verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Скеле од спинови

on 19 - 04 - 2016       

dnevnik

[Рецензија: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни]

 

Улогата на странскиот фактор во извлекувањето на земјата од големата политичка криза била проблематизирана и порано, ама е особено засилена откако шефот на државата отворено ги  прозва дел од дипломатите. Беше за очекување дека таквиот настап на претседателот на државата, небазиран на ништо, ќе отвори нов „бараж“ кон западните земји и кон нивните претставници. Еве уште еден таков пример, каде се редат спинови, еден на друг…

dnevnikЛинк до оригиналниот напис: Офанзива за одложување на изборите на 5 јуни

Датум и време на објавување: 15.04.2016 10:03

Датум на рецензирање: 18.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПИРАМИДА ОД НЕПОТВРДЕНИ ТЕЗИ

„Се обидел ли американскиот амбасадор во земјава Џес Бејли во текот н завчерашниот ден да изврши директно влијание за да се одложат изборите и да лобира во корист на специјалното јавно обвинителство и СДСМ? Ова прашање се отвора откако во текот на вчерашниот ден од извори на Дневник ни стигна информација дека тој имал средба со собранискиот спикер Трајко Вељановски, на која побарал да се разгледаат законските можности да се заобиколи одлуката за распуштање на парламентот, односно да се одложат изборите.“

Овој извадок е карактеристичен – многу „наши извори“, ама ниту еден именуван или цврст. Но, затоа на една непотврдена теза се надоврзува друга и се гради вистинска пирамида од непроверени информации! На ова прашање, поставено во извадокот, нема одговор ниту од Амбасадата на САД, ниту од спикерот, ама треба да го прифатиме како вистинито.

И кога тој извор не се потврдува, следува следна теза, како што се вели, „од истиот тој извор“. Непостоењето на сигурни сознанија се сокрива зад новата „сензација“, исто така непроверена. А таа гласи дека Јанева од СЈО поминала три часа во американската амбасада на денот на средбата со новинарите (се работи за 12 април 2016 г. – н.з.). Од амбасадата не одговориле, ама од СЈО негирале: Јанева целиот работен ден го минала на работно место.

 

СПИН ДО СПИН

Дали конечно падна „скелето“? Не! Текстот продолжува да ја турка сензацијата со теза дека веројатно не бил Бејли на средба со Јанева, ама бил некој службеник од амбасадата, кој ја искористил последната прес-конференција за да контактира со Јанева, небаре таа е во домашен притвор!

И веднаш по ова имаме нова конструкција, без потврда од ниту еден, каков било извор, дека паднал рејтингот на САД меѓу Македонците. Каде авторот го одмерил расположението ако никој јавно не излегол со конкретна статистика, мерење на јавно мислење и слично? Постојат, нели, начини како таквото интересно сознание, се разбира доколку постои како факт, да се пласира и да предизвика силна љубопитност!

И да не должиме – скелето оди нагоре кон небото по истиот урнек: непроверена, а „силна вест“, насочена кон странскиот фактор, како онаа дека, наводно, службеници на Амбасадата и на УСАИД се шетаат низ ходниците на судовите и ги малтретираат судиите. Со колку ли спинови во само еден текст се напаѓа една амбасада, а за тоа да се нема ниту една потврда?!

Ова е само уште една коцкичка во мозаикот на нашето спинерско новинарство.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести