]

  Улогата на странскиот фактор во извлекувањето на земјата од големата политичка криза била проблематизирана и порано, ама е особено засилена откако шефот на државата отворено ги  прозва дел од дипломатите. Беше за очекување дека таквиот настап на претседателот на државата, небазиран на ништо, ќе отвори нов „бараж“ кон западните земји и кон нивните претставници. Еве уште еден таков пример, каде се редат спинови, еден на друг… Линк до оригиналниот напис: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни Датум и време на објавување: 15.04.2016 10:03 Датум на рецензирање: 18.04.2016 Рецензент: Љубомир Костовски  

ПИРАМИДА ОД НЕПОТВРДЕНИ ТЕЗИ

„Се обидел ли американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли во текот н завчерашниот

Спојување на неспојливото

на 19. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: ФОТО: Овие херои загинаа бранејќи ја Македонија, хулиганите на СДСМ посакуваат да има уште жртви]

  Текстот, врамен со тенденциозен наслов, во ист контекст става два настана што реално немаат никаква поврзаност.  Тој става знак на равенство меѓу случаите Диво Насеље во Куманово – кога осуммина припадници на безбедносните сили загинаа во полициската акција за уништување на терористичката група  (9 и 10 мај 2015 година) и граѓанскиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов (13 април 2016). Овој шпекулативен напис  манипулира со јавноста и со леснотија ги обвинува граѓаните кои протестираат дека се „хулигани“, „поттикнати од СДСМ и СОРОС“,  кои, наводно, им посакуваат на полицајцијте да се „повтори Куманово“.  Линк до оригиналниот наслов: ФОТО: Овие херои загинаа бранејќи

Хартијата трпи сè, па и вакви „проблесоци“!

на 18. 04. 2016 | |

[Рецензија: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има]

  Написот што е предмет на оваа рецензија е предлог на наш читател, кој се прашува самиот себе дали ова е новинарски текст?! Во овој материјал имаме класична злоупотреба на терминот „анонимни извори“. Текстот е политички мотивиран, информациите се непроверени, а неговата веродостојност е крајно дискутабилна. Линкуван наслов на анализираниот напис: Груевски моли на колена, Могерини и Бејли децидни дека избори не може да има Датум и време на објавување: 10.04.2016 Датум на рецензирање: 18.04.2016 Рецензент: Ана Анастасовска  

НАВРЕДЛИВИ КОМЕНТАРИ

Уште на самиот почеток од написот, без никаква основа и поткрепа, имаме навредливи коментари упатени лично на сметка на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Текст со исфилувани и непроверени шпекулации

на 18. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: Иванов ноќва сепак ги примил амбасадорите Белји и Алтхаузер]

  Текстот е шпекулативен, се затскрива зад фразата „дознаваме од дипломатски извори“. Во ниту еден дел од написот не се посочува друг извор кој би ги потврдил изнесените наводи, а ниту, пак, подоцна е објавен демантот (од германската амбасада) дека таква средба воопшто не се одржала. Линк до оригиналниот напис: Иванов ноќва сепак ги примил амбасадорите Белји и Алтхаузер Датум и време на објавување:  13.04.16,   01:09 Датум на рецензирање: 16.04.16 Рецензент: Димитар Тануров  

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

„Вчерва еден час пред полноќ претседателот Ѓорге Иванов сепак во резиденцијата на Водно ги примил амбасадорот на САД, Џес Бејли и на Германија, Кристине Алтхаузер, дознава Либертас од дипломатски извори. Средбата е на инсистирање на

А каде е скандалот?

на 18. 04. 2016 | |
 

[Рецензија: СКАНДАЛ: Со пари на граѓаните СДСМ купува поддршка од соросовите невладини организации]

  Пред нас имаме текст кој нецелосно и пристрасно ги информира своите читатели за активностите на локалната самоуправа, конкретно во скопската Општина Центар. Тема на написот се средствата што Oпштината ги има алоцирано за активностите на неколку невладини организации, за кои написот тврди дека „или немаат активности или активностите им се насочени во промоција на политиките на СДСМ“. Написот, меѓутоа, не нуди аргументи за ваквото тврдење туку овој заклучок го извлекува врз основa на разгледувањето на фејсбук-профилите на две од четирите невладини организации за кои станува збор и содржината која таму е објавена. Проблематизирајќи ја одлуката на локалната самоуправа, за која станува збор, наместо да

Потпалувачка фотографија

на 18. 04. 2016 | | sq

[Рецензија: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ]

  Материјалот е проблематичен од неколку аспекти, меѓу кои, пред сè, се истакнува употребената фотографија. Потпалувачка „фотка“, за веќе и онака експлозивната ситуација.  Линк до оригиналниот напис: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ  Датум и време на објавување: 12.04.2016 20:32  Датум на рецензирање: 15.04.2016  Рецензент: Владимир Мирчески  

КОЈ ПОСАКУВА НАСИЛСТВО?

 Намерен, а недозволен потег! Кажано со фудбалски жаргон, заслужува црвен картон. Се објавува информација дека се подготвуваат протести пред седиштето на опозицијата и се илустрира со фотографија, на која се прикажани  припадници на МВР како разбиваат насилни нереди со запалени контејнери покрај нив. Случајно? Не, воопшто не е за верување! Можам да се обложам дека намерно

Прикривањето информации е свесна манипулација со јавноста

на 14. 04. 2016 | | sq

Напис: Специјалното Обвинителство најавува нови истраги, ВМРО ДПМНЕ го менува законот за кривична постапка

По најавите на Специјалното обвинителство за засилени истраги и за нови отворени случаи, ВМРО-ДПМНЕ сака по забрзана постапка да го измени Законот за кривична постапка, со кој на обвинетите им се дава поголем рок за одбрана, како и можност за спогодба со обвинителите. Предлогот за измена на овој закон е прифатен во Собрание, а го предлага пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Јакимовска. „За време на информирањето, врз основа на член 2, одбраната има право во рок од 90 дена да ја подготви одбраната, во согласност со член 305 и со член 311 од овој закон“, се вели во објаснувањето на предлозите за измена на овој закон. Со