verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Потпалувачка фотографија

on 18 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 155 - За вечерва најавени масовни протести _ - http___kurir.mk_makedonija_vesti_z

[Рецензија: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ]

 

Материјалот е проблематичен од неколку аспекти, меѓу кои, пред сè, се истакнува употребената фотографија. Потпалувачка „фотка“, за веќе и онака експлозивната ситуација.

 1111Линк до оригиналниот напис: За вечерва најавени масовни протести пред седиштето на СДСМ

 Датум и време на објавување: 12.04.2016 20:32

 Датум на рецензирање: 15.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

КОЈ ПОСАКУВА НАСИЛСТВО?

 Намерен, а недозволен потег! Кажано со фудбалски жаргон, заслужува црвен картон. Се објавува информација дека се подготвуваат протести пред седиштето на опозицијата и се илустрира со фотографија, на која се прикажани  припадници на МВР како разбиваат насилни нереди со запалени контејнери покрај нив. Случајно? Не, воопшто не е за верување! Можам да се обложам дека намерно е направен таков избор на фотографијата.

Која била целта да се пласира вест дека ќе има собир пред штабот на СДСМ и притоа да се искористи слика што не само што воопшто не соодветствува, туку може и да поттикне немири? Одговорот е или се посакува насилство или се имплицира дека треба да се случи насилство.

Зошто, на пример,  не е употребена фотографија од објектот на опозицијата? Тоа би била една коректна постапка, ама очигледно дека материјалот имал поинакви цели од едно обично информирање. Членот 10 од Кодексот на новинарите, меѓу другото, опфаќа и вакви ситуации кога вели:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство…

 

НИТУ „С“ ОД СПОНТАНОСТ

Другите „проблематични точки“ што ги детектираме се недоследноста во формулациите. На едно место се вели: „…помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски“, а подолу пишува: „Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување“. Како тоа се квалификуваат дека се криминалци, а сè уште не се осудени? Ова, сигурно не е презумција на невиност, туку претпоставка на вина.

Не треба да се изуми ниту „наивноста“ што ни се нуди, демек собирите што се најавуваат, а всушност се афирмираат преку овој текст, се спонтани. Настаните од наредните денови покажаа дека тој протест всушност само бил вовед во официјализирањето на организатозорот на контрасобирите. Значи, нема ниту „с“ од спонатност.

Потпалувачко четиво кое не само што не дава целосна слика за случувањата од конкретната ноќ, туку и отворено зазема страна преку пласирањето исклучително опасна фотографија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

опасна, поттикнувачка фотографија ачка

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

индиректно, да

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести