verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст со исфилувани и непроверени шпекулации

on 18 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ivanov

[Рецензија: Иванов ноќва сепак ги примил амбасадорите Белји и Алтхаузер]

 

Текстот е шпекулативен, се затскрива зад фразата „дознаваме од дипломатски извори“. Во ниту еден дел од написот не се посочува друг извор кој би ги потврдил изнесените наводи, а ниту, пак, подоцна е објавен демантот (од германската амбасада) дека таква средба воопшто не се одржала.

Иванов ноќва сепак ги примил амбасадорите Белји и Алтхаузер ЛибертасЛинк до оригиналниот напис: Иванов ноќва сепак ги примил амбасадорите Белји и Алтхаузер

Датум и време на објавување:  13.04.16,   01:09

Датум на рецензирање: 16.04.16

Рецензент: Димитар Тануров

 

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА

„Вчерва еден час пред полноќ претседателот Ѓорге Иванов сепак во резиденцијата на Водно ги примил амбасадорот на САД, Џес Бејли и на Германија, Кристине Алтхаузер, дознава Либертас од дипломатски извори. Средбата е на инсистирање на амбасадорите шокирани од одлуката Иванов да направи општа амнестија.“

Текстот се темели на шпекулативни непотврдени информации, кои се „обландирани“, како наводно да се добиени по дипломатски канали. Во написот се наведува познатата информација дека амбасадорите барале средба со претседателот Иванов и тука нема ништо спорно, имајќи предвид дека амбасадорите јавно по неговата одлука побараа објаснување и средба.

Сепак, и покрај барањата за средба, Иванов дури по два дена од објавувањето на одлуката ги прими амбасадорите, а не како што се наведува во оваа објава. Првата средба со амбасадорите се одржа на 14 април, а на неа присуствуваа амбасадорот на САД, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав. Детали од средбата не се открија. Германската амбасадорка Кристине Алтхаузер воопшто немала средба со претседателот Иванов, а од германската амбасада нè информираа дека испратиле и демант, но оти не им бил објавен.

Во написот, исто така, се пренесуваат детали од наводната средба и со користење на епитетите „студена“, „полемична“, „кавгаџиски“ се создава чувство на реалност.

Другиот дел од текстот, во кој се откриваат фрагменти од разговорите, всушност, преставуваат делови од претходно дадените изјави на дипломатите и на меѓународната заедница за одлуката на Иванов.

Текстот се коси со Кодексот на новинари, во кој се наведува дека обврска на новинарите е да ја почитуваат вистината, а при пренесувањето на информациите да бидат чесни, објективни и точни.

Членот 1 од Кодексот вели дека секоја информација треба да се провери колку што е можно повеќе, а доколку не може тогаш да се наведе дека станува збор за шпекулација.

Во Член 3 од Кодексот, пак, е наведено дека новинарот треба да се објави демант во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

прикажува невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести